Борба со домати во Колумбија

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Во Колумбија викендов се одржа фестивалот „Томатина“, каде меѓу другите активности, се случуваше и борба со домати.

Илјадници фармери и туристи во регионот Бојак во Колумбија, кој е познат по одгледувањето домати, присуствуваа на фестивалот и го прославија крајот на бербата на домати.

Иако борбата со овој зеленчук е главната активност на фестивалот, тој опфатил други содржини, како голем број игри и натпревари во брзо јадење, а биле изложени и уметнички дела направени од домати.
Организаторот Ејнер Суарез изјавил дека за потребите на фестивалот биле потрошени околу 18 тони домати, а ги употребувале само зеленчуците од бербата што не биле добри за јадење.

По тепачката со домати, пожарникарски екипи ги избањале сите учесници, за да може да продолжат со другите фестивалски активности.
http://365.com.mk/14979/borba-domati
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
zamisli vakava borba da ima koga ce doagjaat skopjancistana :giggle :giggle
ААААААААХАХАХАХАХА :)) Ќути за малку ќе има :D
Иначе треба и кај нас да се организираат вакви „борби“. Не велам конкретно со домати, може со прскалици или со нешто друго.
И во Индија интересен обичај имаат за празникот нивен Холи со к`на си играат, се шлакаат. Кај нас ништо од тоа..:(
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
ААААААААХАХАХАХАХА :)) Ќути за малку ќе има :D
Иначе треба и кај нас да се организираат вакви „борби“. Не велам конкретно со домати, може со прскалици или со нешто друго.
И во Индија интересен обичај имаат за празникот
тие имаат најгаден обичај за еден нивен празник вршат масовно кољење на стоката во чест на некој си хинду бог
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Епа како да не. Не зборвев за тој обичај...со к`на во боја се мачкаат за Холи, а за животните прв пат слушам.