ВАЖНО за форум "ТВ" и форум "Филм"

Статус
Затворена за нови мислења.

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
ВАЖНО!!!
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ДА СЕ ПИШУВА НА КИРИЛИЦА. Ако немате кирилилична подршка клик овде.
  • Пред да отворите некоја тема погледнете дали има таква тема, задолжително напишете кратка содржина и пожелно би било да ставете постер од серијата/филмот.
  • Не пишувајте оф-топици, ако се согласувате со некое мислење претиснете на Ми се допаѓа.
  • Доколку веќе сте напишале едно мислење и сте заборавиле да напишете нешто редактирајте го мислењето со кликање на Измени.
  • Строго е забрането јавно споделување линкови до торенти и слична илегална содржина. Доколку ви треба торент или линк од некоја серија, обратете се на некој член што ја гледа серијата по ПП.
  • Секое мислење кое ќе биде на напишано на латиница, оф топик или содржи линкови до илегална содржина ќе биде избришано.
Доколку забалежете неправилности, пријавете го мислењето или пратете ми порака.
 
  • Like
Реакции: Hip.Hop_MKD and The Tramp

Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
Зошто низ форумов имаше мислења кои место да те наведат да го/ја гледаш филмот/серијата, ти ја раскажале целата содржина, што ќе се случи на крај, кој бил пресвртот, кој ќе умре во следна сезона, кој ќе остане труден и од кој и слично:

Рецензија е писмен приказ на во случајов филм или серија, како вие сте го доживеале, како сте го оцениле, дали го препорачувате или не и зошто. Со ваши зборови и филозофија без раскажување на секоја сцена детално.
А кога мора да одвоите дел од филмот/серијата како посебен или дел што вам ве натерал да размислувате, заплачете, насмеете, а тој дел открива многу за филмот-користете спојлери.
Плачев кога на крај Џек умре.
Третата сезона не е иста без Емили.

Како НЕ треба да изгледа една рецензија!
Without man со Ева Лонгорија во главна улога... интересен женски филм, се одвива во некое село, им ги зимаат мажите во војска останува само еден нем,го маскираат во жена, и попот на црквата. Мажот на Ева е градоначалник на селото па според тоа откако ќе го земат она станува градоначалничка...има интересни дешавки , поголем дел од филмот е како живеат жените сами,едно време попот ќе ги изреди сите по ред :rofl за да имало потомство демек,па после ќе го избркаат и ќе се полезбејчат сите..ќе бидат посетени од еден новинар, а на крај ке се вратат 3ца од мажите вклучувајќи го и градоначалникот, вчудоневидени од глетката како жените се снаоѓаат сами ... ај доста ви кажувам зирнете трејлер :)
Да, и ние го пуштаме филмот и премотуваме десет минути пред крај само за да видиме како се снашле жените. Пошто исто како да сме го гледале до таму.

Како треба ДА изгледа една рецензија.
Режисерот е Гај Ричи, па филмов ги има неговите претпознатливи карактеристики како хумор, забава, акција, НО е многу повеќе од тоа. Во главна улога е Џејсон Статам, кој обично глуми во акции и има површни ликови, но во овој филм е исто нешто повеќе.​
Само како напомена, филмов не е комедија, акција. Ќе бара целосно внимание и разбирање од вас.​
Целиот филм е за борба со егото. Борба со себеси. Егото е претставено преку ликот (кој не го гледаме како физички присутен) Сем Голд. Тој е богат измамник од кој секој се плаши и секој сака да биде како него. Низ филмот ликовите често играат шах, преку него се доловуваат доста метафори за животот, измами и непријателите.
Може уште многу да се навлегува во филмов за други теми како измами, непријатели, живот, игри, страв, почит...Ви препорачувам да го прочитате интервјуво со Гај Ричи, доста интересно е и дава многу информации за филмот.
Доволно кажано за да те наведе да го гледаш филмот, а ништо прераскажано и откриено од филмот.
(има и други добри рецензии, ама да не должам)
 
Статус
Затворена за нови мислења.