„Вистинските вредности“ во денешницата

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мислам дека овде е најсоодветното место, кога веќе не станува збор за оние вистинските на љубовен план, туку од социјална гледна точка. Слободно менувајте наслов и префрлајте ако е нешто несоодветно.

Темава ми е занимлива бидејќи постојат толку многу одговори на ова прашање, а ниеден од истите не е апсолутна вистина или апсолутна невистина поради тоа што се засноваат на лични ставови и очекувања.
Во стереотипното општество, неретко наидуваме на коментари од типот „Алал вера, тоа е вистински маж“ или „Секоја чест на *име*, права жена си донесе дома.“ Некогаш со воодушевување, некогаш со доза на прикриена завист бидејќи самите ние тежнееме кон нешто такво.
Тема која во последно време се врти по моето друштво, но ме интересираат и форумџиски мислења.
Што е тоа вистинското? Што ги прави овие личности вистински?
Имам добиено одговор од женска гледна точка дека поразвиениот маж имал предиспозиции да биде „алфа“ и поуспешен. Па, колку физичкиот изглед влијае врз тоа колку некого ќе го вреднуваме? Впрочем, според што вреднуваме некого?
Дали е тоа работната позиција за која се избориле? Дипломата? Социјалниот статус? (Не)културата и начинот на кој пристапуваат и комуницираат?
Колку ги вреднуваме луѓето според она што (не) го постигнале во животот?
Дали само личните успеси не прават повредни во очите на другите?
А каде е тука карактерот?
Знаеме дека е индивидуално, па што според вас треба да поседува една личност, за да го добие тој епитет? Кои се клучните особини на оние „вистинските“? И дали во вашата дефиниција за овие луѓе, физичката појава воопшто има некаква улога, или сликата се базира на карактерните особини на личноста?
Всушност, постои ли нешто наречено вистински/а маж/жена, или тоа се само наши критериуми, желби и утехи дека таму некаде, постојат некои кои пркосат на законите на секојдневните, „просечни“ индивидуи?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Имав неколку вистински... сега ми изгледаат многу излитено... Во животот се се менува, зборот вистински е моментален... има такви моменти кои траат подолго, има и такви кои ни поминуваат брзо пред очи.
Понекогаш ми е криво што толку многу се сомневам во сопствената перцепција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
вистинскиот е некој покрај кого се чувствувам сигурно..
некој кој ке ме надополнува,некој кај кого ке почуствувам дека е дел од мене..
некој кој ке знае да ме насмее до солзи,кој ке ме прифати таква кава сум без да сака да ме менува или да манипулира со мене и моите чувства...некој во чии очи ке можам да се изгубам..
некој кој не мора да биде толку убав,или богат или незнам ни ја што...
некој пред кој ке можам да го покажам она што сум,со кој ке можам да разговарам,да се смеам,да плачам,
да се расправам зошто сум ја изгребала колата,да се расправам дали ке ја гледам мојата серија или важната утакмица..
некој со кој ке можам да молшам и да биде се ок....тоа би бил вистинскиот....
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Па вистинскиот или вистинската зависат од твоите критериуми од она што ти си го зацртал во главата ...мислам дека не постојат одредени особини кои ги прават луѓето вистински тоа е индивидуална работа...еден човек за некого е вистинскиот за друг е лузер така да се е индивидуално....
а она што јас го имам во главата за вистинкси маж е :
се разбира физичкиот изглед не е пресуден но е пожелен :)
да е паметен , да е културно воспитан , да има манири , да знае да ме почитува и мене и мојата фамилија и моите пријатели зашто тоа мие ужасно важно, неизмерно да ме сака и тоа да ми го докажува со мали секојдневни нешта а не со лигавење и со празни зборови, човек кој се разбира сакам да ме задоволи и во кревет, човек кој ќе биде грижлив и за мене а особено за нашите деца, одговорен, духовит, друштвен, дарежлив, човек кој ќеи верува и на кој јас неизмерно ќе му верувам, а пред се да биде искрен и отворен со мене, човек со кој ќе можам да зборувам на било која тема....горе долу го опишав не вистинскиот туку совршениот...ако го сретнате некаде ве молам исконтактирајте ме:D
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Дефиниција за "вистинските" е релативна работа, за секого различно.
Порано други биле вредностите и поинаку гледале на работите.
А како што одминуваат годините, мислам се менува и нашата перцепција на гледање на работите и вредностите што би требало да ги поседува "оној вистинскиот".
Според мене оној вистинскиот би бил некој со кој би се надополнувале.
Да не се повторувам и јас, она што го кажа Lena некој пред кој би можела да бидам таа што сум, без да се трудиме и двајцата обострано да се промениме. Некој со кој и тишината би била пријатна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Гаење на илузии. Не постои вистинско, невистинско. Едноставно постои компатибилно во моментот, се додека не му се најде замена. Човекот е адаптибилен, нема постојани желби. Постои желба, заситување на истата, преоѓање на нова. Рецимо ако во младост вистинското ни било да имаме најдобрата играчка, на 13 - да бидеме најфраер во друштвото, на 17 да ја имаме најјаката цура, на 24 иделната работа, на 30 иделаното семејство, на 60+ детето да го има иделаниот живот... тоа е гаење на илузија. Сепак одвреме навреме е добро да се прави ова, како еден вид на ѕвезда водилка кон тоа да не` направи подобар човек.
Во друштвена гледна точка, вистински пријател/личност не постои. Секој ќе најде начин да ги подзатскрие нозете под чергичето - што поради алтруистички побуди - да не биде повреден субјектот или пак најчесто според егоистични побуди - да не биде повредена самата таа.
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31

Не е тоа гаење на амбиција и желба,а не на илузија?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid

постои и едно трајно чуство наречено Пасија било да се работи за објект пример автомобил или за особа се зависи од индивидуата како ги гледа работите, сепак се се сведува на индивидуализам а помалку на генерализирање на работите
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
СЕпак мое гледиште кога човек се ќе искуси за се добро ќе размисли од своите згоди и незгоди во животот кој ги имал ги има и ќе ги има сепак за себе секогаш ќе ја донесе најдобрата одлука а таја е секогаш по избор на мозокот отколку на срцето.
е тогаш на сцена стапува оној познат стереотип “Вистинските/ ката “ значи за се треба време добро да отстои тоа за на крај да го добие тој епитет.