Елизабет Мусмано открива како до парчиња облека од „висока мода“ за ниски цени. Која е нејзината стратегија за која се „закачија“ сите светски дизајнери дознајте лично од неа.
Сѐ почна во 2004 година кога „H&M“ објавија дека нивната најнова есенска колекција ќе биде дизајнирана од легендарниот Карл Лагерфелд. Седум години подоцна и по колекциите на петмина врвни дизајнери, трендот што беше почнат од „H&M“ се прошири во неколку други стоковни куќи ширум светот.
Иако Карл Лагерфелд рече дека никогаш повеќе нема да работи со „H&M“, и покрај успехот на неговите креации, другите дизајнери од светот на високата мода ги проценија овие соработки како одлична можност за зацврстување на брендот.
„H&M“ беше одличен промотор на модата по ниски цени, дизајнирана од врвните дизајнери. Успехот на овие колекции ги повикаа останатите познати дизајнери да ги лансираат своите колекции во средно скапите продавници во светот. Во „Вера Ванг“ ја имав привилегијата да ја лансирам колекцијата „Симпли Вера“, што е една од најпродаваните колекции во „Кол“, изјавува Елизабет Мусмано, чијашто работа како глобален маркетинг-директор во „Вера Ванг“, ја подигна препознатливоста на брендот, како што е забележано во извештајот на WWD, од 92. на 54. место.
Првата соработка на групацијата „Вера Ванг“ со „Кол“ во 2006 година, колекцијата „Симпли Вера“ содржеше секаква облека, долна облека и пижами, чанти, кожни модни додатоци, накит, обувки и постелнина.
Има нешто во високата мода што ги привлекува луѓето. Можеби е брендот, можеби е цената, но сигурна сум дека секој сонува да носи нешто дизајнирано од познат креатор. Овие колекции ја прават високата мода секому достапна. Иако некои дизајнери сѐ уште ќе ги критикуваат овие колекции по ниски цени, јас верувам дека тие можат да му донесат само добро на креаторот, објаснува Елизабет Мусмано. Дали сте си дозволиле некое поскапо парче облека од светски дизајнери?
Во Македонија високата мода не е застапена како во соседството.