Визуелизација и слабеење

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Сликите кои ги создаваме во глава имаат огромно значење на нас и на нашиот живот. Визуелизацијата е моќна сила која може животот да ни го промени во позитивна смисла.

Бидејќи тука правиме муабет за диети, за слабеење ќе се задржиме на позитивните влијанија на визуелизацијата за остварување на вашата цел - посакувана тежина.

Се што треба да направите е да се опкружите со знаци и симболи и тука веќе е голема шансата да ви биде од голема помош. Визуелни знаци можат да бидат на пример слики како сакате или несакате да изгледате, можеби разгледница од некое убаво место кај што би заминале на одмор како би се наградиле себеси за постигнатата цел ...овие слики ќе ве потсетуваат на вашата цел дури и кога нема да бидат во ваша близина.

Специјалистката Ејми Хаченс тврди дека гледањето доминира во мозчните активности и однесувањето, она што ќе го видиме одредува на кој начин ќе реагираме.
Дали некогаш сте купувале или изнајмувале стан?
Кога свесно ќе донесете одлука да го направите тоа, најверојатно ќе почнете да ги приметувате сите огласни таблички наоколу вас. Тие најверојатно таму биле со месеци, ама вие прв пат сте ги приметиле тогаш кога вашиот приоритет е регистриран во ретикуларниот активационен систем ( дел од мозокот „ одговорен “ за сортирање информации)

Слабеењето е приоритет кој може да биде регистриран на ист начин. Ако имате цврст доказ како сакате да изгледате, вашата визуелизација ќе биде насочена таму кај што е потребно.
Од искуство е познато дека луѓето со проблеми со тежината понекогаш се чувствуваат беспомошно во однос на импулсот на земање на храна. Ако гледаат во одредена цел, тоа ќе им го одвлече вниманието да го донесат вистинскиот избор.

Кога еднаш ќе го напишете вашиот список на цели, како би сакале да изгледате или да ги визуелизирате мозокот почнува да работи во тој правец, па ги приметувате бикините кои сакате да ги имате, здравата храна на менито која порано ја прескокнувавте...

Др. Стивенс психотерапевт со триесет годишно искуство во работа со луѓе со прекумерна тежина вели дека врската помеѓу сликите и мотивацијата е се поголема како почнувате да постигнувате резултати.

Затоа: напишете ги вашите цели, додадете позитивни фотографии, напишете инспиративни пораки на вашиот подсетник, направете се што е потребно да бидете опкружени со визуелни симболи на вашата цел.

И ќе го видите успехот и на вашиот ум и на вашиот живот...
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Мислам дека најдобра и најуспешна визуелизација е онаа која се создава во умот со битен фактор - огледало.
Секојдневно утринско гледање во него со анализирање и поттик води до започнување на физички тренинг и вложување напор во распределба на исхраната.
Знаете, психички тренинг со подоцнежно задлабочување во туѓи слики, барање слична форма на конституција на наше тело и краен резултат - практично применување на средства за добивање идеална тежина.

Мислам дека најделотворно е сопствена слика залепена на фрижидер со магнет од Рамстор со инспиративна порака за слабеење. И до Вашата слика ставете слика на нечие тело кое приближно би сакале да го имате.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood