Вие, во очите на тие што не користат интернет

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Како вашите дома, блиските, колегите гледаат на вас како зависник од интернет?
***
Моите: Добро бре, како ти е интересно по цел ден на компјутер?
Јас: Поарно на компјутер отколку пред телевизор, не гледаш времето за нигде е

На работа:
Колешка: Како ти се спие тебе секој ден? Цело време на компјутер. И ние бевме деца ко вас
Јас: Како да не ми се спие цел месец во 5 станувам!
Колешка: И ќерка ми е 20 годишна, и таа седи на компјутер, ама не можеш даи се фатиш на малото прсте
Јас: Нормално дека не можам да и се фатам на малиот прст, ќе и го скршам ноктот....Поздрави ја марија од мене....
Колешка: Од кај ја знајш ќерка ми?
Јас: Интернет......фејсбук...кафенце......муабет....
Колешка: :mad:
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Хахаххаха....Е ме изнасмеа со моабетот за Марија...:)
Инаку реакциите .....Се чудат што ли е тоа толку интересно по цел ден да се лафи(зборува) на интернет...Со кого ли толку зборувам и што е тоа смешно кога сам со себе пред компјутер си се смееш....И милион такви прашања :mstickle
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Пред некои 7-8 години коа стаив нет дома и нормално цел ден на компјутер, не дека пред тоа не сум дремел на комјутер ама после тоа ептен. И стандард идеше муабетот од моите:
-Ах кој ѓавол не натера да ти дозволиме интернет да ставиш, цел ден како хипнотизиран си пред комјутер
- Дете стани од комјутер, веќе ни другариве не те бараат на телефон

И нормално тука следува покрер фејс од моја страна, зашто би ме барале на телефон кога на нет висиме цел ден :D Јбг тоа е јазот на генерациите нив не ги обвинувам. Тоа што не го сфаќам е како е можно да има луѓе во ова време на возраст до 25-30 години кои се со такви размислувања во однос на комјутери и интернет како и 50-60 годишни луѓе, значи се тотални лаици не знаат ни па ги интересира нешто во врска со тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048, Ludaca and Bum-Bum

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Абе стани од компијутер што е толку интересно на тој компијутерот? Ах леле, да заврши договорот одма го исклучувам.

Завршува договорот.Татко ми:

Завршува договорот сега, да го продолжиме? Ај ќе го продолжиме уше една година :D
 

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
јас на 6 години!
мајка ми: СТАНИ ОД КОМОДОРЕТО ОЧИТЕ КОКЦА КЕ ТИ СЕ НАПРАВАТ ОД ТЕЛЕВИЗОРОТ!!!
јас на 8 години!
мајка ми: СТАНИ ОД НИТЕНДОТО ОЧИТЕ КОКЦА КЕ ТИ СЕ НАПРАВАТ ОД ТЕЛЕВИЗОРОТ!!!
јас на 15 години!
мајка ми: СТАНИ ОД ТОА НИТЕНДОТО(читај SonyPlayStation) ОЧИТЕ КОКЦА КЕ ТИ СЕ НАПРАВАТ ОД ТЕЛЕВИЗОРОТ!!!
јас на 25 години!
мајка ми: СТАНИ ОД ТОА НИТЕНДОТО(читај компјутер) ОЧИТЕ КОКЦА КЕ ТИ СЕ НАПРАВАТ ОД КАКО И ДА СЕ ВИКА!!!

а што е најинтересно она е 24/7 пред телевизор и гледа турски,шпански,индијски серии и очите не и се прават коцка...
и многу нормално дека ке дремам на интернет да ќарам некоја информација плус пошо од тоа сериите неможам да дојдам на ред..
и се мене ми се прават коцка очите... и такаааа
 

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
Мајка ми: И што правиш сега на интернет?
Јас: Ништо посебно планираме терористички напад со едни корејци
или ке ти се тупне пред монитор и зјапа
а ти праиш муабет со некоја и тука по автоматизам одма отварам нов таб и куцам гоогле.цом и демек пребарувам нешто,
ќе и стане досадно и ке си отиде и одма што ти е толку интересно ?!?
:D
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
или ке ти се тупне пред монитор и зјапа
а ти праиш муабет со некоја и тука по автоматизам одма отварам нов таб и куцам гоогле.цом и демек пребарувам нешто,
ќе и стане досадно и ке си отиде и одма што ти е толку интересно ?!?
:D
553903_324490934280280_1108361615_n.jpg

:D