Афлатоксин

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Горе долу помина фамата околу афлатоксинот и се реши со тоа што се помести границата на дозволена концентрација на афлатоксин во млекото од 0,05 на 0,5...демек наеднаш станавме по имуни и отпорни па се зголеми границата.

Што е афлатоксин? Тоа е производ што настанува со развој на мувлата Aspergillus flavus. Оваа мувла главно се развива во регионите со влажна клима, ама како последица на суша.Баш како што беше климата на Балканот лани. Лани во Србија, најголемиот произведувач на пченка во регионот, експертите процениле дека дури 70 отсто од родот на пченката е заразена токму со оваа мувла.

Афлатоксинот го има во млекото преку пченката со која се храни стоката. Афлатоксинот во млекото е најсилниот канцероген што се наоѓа во природата. Во Србија и во Македонија дозволената концентрација на афлатоксинот во млекото е 0,05 микрограми на еден килограм, во ЕУ е 0,025, а во Унгарија е 0.

За да се произведе еден килограм сирење, потребни се најмалку 3,5 литри млеко. Тоа значи дека 3,5 пати е зголемена опасноста по здравјето на луѓето од еден килограм сирење.

Афлатоксинот кога еднаш ќе влезе во синџирот на исхраната, тешко се уништува. Возрасните лица имаат поголема толерантност кон афлатоксините затоа што се широко распространети во природата. Сепак, ако сте постојано изложени на неговото дејство, опасноста е голема, а најчестата болест што се јавува е рак на црниот дроб.

Сточната храна може да се исчисти од афлатоксините ако во храната на стоката се додадат одредени минерали што им овозможуваат на животните да ги исфрлат отровите. На афлатоксините отпорни се сојата, гравот, овесот и јачменот.

За да го снема афлатоксинот од млекото на кравата, потребен е само седумдневен прекин на исхраната со контаминираната пченка. Овој канцероген се појавува и во сите други млечни производи, а не само во млекото. Потрошувачот ни по вкус, ниту пак по мирис може да се посомнева дека некое млеко е токсично.
Акутната афлатоксикоза се одликува со нагло влошување на состојбата на организмот, внатрешно крвавење и смрт. Сепак, ова се промени што настануваат со исклучително големи примања на афлатоксин.

Исто така некаде прочитав дека афлатоксинот може да го има и на сувото овошје, како што се сушени кајсии, сушени сливи, сушени смокви и сл. кое го сушат во исти или слични услови каде што се чува и складира пченката...
Најмногу ме загрижува фактот што кај нас сето увезено суво овошје, палента, гриз и слични продукти кои се нудат во маркетите се со српско потекло...

Јас имам мало дете..сакам да го хранам здраво...а како да го постигнам тоа кога знам дека пред се’ млекото е загадено, сувото овошје (кое моментално го нема како свежо па го купувам како суво со цел детето да има разновидна исхрана) е исто така загадено, пилешкото месо е полно со хормони и што ли уште не ни’ пласираат на пазар производителите на прехрамбени продукти, кој знае што се крие под тие атрактивни и убаво спакувани артикли..

Со што да се храниме и уште поважно со што да ги храниме децата без да стравуваме дека ги труеме?? Која храна е безбедна за нашето здравје?
Ваш став и мислење??
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Здрава храна во 21-ви век? Тоа бараш? Погледни го западот, имаш изобилие од храна која е генетски модифицирана. Генетски модифицираната храна (накратко) има променета ДНК и при честа конзумација настојува да ја промени и ДНК-та на конзуматорот. Од друга страна, месото, млекото, јајцата и производите од нив се од животни удавени во хормони. Јас велам „Сакавте капитализам, сега јадете го.“
Најбезбедна храна за нашето здравје е храната која сами си ја произведуваме, која нема никакви пестициди, нема зголемено присуство на некои хормони и е одгледана во чиста средина. Таква скоро и да не можеш да најдеш.

Конкретно за афлатоксинот јас најдов нешто дека е габа која предизвикува некроза, цироза, рак на црниот дроб, аденома, психички проблеми итн. и дека може да се внесе во организам дури и преку кожата. Ниедно животно не е имуно на оваа габа, но сепак може да се намали ефектот врз организмот со зголемено конзумирање моркови, целер, брокула и сл.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra, Lena and lady_blue

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Па и јас мислев дека е безбедно да си земам млеко од кај некој кој си одгледува крави, за покасно да разберам дека истиот тој го хранел добитокот со ефтина пченка увезена од Србија??
Мислам, да полудиш...
Знам дека целата наша исхрана сега е нездрава и генетски модифицирана...ај не ми е за нас, ама како да се заштитат малите?
Ама тоа е...модерно време...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos