А тебе те нема...

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Текстов е посветен на татко ми........

Ми требаш...
Те сакам...
Сакам да си тука...

Зошто немам на кој начин да ти пренесам што чуствувам а сакам да излезат овие емоции на површина, прво ми текна да ги напишам тука.

Никој не сака да ми објасни точно која е причината што си ме напуштил. Не велам дека само мене ме остави ама само јас не можам да поминам преку тоа и само јас се навраќам на минатото. Пробав да ја прашам нејзе но немав конкретен одговор. А многу сакам да знам. Зошто не сакам да ја правам истата грешка како вас. А во последно време секој ден си мислам дека сега ќе дојде крајот како што дојде крајот кај вас.

Секој ден ми е се по тешко што сум во овој за мене непознат град. Секоја вечер си легнувам тажна зошто не знам зошто се случуваат сите непознати и нови работи околу мене. Секогаш кога не знам како да се справам со ситуациите што ме сретнуваат се чудам зошто??? Зарем ништо не ме научивте? Зарем се лошо морам и самата да искусам на своја кожа? Зарем морам да заспивам со солзи во очите? Зарем морам да плачам и сега......

Сите си мислат дека тоа што они го искусиле е потешко и пострашно од тоа низ што поминале другите. Јас не сум исклучок. До пред некое време си мислев дека тоа што не комуницирам со тебе е тешко... Сега ми е уште потешко. Зошто веќе не комуницирам ни со нејзе. Си мислев дека барем еден родител е доволен но и таа не беше присутна кога најмногу ми требаше. И она ме напушти... И нејзе ја нема никаде. Се осеќам како сираче... Како засекогаш да ВЕ нема, како да сум сама на светов. Ме тешеа... ама барем знаеш дека се живи, дека се таму..... Не знам. Од каде да знам кога нигде ве нема??? Барем она се искажа дека не и требам и дека може и без мене. И барем за нејзе ми е мирна душава...

А ти? Последен пат кога те видов тебе ми рече ќе ми се јавиш... А каде си? Рече нема да заборавиш... Рече нема да ја направиш истата грешка... И пак те нема... И пак јас те барам, и пак те нема... А ти ми требаш сега повеќе од се. Сакам да си присутен, сакам да се осеќам како да припаѓам некаде. Не сакам да бидам препуштена сама на себе и да го осознавам овој нов свет без помош од некој мој...

Секој нов ден ми е предизвик зошто никој не ме научи како да живеам во заедница... А и како да ме научи кога никогаш не било тоа заедница???? Не може само еден да биде и татко и мајка. А јас веќе повеќе од доволно знам како е да си мајка. Не знам која е другата страна... Не знам како да се поставам кон мојот партер ако никогаш не сум гледала како се поставувате вие еден со друг.

Па само молчам... И доаѓа ноќта па плачам... Утрото се буди и се мислам... Каде ли згрешив сега? Зошто не е ништо како што очекував? Зошто ја имам оваа болка во душава и овој ѕид изѕидан кој сите останати... Кон оние што сакаат да ме прифатат и кои се трудат да се чуствувам како една од нив?!?

Извинете но текстов ќе остане недовршен... Зошто ни јас не го знам крајот... И онака приказнава нема крај а и не можам, се преплакав, ми се измати мозокот :place
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
не можам ништо да сторам да ти помогнам освен да ти кажам дека дека мораш да го прифатиш тоа и да живееш така се до оној момент додека не си создадеш свое семејство кое ќе ти надомести за сите исплакани солзи и лоши моменти... многу ми жал :x(hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Мила... таа празна дупка која твојот родител ја оставил во тебе никогаш нема да се потполни. Немој да бараш сега да ти надоместува за се, едноставно тоа не е можно. Немој да го бараш во други луѓе, така само уште попразна ке се чувствуваш...
Биди си сама потпора на себе, биди силна!
Долѓи години плачев поради истото тоа чувство на празнина, долги години правев грешки обидувајки се да најдам потпора во секого кој ке ми пружеше малку внимание и љубов, а работата била едноставна... ПОТПРИ СЕ НА САМАТА СЕБЕ. И сама знаеш дека ништо друго не вреди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Same shit, just a different asshole.

Пробај да бидеш малку поладнокрвна. Сконцентрирај се на луѓе кои ти значат и на работи кои те интересираат.
Крвта не е вода? Па не знам баш. На крајот на краиштата, секој е свој човек. Тешко е кога друг ја пишува твојата судбина. Но, во секој момент даден ти е одреден избор. Што е направено, направено е. Можат да се најдат милион оправданија, ама ниту едно нема да ти даде вистински одговор. Луѓето се себични по природа, прават грешки кои ќе ги увидат после многу години.

Едноставно, батали го секој кој не се грижел за тебе. Been there, done that.
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ако ти кажам дека ти ја разбирам тагата, ќе излажам.
Јас може и не знам како е да се сака татко, но перфектно добро ја разбирам празнината. Перфектно добро знам како е да се обвинуваш себе за нешто што ни одблиску не е твоја вина, да не знаеш како да се однесуваш во заедници кои се сосема нормални за другите, и да се прашуваш што би било кога би било. Немој, ко сестра те молам, нема ништо добро во тоа.
Не ти треба и не заслужил да го сакаш. Ако ти требал, ќе бил тука, ако љубовта била обострана - би бил тука.
Знам дека нема полошо чувство од она да знаеш дека некој со кој би требало да го делиш секојдневието, за тебе е жив мртовец, само знаеш дека постои и ништо друго. Знам, и јас секој ден се будам со тоа. И постојат моменти кога очајно ми биле потребни неговите раце и совети, но горчината секогаш ми ги надвладувала тие чувства.
Ако нешто помага, јас после 18 години за прв пат го слушнав гласот на татко ми, и тој глас кукавички зборуваше против мене, не осмелувајќи се ниту еднаш да го крене погледот. Ќе излажам ако кажам не ми се стресоа колениците и срцето, но, зошто би ми требал таков? Да не ме научи нешто вредно и корисно?
И никогаш, ама никогаш не би го сакала покрај мене. Се плашам дека би го стекнала неговиот кукавичлук.
Хм...“најважниот“ и “најголемиот“ маж во мојот живот, хах, не секогаш. Се може и без него, ехее.
Биди благодарна што сите лекции сама ги учиш. Иако многупати ќе паѓаш и ќе боли, и иако некогаш ќе го колнеш што не бил тука да те поддржи, одбрани и советува, еден ден ќе бидеш горда на својата сила.
Во овие случаи, детето е поголем маж од таткото.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
и мене татко ми ме напушти и се откажа од мене пред добри 17 години, и искрено си расчистив со тоа...ме болеше да...зашто и јас немав пример за тоа како е да се живее во едно здраво хармонично семејство...и секогаш ми фалела татковска љубов и подршка и совет и заштита ама еве за моја среќа преживеав и без него, и можда тоа ме направи посилна и понезависна...и јас сватив дека не можам да се ослонам на никој друг освен на себеси а и на луѓето кои се сега тука со мене и кои биле тука секогаш кога ми требале....а искрено сега не ми ни треба тој...не бил тука за мене кога најмногу ми требал а сега воопшто не ми треба....за мене тој човек не е ништо друго освен мој биолошки родител...а татко во никој случај....не ми треба и никогаш нема да ми треба...за мене тој не постои.....човек кој крева раце од сопственото чедо не е вреден ни за една твоја солза...тој едноставно не е човек и не постои ниедна разумна причина за да ја оправда неговата постапка...затоа расчисти си со тоа што побрзо за да не те јаде уште повеќе и за да не си ја измачуваш душата и срцето со прашања...едноставно не е вреден....
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
wow! најголемо благодарам за тоа што имавте трпение да го прочитате ова и разбирање читајќи ги моите несредени мисли... благодарам и за советите кои ќе ги применам за да биде светот пак со сиви нијанси а не само црно-бел ;)