Влатко Лозаноски-Лозано | Црнобело Форум

Влатко Лозаноски-Лозано

KikoFanClub

Нов член
8 април 2012
17
6
3
29
kikotodoroskifanclub.forummk.com
Влатко Лозаноски - Лозано е роден 27.06.1985 година во Кичево, Република Македонија. Основно училиште завршува во родното Кичево, а потоа се запишува во средно музичко училиште во Битола, теоретски отсек. Образованието го продолжува во Скопје на факултетот за музичка уметност. Уште како дете знаел дека музиката ќе биде неговата најголема љубов и животна определба. Свири на пијано, хармоника и гитара.
Со широка популарност се здоби по учеството во ТВ шоуто „Мак Ѕвезди“ (септември 2007 – мај 2008) во кое на крајот го освои третото место, а публиката имаше можност да го запознае неговиот раскошен глас и неверојатен талент.
Во јуни 2008 г. првиот сингл „Врати ме“ му донесе убедлива победа и награда Гран При на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен „Ѕвездена ноќ“. Потоа следеше хитот „Обичен без тебе“, а октомври 2008 г. го одбележа огромен успех, победа на еден од најпрестижните музички фестивали во Македонија, „Макфест“ со „Времето да застане“. Оваа песна му ја донесе на Лозано и наградата за најдобар дебитант од стручното жири.
Следниот сингл на Лозано „Сонце не ме грее“ станува негов најголем хит, кој беше и официјално прогласен за македонски радио хит на годината освојувајќи го првото место на Македонскиот Радиски фестивал во ноември 2008. Долго време беше на врвот на радио и телевизиските топ листи. Видео записот за „Сонце не ме грее“ е еден од најгледаните на интернет порталите, а песната е препеана и од популарни пеачи во Грузија и Бразил.
Во февруари 2009 Лозано учествуваше на фестивалот Скопје – национален избор за Песна на Евровизија. Песната „Блиску до мене“, која се пласираше на четвртото место, стана уште еден голем хит кој на крајот на годината ја освои наградата за трета најслушана песна во Македонија за 2009 г. на Македонскиот Радиски Фестивал.
Летото помина во знакот на интернационални музички фестивали. Лозано ја восхити публиката со извонредната интерпретација на баладата „Душо варљива“ на фестивалот „Пјесме Медитерана“ во Будва, Црна Гора. Во јули 2009 г. блесна на реномираниот фестивал „Славјански Базар“ во Витебск, Белорусија и во силна конкуренција на пеачи од повеќе европски држави го освои второто место. Истата година на фестивалот „Златни крилја“ во Молдавија настапува во дует со Магдалена Цветковска и ја освојуваат втората награда, додека Лозано е прогласен за најдобар машки вокал. На радост на бројните фанови, во почетокот на 2010 г. е издаден првиот албум „Лозано“ на кој се најдоа хитовите како „Сонце не ме грее“, “Блиску до мене“, „Нема да е крај на свет“, но и четири нови песни. Лозано се јавува како автор на две од нив („Очи што тајни кријат“ и „За кого ти е срцето“).
Лозано ја продолжува успешната соработка со Лазар Цветкоски, кој ја потпишува како композитор и аранжер романтичната „Летам кон тебе“. Оваа песна го освои четвртото место на фестивалот Скопје 2010. и многу брзо го најде патот до широката публика и вон границите на нашата земја. Во јули 2010 г. Лозано настапуваше на интернационалниот телевизиски фестивал „Песни на морето“ во Севастопол, Украина заедно со најдобрите млади пеачи од 17 држави. По изведбата на „Летам кон тебе“ и “This Love”се пласираше меѓу најдобрите пет изведувачи, за во финалната вечер да го освои четвртото место. Со исклучителниот музички талент и интерпретација Лозано ги воодушевува и публиката и критиката. Интересно е што тој е познат и по одличната изведба на стари македонски народни песни кои многу ги цени како дел од нашата традиција и културно наследство.

  • 2008– “Ѕвездена Ноќ” радиски Фестивал – Охрид – Гранд При
  • 2008– “Макфест” – Штип – Гранд При и Најдобар Дебитант
  • 2009- Скопски Фестивал(избор за Песна за Евровизија) – 4то место
  • 2009- “Pjesma Mediterana” – Budva, Crna Gora
  • 2009– “Славјански Базар” – Vitebsk, Belorusija – 2ро место
  • 2009– “Златни Крилја” – Kisinjev, Moldavija – 2ро место и Најдобар машки вокал
  • 2009– “Марс” Радиски Фестивал – Скопје – Најслушана песна на радиостаниците и трета најслушана песна од публиката во Македонија
  • 2010- Skopski Festival (izbor za Pesna za Evrovizija) – 4to mesto
  • 2010- “Pesni na Moreto” – Sevastopol, Ukraina – 4то место
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Еден од најдобрите македонски вокали после Тоше
Али не вреди да се отвара тема со оглед на тоа дека нема за што да се дискутира :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Абе на многи теми нема што да се коментира,па пак се отвараат.
На детево му треба зрелост,и како човек и како уметник.
Но патот до таму ваака се оди,поготово во нашава ни државичка мила.
Може на некого да не му се допага,ама тоа се различни вкусови,а дека не го бива може само да тврдат тие што можам само под прозор да му плукнат. :)




последниов линк ке го ставам посебно за оние што ке сакат да кажат низ темава дека детево нема вокални способности
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,689
3,869
1,183
Добар македонски изведувач, секоја чест, сум бил на негов настап беше тука кај нас во Хавана.
Првиот албум му беше одличен, албум кој многу се разликува од вториов што испадна пред некое време.
Можам да кажам дека вториот албум му е чист промашај, незнам што го навело да направи такви песни, но сепак негов избор :)
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Многу добар изведувач, сите песни ми се убави, ама еве ќе издвoјам неколку