Аутлети низ Македонија и соседството

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Како ви се допаѓаат Аутелите низ државава (јас го знам само Борис Трајковски) со цените, тоа што го нудат, нивниот квалитет итн....
Дали сте биле во странство во некој аутлет и дали има голема разлика со нашите?
Јас во странство сум бил само во еден близу Космос, и има добри патики, маици. Си купив маица од таму и сум задоволен. А патики какви што барав тогаш немаа.

Ваше искуство?
 
Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Незнам дали Баргала во Штип и останатите фабричиња во таа околина може да се сметаат за аутлети или само продажба по фабричка цена...ма да кога ќе видиш и кога ќе собереш се, некако не ти се исплати да тепаш време за 300 денари поскапо ќе си го купиш во продавница.
 
Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
А во Мега аутлетот Во Солун кај Космос - преовладуваат исклучително стари модели за ниски цени.
 
LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Си можел малку да појасниш околу аутлетот.:)
Сеедно, еве јас: аутлетот претствавуваат гардероба и чевли од изминатите сезони кои се продаваат по пониски цени.
Аутлет на Викторијассиктер има во Скопје. Аутлети на некои брендови исто така може да се најдат во Скопје.
Само разликата е што овде цените не се како за аутлет колекции.
Затоа јас лично не ги купувам. Се продаваат по цена по која биле тогаш кога излегле.
А овде кај нас, не само што цените се превисоки за аутлет, туку тоа е етпен аутлет. Т.е. колекции од пред 5 години...
Ептен застарени модели кои ни на попусти не се продаваат.
Не купувам аутлет ни овде, ни во соседните држави бидејки она што ми се допаѓа го купувам тогаш кога ќе излезе.
 
Па јас мислам дека веќе сите знаат што е Аутлет.
 
Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Во Борис Трајковски аутлетот бев пред 1 месец и од патиките ниедна не ми се допадна, а дресови имаше добри. Се сум во план да појдам да купам и на крај ништо. Мора да отидам побрзо да не ми ги испокупат маиците што ми се свиѓаат. :D
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Дали некој го има посетено аутлетот во Борис Трајковски сега брзо,или некој друг аутлет во Скопје, ме интересира цени на копачки , без разлика од која марка се.