Бритни Спирс (Britney Spears)

Senorita

Полноправен Член
16 декември 2020
31
10
18
113
Редактирано од модератор:
Бритни Џин Спирс (англиски: Britney Jean Spears) (родена на 2 декември 1981) е позната американска поп-изведувачка. Родена е во Мккомб, Мисури, а порасната во Кентвуд, Луизијана каде што започнала да настапува како дете, да добива улоги во некои филмови и телевизиски емисии.
Во нејзината долгогодишна кариера има издадено 9 студиски албуми и неколку компилации, а своевремено беше сметана за принцеза на поп музиката во раните 2000ти.
Моментално, Бритни е под будно око на папараците и фановите, кои се загрижени за нејзиното ментално здравје, кариера и фактот што татко ѝ има легална контрола врз скоро сите аспекти од нејзиниот живот, па оттаму потекнува и хаштагот #FreeBritney.
----------------------------
Што е со Бритни Спирс?
Три објави по ред објавува и под нив само пишува 'ЦРВЕНО'?????
 
Последна промена од модератор:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Се надевам во ред е вака што ја префрлив како посебна тема, бидејќи сметам дека сепак се работи за поп-икона што ни ги одбележа детствата, тијенџерството и младоста на многумина, а и доста е актуелна (не за убаво, за жал).

Знам дека нешто се збореше дека спрема нова музика, па можеби ова е некаков вид чудна промоција за да добие повеќе енгејџмент пошто многумина (ќе) мислат дека бара некаква помош или дава знаци... што знам.
Не ја следам, но некогаш ги гледам видеата што ги постира и навистина не ми делува ко да е психички сосема во ред.
Ѝ ја сакав музиката ко дете/тинејџер и уште знам да си пуштам некои стари песни (no shame in that), но мислам дека има психички попуштено под притисокот на славата уште од дете и тоа станува поочигледно како минуваат годините.
Личниот изглед т.е. хигиена многу укажува на психичката состојба, а таа ми е страшничка за гледање. Делува ко да не го мие лицето, црното моливче околу очи ѝ е секогаш размачкано ко да доживува по три нервни слома дневно, а косата е посебна приказна...
Жал ми е, никој не заслужува да се наоѓа во таква дупка и се надевам ќе се најде нешто да се направи да ѝ се помогне.