Бизарни музеи

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Дали знаете за некаков музеј кој е посветен на колектирање чудни предмети? Или пак секојдневни предмети кои не очекувате да бидат изложени во посебен музеј.
Како на пример:

Музеј за тоалетни шољи

Музејот за банани

Музеј за бодликава жица и предмети создадени од истата

Музеј за запалки
 
  • Like
Реакции: Marrie

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Музејот на мумии во Мексико



Мумиите се зачувани тела на жртви од колера која избила во 1833.
Повеќето од изложените мумии се трупови на луѓе, чие семејство не можело да ја плати погребалната такса.



Дури има и бебиња.





Музејот на менструацијата и женското здравје



Неговата локација се наоѓа во подрум на рандом човек кој живее во Мериленд, САД.
Почнувајќи од 1955, Хари Финли, просечен човек, фасциниран од женската менструација, го посветил својот живот на создавање на колекција од женски продукти за интимна хигиена.
Меѓу експонатите изложени во музејот има и фустан направен од тампони.



Дел од архивите...

И нешто вакво:

 
  • Like
Реакции: ema09 and DarkPassenger

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Музеј на мумиите - Мексико
Ова е најголемиот светски музеј посветен на мумифицираните тела. Изложени се повеќе од стотина мумии во различни степени на распаѓање. Некои се уште имаат кожа и веѓи над очите, додека нечии лица се целосно изгниени. Некои немаат прсти или нозе, а некои воопшто не потсетуваат на луѓе. Има и неколку мумифицирани тела на деца, а тука се наоѓа и најмалата мумија на светот, бебе родено со царски рез.

Музеј на пениси - Ирска
Овој музеј содржи импресивна колекција од над 300 примероци на пениси, од 90 видови животни. Некои се зачувани во формалдехид, како трофеи од лов, додека други се исушени и изложени на стаклени полици. Некои висат на ѕидовите, некои се подолги од метар и половина. Тука е изложен и најдолгиот пенис на светот, оној на синиот кит. Се уште нема полов орган од човек, но еден од покровителите на музејот побарал по смртта неговата „машкост“ да и биде изложена пред публиката

Музеј на телото - Амстердам
Во овој музеј кој има облик на човечко тело, посетителте имаат несекојдневна прилика да доживеат кивање низ носот, да скокаат на огромен јазик или со помош на 3Д наочари да го гледаат процесот на оплодување на човекова јајце клетка.

Музеј на направи за мачење - Амстердам
Оној кој ќе ги совлада претоходните музеи е доволно подготвен да го посети овој музеј, кој поседува средновековни направи за тортура. Музејот е посветен на историјата на човековата болка и поседува садистички предмети како на пример, направа за кршење на черепот, инквизиторска столица, тркалото за растегнување и многу други предмети за споро убивање.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Музеј на пениси - Ирска
Овој музеј содржи импресивна колекција од над 300 примероци на пениси, од 90 видови животни. Некои се зачувани во формалдехид, како трофеи од лов, додека други се исушени и изложени на стаклени полици. Некои висат на ѕидовите, некои се подолги од метар и половина. Тука е изложен и најдолгиот пенис на светот, оној на синиот кит. Се уште нема полов орган од човек, но еден од покровителите на музејот побарал по смртта неговата „машкост“ да и биде изложена пред публиката
Сликовито: