Вдолж линијата

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
……Љубовта е преценета. И премногу извикана. А всушност е само обична замка.

Не мислам така? Навистина? А кој би бил толку луд за да поверува дека не си е доволен самиот на себеси и дека единственото нешто кое го турка напред не е само инстинкт за опстанок и не е само потреба за наметнување врз останатите, ами има нешто благородно и возвишено и неописливо во спојувањето со друга единка и дека нема ништо позанемувачки прекрасно (ако е тоа воопшто некаква атрибуција) од взаемното надополнување, кога не би била љубовта и кога не би била токму тоа – замка?

Чувствата се преценети. И повторно, премногу извикани. Ако воопшто постојат како валидна категорија, наместо она што всушност се – недоволно испитани (можно е само јас да немам доволно сознанија во однос на испитувањата) хемиски реакции на одредени соединенија. Всушност да, сигурно немам доволно сознанија, зашто сега ми паѓа на ум дека пореметувањата на психата (тоа се нели, чувствата) обично се лекуваат со вакви или онакви лекови, за да се постигне демек рамнотежа на хормонските или појма-немам-каквите дисбаланси во човечкиот организам, веројатно првенствено во мозокот. Не сум сигурна, ми прелетуваат само информации кои сум ги сретнала некаде, можеби сум ги учела или читала или чула некогаш, но не сум се заинтересирала да ги регистрирам ни потполно ни доволно. Грешка број еден.

Требало. Требало да внимавам повеќе и да се интересирам повеќе за битните и суштинските теми, наместо за оние другите. Да, да, за тие….

Требало. Многу работи требало, но не биднало (знам граматика,благодарам). Да било така како што требало, сега немаше да бидам во оваа каша.

Просто прашање : Кој е најголемиот луксуз што една девојка, ќерка, жена, сопруга, мајка, не може (не смее) да си го дозволи, особено кога како податок за место на живеење во нејзината лична карта е наведено име кое на картата на светот не со лупа, ами со микроскоп треба да се бара, а и тогаш не е сосема сигурно дека ќе биде пронајдено (да, да, јасно ми е што значи поимот „размер“) ?

Уште попрост одговор : Одредени „поими“ не се изговараат и за одредени „теми“ не се разговара.

Мислиш? Штом гризам и напаѓам, значи добро сум? Ме фатил бесот од уѕури?

Да, луксуз. Дури и с(о)веста ми е програмирана така.