И бензинот и дизелот си имаат предности и недостатоци.. Се зависи од потребата за која е купено возилото, колку се вози, на колкави и кои релации се вози, дали е потребна голема влечна сила (обртен момент) или не..
кола бензинец е поефтина при самото купување, полесно и поефтино е одржувањето, ама повеќе троши, има помала влечна сила од дизелот..
дизелот е поскап при кпупување, поскап за одржување, повеќе треба да се пази, особено со нашата лоша нафта што на нови дизели доста ги оштетува дизните, па треба превентивно додавање на адитиви (двотактол) за да се избегне ова и сл.. Меѓутоа си има поголема влечна сила, на угорници со 5 луѓе во кола си се искачуваш со 4та без проблем, кај бензин ова тешко (ако е мала кубикажа..)
На крај есапот се гледа според потребите, ако ти е за град нешто терај на бензин, утре ако возиш повеќе ќе го ставиш на плин, одржавањето е за смешен износ поскапо.. Ако возиш многу, нд 20-30.000 годишно тогаш дизел..