Брак на брзина

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,007
3,215
1,143
Ајде јас пак со нова тема :D
Ептен зачестив,треба да ми се забрани отварањето :mstickle
Значи насловот се кажува.

Што мислете за тие бракови?Дали успеваат или не.
Еве ке ви кажам пример.
Моја познајничка се запознава со еден дечко,недела дена одаат и веднаш стапуваат во брак а не му го знае ни карактерот ни ништо за неговата фамилија...
Мислам ме сфативте што сакам да кажам со темава нели?
Па повелете :)
 
  • Like
Реакции: kizzo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,995
9,625
1,683
Normandy
LIKE za temava
ama mislam deka ne bi trebalo da izbrzuvame zosto za mene vazi pogovorkava BRZA KUCKA, SLEPI KUTRINJA
Колку па ич нема врска муабетов. Или можда малку ако се земе само ризикот. Но знам веќе неколку примери кои направиле брак нзабрзака (зборам од по месец и нешто знаење и сеа одлично им функционира. Според мене па ако премногу добро го познаваш партнерот се раѓа монотоност која подоцна прераснува во навика и во неа не вклучува никакви емоции. А за да опстои човекот и да прави нешто продуктивно/да напредува емоциите се клучен фактор.
 
  • Like
Реакции: violetmoon and kizzo

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
М, сметам дека ова е релативно. Постојат луѓе кои знаат за меѓусебното постоење 20 години, се во врска, или брак, а не се познаваат ни 1%, исто така постојат луѓе кои за 2 дена веќе знаат 40% од своите замисли, желби, постапки итн.
Така да, заклучокот од ова би бил дека бракот треба да настане тогаш кога и обајцата се спремни за таков чекор, неважно дали тоа е по врска од 2 недели или 2 години или па 20.
 
  • Like
Реакции: violetmoon and melpomena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Не би генерализирал, но за еден брак да биде успешен времетраењето на врската нема толку големо значење. Ако пред бракот врската трае 10 години не е гаранција за успешен брак исто како што и месец дена не се гаранција за неуспешен брак. Според мене еден од побитните фактори кои влијаат врз успехот на браковите се очекувањата. Кога бракот не ги исполнува очекувањата на едниот (понекогаш и на двајцата) веќе губи смисла и нешто треба да се смени (или да се сменат очекувањата и да се прифати фактичката состојба, или да се напушти бракот).
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
Има многу случаеви кои се земале за многу кратко време па сеуште се во среќен брак,а има луѓе што оделе со години па на крај не се земале или пак се земале или развеле.Правило е дека нема правило.
(Моите оделе 6 месеци пред да стапат во брак па сеуште функционираат одлично...)
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
872
1,103
393
26
Струмица
и мојот брак донекаде е таков, уште на третиот месец од врската, знаевме дека сакаме да бидеме заедно, и почнавме со обидот за бебе :giggle сега за сега се ми е супер, ни оди, едноставно знаевме дека сме еден за друг (inlove) се гледавме секој ден, по цел ден скоро, и тој е сменет сега да, ама кон многу многу подобро, повеќе ми ја покажува љубовта :) така да нема веза дали бракот е склучен набрзина или после 3-4 година врска, знам и парови кои имале 10 годишна врска, се зимаат и се разведуваат... тоа се си зависи од партнерите, дали ќе исчезне љубовта меѓу нив, дали некој ќе се смени, па тука се кавгите, обврските, секој како ќе си на нареди, така ќе си живее ;)
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
999
606
423
Ohrid
зависи од моментот и ситуацијата
сепак ако се погодат коците зошто да не , али ипак брак на брзина што знам малку скептичен сум зависи ако се погодата правите особи можеби и не е толку чудно
 
  • Like
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,048
6,666
1,153
Big Sur
Ах, модерни сме ние, турбулентни времиња, ово оно.
Бракот денеска речиси и да не е институција на двајца што сакаат да го поминат животот заедно поради сродност, туку поради ред други фактори, од кои сродноста е меѓу последните. Не дека нема исклучоци де, ту (ако не го пише човек ова, веднаш ќе се најде некој да го спомне), ама реално гледано, не е ништо чудно. Стапката на развод е огромна, само кај мене во град, просечно по 1 развод на 2-3 дена имало претходнава година. Како дошло, така прошло, иако времетраењето на една врска не е пресудно за успешен брак. Па страиве со стројници што се мажеле, демек имале врски, гледале компатибилност или нешто, па се земале. Јок бре.
Но, лично за себе, не би можела туку-така. Може некого со години да знаеш, а да не знаеш што крие во себе. Сепак се работи за сериозна работа која го менува сиот тек на дотогашниот живот, па поарно да истрошам и неколку години на врска и да заклучам оти била неуспешна, па да ги фрлам сите тие години во неповрат, ама да најдам нешто т.е. некој што ќе ми одговара, отколку да влетам набрзина во брачна заедница дури работите ми се чинат розови, па после да се тапшам со главата од ѕид.
 

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Нема врска колку претходно се познавале. Не е тоа пресудно. Има безброј примери во прилог за таков брак како и негативни примери. Но како и што другите членови кажаа, некои се познаваат долго па нивниот брак не успева. Да не случајно тебе ти е понудено брак??? :p
 
  • Like
Реакции: 84 sk_Y ^_-