БРЕНД

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Голотија е BRAND кој го преферирам.
“Сеопфатност која задоволува” – сосема коректен слоган.
Во комбинација со неколку други BRAND-а, постигнувам фантастични резултати.
Приликите наметнуваат смерници.
За вообичаени прилики, кога во моја близина доминира присуството на лица кои не по мој избор се нашле во допир со мојот живот – Голотија во бледи нијанси, колку да се разбие монотонијата на BRAND-от Одмереност.
За вообичаени прилики, кога во моја близина доминира присуството на лица кои се од прилична важност за мојата личност и мојот живот – Голотија во нијанси со интензитет кој не го фрустира окото на восприемачот, во рамномерно распределена комбинација со BRAND-от Опуштеност.
За вообичаени прилики, кога во моја близина доминира присуството на лица кои се од исклучителна важност за моето битие – Голотија во нагласени нијанси, комбинирана со силни тонови од BRAND-от Емотивност.
За особено важни прилики, проследени со присуство на лице кое во дадениот момент го идентификувам со придавката единствен – Голотија во изразито доминантни нијанси, во комбинација со исто така силни нијанси од BRAND-от Страст.
Во определени случаи… поточно во поголемиот број случаи… всушност секогаш, во комбинацијата за особено важни прилики, проследени со присуство на лице кое во дадениот момент го идентификувам со придавката единствен, влетува и BRAND-от Љубов, на начин за мене сеуште недоволно разјаснет, и тоа во нијанси чиј интензитет е доведен до крајниот лимит.
Најпосле, за прилики кои се од незаменлива важност, во присуство на ниедно друго лице во моја близина – Голотија во целост.
Смерници почитувам.
Особено кога мојата личност е таа која ми ги наметнува.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Најпосле, за прилики кои се од незаменлива важност, во присуство на ниедно друго лице во моја близина – Голотија во целост.
Смерници почитувам.
Особено кога мојата личност е таа која ми ги наметнува.

...Ах, што убаво кажано...

Јас и мојата личност се љубиме најубаво, некој го крстија со име на цвеќе тоа, а јас го крстувам единствено во водичка со босилек. Амин!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue