Ајнштајн и професорот :)

malata..

Истакнат Член
16 февруари 2013
38
42
318
Професорот: Ти си христијанин, така ли е синко?

Студентот: Да, господине.

Професорот: Значи, ти веруваш во Бог?

Студентот: Апсолутно, господине.

Професорот: Дали Бог е Добар?

Студентот: Секако.

Професорот: Дали Бог е Семоќен?

Студентот: Да.

Професорот: Мојот брат умре од рак и покрај тоа што се молеше на Бог, да го излекува. Повеќето од нас ќе се обидат да им помогнат на другите во болеста. Но, Бог не. Тогаш, како овој Бог е добар?

(Студентот траеше.)

Професорот: Не можеш да одговориш, зар не? Ајде да почнеме од почеток, младо будалче. Дали Бог е добар?

Студентот: Да.

Професорот: Дали ѓаволот е добар?

Студентот: Не.

Професорот: Од каде доаѓа ѓаволот?

Студентот: Од... Бог...

Професорот: Токму така. Кажи ми синко, дали има зло на овој свет?

Студентот: Да.

Професорот: Злото е насекаде, зарем не? И Бог направи сè. Точно?

Студентот: Да.

Професорот: Значи, кој го направи злото?

(Студентот не одговараше.)

Професорот: Дали постои болест? Неморал? Омраза? Гордост? Сите овие ужасни нешта постојат на овој свет, зарем не?

Студентот: Да, господине.

Професорот: Значи, кој ги направи нив?

(Студентот немаше одговор.)

Професорот: Науката вели дека има 5 сетила кои ги користиме за да го идентификуваме и набљудуваме светот околу нас. Кажи ми, синко, дали некогаш си го видел Бог?

Студентот: Не, господине.

Професорот: Кажи ни, дали некогаш го имаш слушнато БОГ?

Студентот: Не, господине.

Професорот: Дали некогаш го имаш почувствувано Бог, пробано твојот Бог, миризнато твојот Бог? Дали некогаш си имал некоја ментална перцепција за Бог?

Студентот: Не, господине. Се плашам дека немам.

Професорот: Сè уште веруваш во Него?

Стдентот: Да.

Професорот: Според Емпирискиот, Тестирачкиот, Демострирачкиот Протокол, Науката вели твојот Бог не постои. Што велиш на тоа, синко?

Студентот: Ништо. Јас само ја имам мојата вера.

Професорот: Да, вера. И тоа е проблемот кој Науката го има.

Студентот: Професоре, дали постои такво нешто како топлина?

Професорот: Да.

Студентот: И дали постои такво нешто како ладно?

Професорот: Да.

Студентот: Не, господине. Не постои.

(Предавалната стана многу тивка со овој тек на настаните.)

Студентот: Господине, можете да имате многу топлина, уште поголема топлина, супер-топлина, мега-топлина, бела топлина, малку топлина или воопшто да немате топлина. Но, ние немаме ништо што е наречено студ. Може да се дојде до 458 степени под нулата што не е топлина, но не можеме да одиме понатаму, после тоа. Не постои нешто такво како ладно. Ладно е само збор кој го употребуваме да го опишеме отсуството на топлина. Ние не може да го измериме студот. Топлината е енергија. Ладно не е спротивно на топлина, господине, само отсуство од неа.

(Потполна тишина владееше во предавалната.)

Студентот: Што е со темнината, Професоре? Има ли нешто такво како темнината?

Професорот: Да. Што е ноќта ако не е темнината?

Студентот: Пак сте грешка, господине. Темнината е отсуство на нешто. Може да имате слаба светлина, нормална светлина, јасна светлина, блескава светлина. Но ако немате светлина постојано, немате ништо и тоа се нарекува темница, зар не? Во реалноста, темнината не е ништо. Ако е нешто, ќе бидете во можност темнината да ја затемните, нели?

Професорот: Која е поентата која ја правиш, младичу?

Студентот: Господине, мојата поента е недостатоците на вашите филозофски премиси.

Професорот: Недостатоци? Можеш ли да објасниш како?

Студентот: Господине, вие работите на премисите на дуалитетот. Вие се согласувате дека постои живот а потоа постои и смртта, добар Бог и лош Бог. Вие го гледате концептот за Бог како нешто ограничено, нешто што може да се измери. Господине, Науката не може да објасни дури ниту ЕДНА мисла. Користи електрицитет и магнетизам, но никогаш не ги
видела, а уште помалку се целосно разбрани. Да се гледа смртта како спротивност од животот е да се биде неук за фактот дека смртта не може да постои како суштинска работа.

Смртаа не е спротивност од животот: само отсуство од него. Сега кажи ми, Професоре, дали ги учите вашите студенти дека тие еволуирале од мајмунот?

Професорот: Ако се однесува на природниот еволутивен процес, да, се разбира, ги учам.

Студентот: Дали некогаш сте забележале еволуција со вашите очи, господине?

(Професорот одмавна со главата со насмевка, почнува да сфаќа каде аргументите водат.)

Студнетот: До сега, никој не го набљудувал процесот на еволуција на работа и не може дури ни да докаже дека овој процес преставува тековен потфат и дека е во постојаност. Не го предавате ли вашето мислење, господине? Дали со тоа не сте научник, туку проповедник?

(Во класот настана голема галама.)

Студентот: Има ли некој во овој клас, кој го има видено мозокот на Професорот?

(Сите во класот почнаа да се семат гласно.)

Студентот: Има ли некој овде кој некогаш го слушнал мозокот на Професорот, го почувствувал, го добпрел или миризнал? Никој од присутните не го направил тоа. Значи, според утврдените правила на Емпирискиот, Стабилен, Демонстрирачки Протокол, следи дека Науката вели дека вие немате мозок, господине. Со сета почит, господине, како
ние тогаш им веруваме на вашите предавања, господине?

(Во предавалната настапи тишина. Професорот се загледа во студентот, беше потполно збунет.)

Професорот: Претпоставувам, предавањата ги слушаш со вера, синко.

Студентот: Тоа е тоа господине... Токму така! Врската помеѓу човекот и

БОГ е ВЕРАТА. Тоа ги одржува сите работи живи и во движење.

П.С

тој студент бил Ајнштајн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Како некоја чума се шират ваквите, како да ги наречам, дебилизми можеби :^)?
Еден се прави паметен, ајде стадо по него ја актуелизира приказната уште толку.
Не го задиркувајте мртвиот, молам.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Крајот е епски (со таков тивок глас низ шепот) тој студент бил Анштајн:D
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Нема да исмевам некого ако е црн или бел, ако е маж или жена, ако е геј или стрејт. Таков се станува не по свој избор. Ама ке испевам некој за неговата религија затоа што тоа е слобода на избор - Рон Аткинсон или Мистер бин ако преферирате...(вистинска негова изјава)
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
најдена е на нет... :)
И не ти текна да ја провериш веродостојноста на оваа ретардирана анегдота? Па и самата можеш да заклучиш дека нема теоретски шанси најголемиот ум на 20-тиот век да бил волку глупав.

:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y