Музеј на мумиите - Мексико
Ова е најголемиот светски музеј посветен на мумифицираните тела. Изложени се повеќе од стотина мумии во различни степени на распаѓање. Некои се уште имаат кожа и веѓи над очите, додека нечии лица се целосно изгниени. Некои немаат прсти или нозе, а некои воопшто не потсетуваат на луѓе. Има и неколку мумифицирани тела на деца, а тука се наоѓа и најмалата мумија на светот, бебе родено со царски рез.
Музеј на пениси - Ирска
Овој музеј содржи импресивна колекција од над 300 примероци на пениси, од 90 видови животни. Некои се зачувани во формалдехид, како трофеи од лов, додека други се исушени и изложени на стаклени полици. Некои висат на ѕидовите, некои се подолги од метар и половина. Тука е изложен и најдолгиот пенис на светот, оној на синиот кит. Се уште нема полов орган од човек, но еден од покровителите на музејот побарал по смртта неговата „машкост“ да и биде изложена пред публиката
Музеј на телото - Амстердам
Во овој музеј кој има облик на човечко тело, посетителте имаат несекојдневна прилика да доживеат кивање низ носот, да скокаат на огромен јазик или со помош на 3Д наочари да го гледаат процесот на оплодување на човекова јајце клетка.
Музеј на направи за мачење - Амстердам
Оној кој ќе ги совлада претоходните музеи е доволно подготвен да го посети овој музеј, кој поседува средновековни направи за тортура. Музејот е посветен на историјата на човековата болка и поседува садистички предмети како на пример, направа за кршење на черепот, инквизиторска столица, тркалото за растегнување и многу други предмети за споро убивање.