Вегетаријански рецепти

Дали си вегетаријанец?


  • Вкупно гласале
    9

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Доколку имаме некој вегетаријанец на форумов , еве предлог неколку рецепти:

  • Шницли од зеленчук
Потребни состојки:
  • мала лажица малку Црн пипер
  • 50 грама Спанаќ
  • малку Сол
  • 100 грама Моркови
  • 100 милилитри Масло
  • 300 грама Компир
  • 50 грама Карфиол
  • 50 грама Грашок
  • 100 килограми Брашно
  • 50 грама Боранија
  • 1 Јајце
Подготовка:
Измиениот и исчистен зеленчук се обарува во посолена вода.
Сето тоа ситно се сецка и се додава јајце, сол, црн пипер и брашно.
Се формираат шницли се валкаат во брашно и се пржат.

  • Крем салата од урда
Потребни состојки:
  • 1000 грама Урда
  • малку Сол
  • 250 грама Маргарин
  • 2 чешниња Лук
  • малку Бел бибер
  • 200 грама Кисела павлака
Подготовка:
Пенесто изматете го маргаринот и додадете ја урдата.
Продолжете го матењето па вмешајте ја киселата павлака.
Проверете го вкусот па зачинете со сол. црн пипер и лук.

  • Миш-маш
Потребни состојки:
  • 100 грама Брашно
  • 2 Јајца
  • 150 грама Домат
  • малку Магдонос
  • 100 милилитри Млеко
  • 12 Пиперки
  • 150 грама Сирење
  • малку Сол
Подготовка:
Пиперките се печат, се лупат и се сечкаат на мало.
Потоа се запржуваат во масло, и се промешуваат од време на време. Пржењето трае околу 5 минути.
Се додаваат се домати, излупени и исечкани на мали парчиња и тие се запржуваат.
Додајте млеко во кое е разтворено брашното и се меша убаво да 2-3 мин.
Потоа додадете изронето сирење, па измешајте.
Потоа додадете ги 2-те јајца, искршени и помешани со половина чаша вода и мешајте и потоа се заедно измешајте 2-3 мин.
Одозгора се посипува со сечкан магдонос.
Се посолува по вкус.

  • Печени компири со зачини
Потребни состојки:
  • малку Сол
  • 30 грама Путер
  • малку Оригано
  • 1 главица Кромид
  • 400 грама Компир
  • малку Црн бибер
Подготовка:
Половина од излупените и исечените компири и половината од исецканиот кромид ставете ги во тавче намачкано со путер. Наросете половина од сувите зачини и полијте со половина од стопениот путер. Потоа ставете ја втората половина од компирите со кромиодот и повторете ја постапката, завршувајќи со стопениот путер.
Зачинете со сол и бибер.
Целата тава покријте ја со фолија за печење и 20 минути печете ги компирите во рерна која претходно е загреана на 210 целзиусови степени. Потоа отворете ја фолијата и оставете компирите да се допечат уште 15 до 20 минути, додека не омекнат.

  • Сендвичи со кашкавал
Потребни состојки:
  • 100 грама Брашно
  • 100 милилитри Вода
  • 200 грама Кашкавал
  • 50 милилитри Маслиново масло
Подготовка:
Кашкавалот се ренда. Во еден сад се додаваат сите останати намирници и смесата се меша енергично.
Парчињата леб со нож внимателно се премачкуваат.
Сендвич се печат во рерна се до зацрвенување на кашкавал.
Послужувате се веднаш, попрскани со вегета.

  • Запечени домати со сирење
Потребни состојки:
  • 50 грама Сирење
  • 2 лажици Маслиново масло
  • 150 грама Домат
  • малку Босилок
  • 1 лажица Дафинка
Подготовка:
Во соодветни мали садови, или еден поголем ставете ги измиените и на
кришки исечени домати.
Наросете ги со зачинска сол, а по површината
распоредете го тенко исеченоното и изрендано сирење.
Запечете на средна
температура, сирењето да се растопи. веднаш посипете со босилек и
оставете да се олади.

  • Похувани брокули
Потребни состојки:
  • 50 грама Презла
  • 30 милилитри Млеко
  • 100 милилитри Масло
  • 300 грама Брокула
  • 30 грама Брашно
  • 2 Јајца
  • малку Сол
Подготовка:
Во малку насолена вода варете ги брокулите, па исцедете ги.
Цветовите од брокули валкајте ги во брашно, па во изматените јајца, па во лебни трошки и пржете ги во врело масло.

  • Омлет со печурки
Потребни состојки:
  • 200 грама Шампињони
  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку Сол
  • 30 милилитри Масло
  • 1 лажица Дафинка
  • 2 Јајца
Подготовка:
На масло се пропржуваат исечканите шампињони, и се посипуваат со 2 јајца во кои е ставено вегетата и црниот бибер. Ова се пржи додека јајцата не зацрвенат.
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Палачинки од јаболка

Потребно:
  • 2 јајца, добро изматени
  • 1/2 шоља млеко или јогурт
  • 2 шољи сенаменско брашно
  • 1 лажиче пециво
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/4 шоља шеќер
  • 3 јаболка со средна големина, излупени и изрендани на подебелата страна од рендето
  • цимет, по желба
  • масло за пржење
  • шеќер во прав
Подготовка: Во длабок сад измешајте ги млекото и јајцата. Во помал сад, измешајте ги брашното, пецивото, солта и шеќерот. Измешајте ги течната и сувата смеса заедно. Ставете ги ренданите јаболка. Зачинете со цимет, по желба. Во тавче за пржење ставете масло да се загрее. Со лажица земете од смесата и обликувајте мали палачинки. Пуштете ги во тавчето и оставете да се пржат две до три минути на секоја страна, додека не бидат румени. Готовите палачинки од јаболка попрскајте ги со прав шеќер или загрејте на рингла неколку лажици џем по Ваш вкус и така растопен, полијте го низ палачинките. Служете ги топли.