Бон-тон правила

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Бон-тонот преставува убаво однесување, почитување и применување на некои "не пишани" правила кои од вас ќе направат вистински господин или дама. Бон-тонот ги опфаќа речиси сите сектори од нашето живеење, како на пример: бон-тон во училиште, факултет, на работно место, на улица, во автобус, бон-тон кон лица со посебни потреби... Бон-тон кон постари луѓе,па дури и бон-тон во сексот!

Еве неколку едукативни статии поврзани со бон-тон:
Бонтон-на маса
Префинетите манири на масата или софистицираната вечера што ќе ја служите на своите гости, верувајте, ќе ви донесе многу позитивни бодови кај многу од нив.
Веднаш кога ќе седнете на маса ставете ја салветата во скутот. Најпрво, во неа да паднат сите несакани трошки од лебот, како и за бришење на устата и на прстите пред да земете чаша во раката. Според бонтон, салветата треба да ја ставите на масата дури откако ќе завршите со јадењето. Тогаш ќе ја ставите од левата страна на чинијата и ќе станете од столот. Ако станете за време на вечерата, салветата ставете ја на столот, а не на масата.
Збунети сте на која страна е вашата чаша за вино и вода, кое парче леб е ваше?
За оваа загатка важи едноставното правило: течностите секогаш се поставени од десната, а крутите работи, како лебот, од левата страна. Добро е да знаете дека убавите манири налагаат лебот да не го гризете, туку да го кршите со рака, а истото важи и ако е сервирано печиво. Ако на масатата има путер, често не наведнувајте се преку масата со нож да го дофатите путерот, туку веднаш во својата чинија ставете малку и од таму мачкајте на лебот. Лебот секогаш се држи во рака, но сигурно знаете дека единствена отстапка од тоа правило е кога некој ќе ве замоли да му додадете леб. Тоа ќе го направите заедно со кошничката во која се наоѓа лебот.
Како да се служите со приборот за јадење?
Секогаш користитете се најпрво со оној прибор кој е ставен од надворешната страна, најдалеку од чинијата, а секое следно јадење ќе го јадете со приборот што е поблиску до чинијата.
Тоа е едноставно и корисно, златно правило без исклучоци.
Не е пристојно премногу да шарате со храната по чинијата, а сосема е недопустливо да го лижете приборот за јадење или да ја ставете целата лажица во уста кога јадете супа. Супата се срка ама тивко! Не е непристојно дискретно да се наведнувате над чинијата и над масата, за да не се посипете со супата или да не се испрскате. Откако ќе бидете готови, лажицата треба да ја оставите во чинијата.

Шест бон-тон правила во светот на технологијата

1. Оставете го телефонот настрана додека ручате – Мобилниот телефон на ресторанската маса порачува: „Не можам да ти го посветам моето целосно внимание“. Тргнете го телефонот настрана и исклучете го ѕвонењето додека сте на маса со други луѓе. Ако е навистина неопходно да се јавите или да испратите порака, извинете се и станете од масата.
2. Не им ѕиркајте преку рамо на другите – За најголемиот дел од луѓето, нивните телефони и компјутери претставуваат приватна работа. Затоа, воздржете се од ѕиркање во туѓите екрани и насочете го погледот на друга страна.
3. Не зборувајте гласно на јавни места – Некултурно е телефонот да ви ѕвони прегласно и да ги вознемирува сите наоколу, а истото важи и за јачината на вашиот глас додека разговарате на него. Ако веќе морате да го повишите тонот, тргнете се на страна за да не им пречите на другите. Исто така, внимавајте на темите на разговор додека сте во јавност – не мора целиот автобус да дознае како ви завршила саботната вечер.
4. Лошите вести се кажуваат лично, а не преку порака или на Фејсбук – Без разлика колку е тешко да се соочите со некого и да му соопштите лоша вест, единствениот правилен начин е да го сторите тоа лице в лице. Ако од одредени причини оваа варијанта е неизводлива, втора опција е телефонски разговор. Никако немојте да праќате смс-порака, мејл или порака на Фејсбук.
5. Тргнете ги слушалките од уши додека разговарате со некого – Без разлика дали музиката ви е исклучена или не, тргнете ги слушалките од уши додека некој ви зборува. Во спротивно, соговорникот ќе има чувство дека не слушате ни збор од она што ви го кажува.
6. Не ставајте слики од вашите пријатели на Фејсбук без нивна дозвола – Ако сте вистински пријатели, никогаш нема да обелодените компромитирачка фотографија од луѓето кои ви се блиски. Можеби вам ви се чини смешно во моментот, но таквите фотографии и информации можат да предизвикаат вистински проблем ако дојдат до погрешни лица, како на пример, шефот на вашиот пријател.

Постојат одредени непишани правила и бон-тон кои треба да ги следиме кога сме во теретана
1. Користете по една справа
Едно од најлошите нешта што можете да ги направите во теретана е да започнете со вежбање на една справа, потоа веднаш да се префрлите на следната, па на следната итн. Луѓето кои подолго вежбаат таму следат одредена програма за вежбање и нормално е дека ќе бидат иритирано доколку сите справи постојано се зафатени. Вежбајте на една справа подолго време – така и Вашиот тренинг ќе биде поефективен.
2. Избришете ја опремата откако ќе завршите
Доколку се потите многу, избришете ја површината што сте ја допирале на справата за време на вежбањето. Воопшто не е пријатно кога треба да ја избришете справата од туѓа пот, па затоа не им го правете тоа на другите. Дополнително, голем број болести и бактерии се пренесуваат низ потта, па затоа секогаш носете крпа со Вас.
3. Туширајте се пред одење во теретана
Многу е непријатно откако по напорна вежба ќе се исправите за да земете здив и некој ја подига раката близу до Вас и испушта неподнослива миризба. За да не бидете еден од оние луѓе на коишто им кажуваат дека мирисаат лошо, туширајте се пред одење во теретана и секогаш користете дезодоранс.
4. Не бидете прегласни
Теретаната не е место кадешто очекувате потполна тишина, но кога зборувате со некого, гледајте тој да е блиску до Вас. Малку е тешко да се концентрирате на дигање тегови кога некој веднаш до Вас одеднаш ќе почне да вика на цел глас и да раскажува како си поминал за празниците или пак каков автомобил купил.
Ако морате да зборувате, правете го тоа тивко, особено ако зборувате за некој што тукушто влегол во теретаната.
5. Не флертувајте со секоја жена во теретаната
Можеби ова ќе Ве изненади, но најголем број од жените одат во теретана за да вежбаат. Доколку таа има ставено слушалки или пак чита нешто, тоа е знак дека не е заинтересирана за Вашите реплики. Дополнително, имајте на ум дека таа можеби е во врска со некој од огромните типови кои дигаат тегови и кој нема да биде воодушевен што сте ѝ се пуштиле на неговата девојка.
6. Не му пречете на некој што вежба пред огледало
Многумина мислат дека огледалата во теретаните служат за да можеме да се восхитуваме со сопствените тела. Всушност, тие имаат многу важна улога – овозможуваат да видите дали правилно ја изведувате вежбата. Затоа, не поминувајте и не застанувајте пред некој што вежба пред огледало.
7. Одберете погоден момент за поставување прашања
Голем број од луѓето во теретана со задоволство би Ви покажале како се користи некоја справа или пак како се изведува некоја вежба правилно. Но, барем почекајте човекот до Вас да си ја заврши вежбата пред да го нападнете со прашања. Од друга страна, постојат и луѓе кои доаѓаат само за да вежбаат и не сакаат интеракција со никого. Доколку не Ви одговорат на прашањето, не настојувајте.
8. Не ги фрлајте теговите на подот
Некои луѓе откако ќе завршат вежба со тегови, сакаат да ги фрлат на подот. Не само што звукот што се создава ја нарушува концентрацијата, туку со ваквото однесување можете да повредите некого.
9. Не им додевајте на големите момци
Бодибилдерите и луѓето со совршено дефинирани мускули мразат кога некој ќе им постави прашање какви стероиди користат. Сите претпоставуваат дека ако некој има толкави мускули, мора да користи нешто забрането. Немојте да бидете изненадени кога некој што работел напорно за да изгледа така како што изгледа, ќе се навреди од Вашето прашање или пак ќе се обиде да Ве посрами.

Дали Вие се однесувате според бон-тон „непишаните“ правила и каде најчесто?
Сметате ли дека тој е важен дел од една личност или пак е непотребен?
Доколку можете наведете и конкретни примери.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
...мои бон високотонски правила су дека пица се еде само сс руку, без прибор, и дека кд одиу сс девојче по улицу ја увек оду од страну на улицу(у случај ако се деси нешто мене да ми се деси а не на њума...) : )
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Еве јас ќе споделам неколку што ги применувам редовно:

1. Кога се влегува некаде, секогаш прво влегува машкото, а потоа девојката.
2. Кога се излегува од некаде, секогаш прво излегува девојката, па машкото (ако и отвори врата, уште поубаво :)
3. При качување по скали секогаш прва оди девојката, а по неа машкото (на пример во случај да носи мини здолниште, или се сопне, да може да ја задржи машкото)
4. При симнување по скали, секогаш прво оди машкото, а по него девојката (исто доколку се сопне при симнувањето, да може да се задржи за машкото).
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Во контактите со деловните партнери, најважен е првиот впечаток. Поради тоа, ако сакате што подобро да се покажете, не е доволно само убаво и уредно да седите на состанокот. Покрај сето тоа, многу е важно и како зборувате и како гестикулирате.
Сето тоа е дел од бонтонот кој треба да се почитува кога станува збор за состаноци на кои (ако ги почитувате сите правила на убаво однесување) постои добра можност да договорите добра деловна зделка.
Љубезен глас, ведро лице, фини движења и општа одмереност – еве ги првите неколку работи кои речиси секогаш би морале да бидат присутни во деловната конверзација, без разлика на тоа дали е тоа во сооднос со темата за која се разговара.
По јасното излагање и внимателно одбраните зборови, важно е не само да слушате, туку и да го чуете соговорникот, при тоа да не го прекинувате во излагањето и покрај тоа што ви е неизмерно досадно. Почекајте да заврши, а потоа почнете со реплика.
За водење на деловен разговор можете да користите белешки за да не дојде до забуна или застој. Додека разговарате со некого, немојте да му приоѓате многу блиску – трудете се да склучите договор, а не да го заведете соговорникот.
Во деловниот разговор не употребувајте негативни предзнаци или зборови како што се „па“, „ова“, „она“ и слично. Веројатно ви е јасно и зошто треба да избегнувате такви зборови.
Доколку почувствувате дека вашиот соговорник со вас зборува од височина, останете воздржани и не возвраќајте со иста мерка. Трудете се да не бидете преопширни, разликувајте го важното од неважното и попуштајте на ситници.
Не претерувајте со комплименти кон деловните партнери, користете што помалку празни и „слатки“ зборови. Трудете се да не се истакнувате во преден план, тоа нека биде соговорникот, кого јасно и љубезно ќе го гледате во лице (што не подразбира фиксирање со поглед).
Покрај тоа, останете смирени без разлика на исходот на разговорот што го водите.

Извор: www.crnobelo.com
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Бон-тон правила и дрн дрн јариња. Не сум го ни прочитал, а и немам намера да читам бон-тон. Уште помалку имам намера да се придржувам до бон тон, фенг шуи и слични срања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Бон-тон правила и дрн дрн јариња. Не сум го ни прочитал, а и немам намера да читам бон-тон. Уште помалку имам намера да се придржувам до бон тон, фенг шуи и слични срања.
Бонтон правилата се култура на однесување. Па сега види ти што напиша :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Бонтон правилата се култура на однесување. Па сега види ти што напиша :)
Знам многу убаво што напишав. Само реков дека се оградувам од такви глупостарии и си постапувам онака како што јас мислам дека треба;)