Болен татко на две дечиња моли за помош

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Игорче Петковски е татко на две малолетни деца, храбар и позитивен човек, кого животот го натера да моли за помошта која му е и повеќе од потребна.

Тој цели 4 години се бори со леукемија, поточно Hairy Cell, хронична болест која ги напаѓа белите крвни зрнца.

Оваа болест се третира со хемотерапија (Cladribine, Retuximab), која за прв пат ја примив пролетта 2009 година.

-Оваа терапија треба да го стави пациентот во Ремисија, што и се случи со мене. Три години немав скоро никакви проблеми, но пролетта 2011 година по некој мали индикации направивме биопсија која даде резулат дека болеста е повторно вратена. Хемотерапијата повторно, но овој пат не успешно. Мојот хематолог тогаш ги дигаше рамениците и кажуваше дека за мене спас во оваа држава нема, вели Петковски во својот јавен повик.

Трошоците за почетното испитување се околу 15.000 евра, со што би се утврдила точната варијанта на болеста како и понатамошниот третман. Цената на третманот сеуште неможе да се утврди, затоа што сеуште не се знае точната дијагноза.

-Со таа цел Ве замолувам да ми помогнете да можам да заминам на лекување. Секој ден за мене е губење и опасност болеста фатално да напредува.Вашата помош е безценета безоглед на висината. Доколку сте во можност да ми помогнете Ве молам да донирате, повикува овој човек.

Сите кои се во можност да донираат тоа можат да го направат на следниов начин:

Денарска Сметка Бр. 280 107100758282 Со цел на дознака: ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО ЗА ИГОРЧЕ ПЕТКОВСКИ

Девизна Сметка за донации од Станство Бр: 280 107101007019110 SWIFT CODE: KRSKMK2X

БРОЈ ЗА ДОНАЦИИ: VIP 077 143 779