Влијанието на односот татко-ќерка во бирањето на партнер

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Колку влијае таткото како фигура, било да е присутна или не во животот на една девојка, во бирањето, односите и врската со еден партнер?
Дали оние на кои им фалело присуство на татко во животот т.е биле оставени имаат проблем да опстанат во врска затоа што се плашат дека истото ќе им се случи и со партнерот, па најчесто стравуваат и веруваат дека не се доволно сакани и кога тогаш ќе бидат оставени и несвесно се оддалечуваат или го оддалечуваат партерот од себа или имаат коплицирани врски, или од друга страна па девојка која била израсната во нормално и среќно семејство, ја комплицира врската затоа што нејзиниот репер за љубов е љубовта и вниманието што го добивала од својот татко, па така нејзината врска ја прави коплицирана зошто се осеќа дека никогаш нема да биде сакана колку што заслужува или барем не доволно?
Колкава улога има она што низ годините поминала или не една жена со нејзиниот татко во љубовниот живот и проблемите во врската?

Обично, сите некогаш сме немале среќа, сме биле оставени или сме оставале, но кога веќе тоа прераснува во нешто поголемо од обични љубовни проблеми и кога после неколку десетици сменети партнери се случува истото, и кога сме свесни дека причината е нешто подлабоко, можно ли тоа да е односот со таткото?

Ова го имам слушнато многу пати, имам читано на оваа тема, па има и случки каде муабетов држи вода. Вие што мислите?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Ако неколку се сфати како четири-пет тогаш неколку десетици би биле 40-50 партнерства што повеќе влече на патологија него на нешто друго.
Не постои никаква можност на особа која фејлнала во 40 врски да успее баш во 41-та тоа би било чудо еднакво на праќање на човек на Месечината како резултат на Хунзистанската вселенска програма. Очигледно во таков случај се работи од зависност од менување партнери како цел сама по себе заедно со сатисфакцијата која тоа ја носи за оние кои го прават тоа. Не ги интересира заедничко градење на иднина или нешто слично, бош раја која сее хаос и несреќа.
Би рекол што подалеку од такви, освен за оние на кои животот им е досаден па нервози се подобри него ништо, или имаат мазохистичка црта.

А за таткото има влијание, постојат случаи каде што таткото ја размазил ќеркицата и сега тоа го очекува од сите мажи и има случаи каде што таткото бил морон па сеа во сите мажи таа ќе бара морон. Тоа се крајностите, нијанси има повеќе а сеуште имам трауми од зборот `тате` кој беше присутен во една врска одамна... барем три пати дневно, како на норма. Еднаш од прв дејт требаше да се слушаат истории за патер фамилијас, под дејство на благо пијанство ако тоа е оправдување за било што.
Бегајте што подалеку од жени на кои треба да им изигрувате татко (ова важи за ликови кои искрено веруваат во некои ствари, за праф маш и тоа како би било погодно жената да го бара `тате` во него......

Што ми требаше да се присетувам на овие ситуации (facepalm)(facepalm)
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Несомнено дека односот има огромно влијание.
Женско, научено на златна лажица од татета, во најголем број случаи преминува во "Working at: ja neradim, jasam tatina princeza" и бара некој што ќе ја думка ко татка ѝ - менаџер на кафич, татин син, итн., за женско научено да ја заменува мајката и да пие шамари од газдата на куќата, многу „нормално“ е да мисли дека едно семејство така функционира и дека таа не заслужува ништо поарно, hence се дешава да земе мангуп што плука меѓу заби кога команда по дома, ја тера да му мие нозе и обично носи чешел-шишка до 1/10 од челото.
Нормално, да не нагласуваме дека секогаш има отстапки.
Еве па, за женско растено со женски родител...зависи од околината. Не дека е исто, ама сум имала среќа да имам блиски машки роднини, мајка ми да ме воспита, па и да израснам со машки другари, па поради тоа немам, ко некои, одбивност кон и страв од машкиот род...али па затоа сум мајстор да се ставам во френдзоун, пошто, освен ко спрема брат, јас поинаку и не знам да се однесувам. Јас не знам да флертувам, се осеќам моронски или на мајтап вртам машко ако ми даде комплимент, треба да ми се нацрта, избои, па и додатно да ми се каже и напише ако некому се допаѓам...а реално, ретко кој има нерви за тоа, па обично иде впечатокот дека не ме интересира. Единствено тука го гледам недостигот на совети и учење што може само татко да ги даде. Daddy issues much? :D
Али, читајќи го па „тате“ (леле, сори, ама...) горе, па и пофино ми е вака бе. :D
 
Ајде да го читаш ами да го слушаш секој ден :ladnoтате вака рече, се договоривме за утре со тате, тате вика најарно ќе е вака (facepalm)
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Мене ми влијае. Не сакам да сум со човек кој подсетува на татко ми и мислам дека кога сакам да одсакам некого, барам сличности мегу нив двајца. За жал сите блиски машки до сега имале по некоја сличност и сегашниот парнер исто, но за него сеуште потиснувам, еден ден можеби ке пукне, незнам, или конечно ке сватам дека тие глупи споредби се најголемата глупост на која непотребно и придавам значење.
 
Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153

Убаво кажуваш дека кога сакаш да одсакаш некого го бараш тоа што си го мразела кај татко ти, а кога сакаш со некого да си сеуште го потиснуваш тоа дека има сличности помеѓу него и партнерот.
По твоево излегува дека одлуката пак ја носиш ти но како додатен момент да немаш грижа на совест го користиш татко ти како оправдување?
Па сепак колку може да се разликуваат 10 просечни мажи?
Сличности секогаш ќе има.
Мене ме интересира за кои сличности се разговара?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

khz777

Староседелец
20 септември 2014
105
69
1,028
30
Argentina, Buenos Aires
А зошто би креирала слика за дечкото според сликата на татко ти .Ми изгледа како некој вид на идол ,а не на љубов .Станува збор за погрешен поглед кон љубовта кон некого бидејќи целата слика за љубовта ти е основана на еден човек а тоа не е љубов .
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Убаво кажуваш дека кога сакаш да одсакаш некого го бараш тоа што си го мразела кај татко ти, а кога сакаш со некого да си сеуште го потиснуваш тоа дека има сличности помеѓу него и партнерот.
По твоево излегува дека одлуката пак ја носиш ти но како додатен момент да немаш грижа на совест го користиш татко ти како оправдување?
Па сепак колку може да се разликуваат 10 просечни мажи?
Сличности секогаш ќе има.
Мене ме интересира за кои сличности се разговара?
Комплицирано е, има многу за објаснување. Татко ми не беше добар човек, но му успеваше да се прикрие. Можам да кажам дека сите му веруваа, но јас уште како мало дете можев да гледам позади маската која ја носи и знаев што всушност крие позади нејзе. Тие некои гестови, некои негови убедувања... незнам како точно да опишам... таа негова прикриена злоба... кога ке видам нешто такво слично и кај некој друг (без разлика дали кај партнер, пријател или кај брат ми) се ежам.
Точно е дека јас ја носам одлуката, свесна сум... но има моменти кога стравот е поголем.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Мене татко ми е пример каков партнер да не имам, мислам дека тоа ми е доволно отколку да ми дава совети
 
Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Се сложувам за комуникација што би довела до некое гледиште ,односно внимателноста на девојката во однос на партнерот !