Вакцинален план

SaltNPepa

Староседелец
19 август 2013
49
116
633
Мал скромен придонес :)

„Bolje spreciti nego leciti!" e девиза која се почесто ја слушам на предавањата на факултетот. Имунизацијата на нашите миленици е можеби една од најважните моменти во животот на Вашиот нов миленик. Најчесто, доколку кутрето потекнува од добар и разумем одгледувач, кутрето го добивате претходно прочистено и со примена прва вакцина, што значи дека на Вас остануваат ревакцините и вакцината за беснило. Нормално, пред секоја вакцинација, на околу 10тина дена пред вакцината, потребно е да се изврши дехелментизација од ендо паразити.

За они кои што се соочиле со неодговорен одгледувач и за оние кои планираат да подигаат легло, како и за сопствениците, еве кратка листа во која од прилика е напишано кога и каква вакцина треба да добие Вашиот миленик. Имајте на ум дека секој ветеринарен лекар може да има сопствен режим на вакцинација, меѓутоа не постојат многу големи временски одстапувања.

Програм за вакцинирање кој често се применува:

Прва вакцина на 6-7 недели: против штенечак и парвовироза(вакцина Nobivac Puppy DP)

Втора вакцина на 10 недели старост(после 21 ден): DHPP+L(штенечак, парворизора, заразен хепатитис, лептоспироза)

Трета вакцина на 13-14 недели старост-ревакцина : DHPP+L(штенечак, парворизора, заразен хепатитис, лептоспироза) и може да се додаде уште некоја.

Вакцината против беснило прв пат се дава на околу 4 месечна возраст.
Напомена: помеѓу секоја вакцина треба да се изврши дехелментизација. Доколку кутрето има внатрешни паразити, вакцинацијата се одложува до моментот кога не одреди вашиот ветеринар дека кутрето е спремно за вакцинација. Истото важи и доколку кутрето е настинато или болно.
Од овде па натаму, вакцинацината за беснило се дава годишно, затоа што таа е законски регулирана. Останатите вакцини исто така може да се даваат годишно, но законски не се задолжителни.
Водете ред за распоредот за вакцинација во пасошите или книшките на милениците, бидејќи заштитувајќи ги нив, се заштитуваме и ние.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Lady*