Астрологијата и парите

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,259
1,133
25
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Дали често се грижите за вашата финансиска состојба? Ќе бидете богати или сиромашни? Ќе живеете скромно или луксузно? Еве што кажуваат планетите за тоа како се чувствувате во врска со парите.
Грижите околу парите и сигурноста се проблем на земјените знаци (бик, девица, јарец) и делумно на Водолијата...
Јарецот почнува да ја пресметува својата пензија уште од денот кога ќе заврши факултет. Тој постојано живее во страв дека нема да има доволно пари за наредната календарска година...

На бикот му е многу важна финансиската стабилност и затоа повремено си трга пари во касичка, за да биде сигурен дека секогаш ќе може да си ги дозволи егзистенцијалните потреби. Понекогаш бикот остава впечаток на недарежлива личност, меѓутоа тоа е така кога го преовладува тој прикриен страв дека ќе остане сиромав.
Девицата има тенденција да се грижи за сè, па парите се само еден сегмент околу кој таа има чувство на сомнеж и неизвесност. Наспроти нивната добра репутација дека се многу уредни и педантни личности, девиците во суштина се многу хаотични кога станува збор за парите. И покрај нивната неснаодливост со пари, во финансиски кризи стануваат многу снаодливи. Можеби никогаш не се премногу оптимистични, но имаат некакви специјални моќи.
Водолијата врз која многу силно влијание има Сатурн е екстремно приврзана кон она што е нејзино. Неа не ѝ се допаѓа идејата да нема богатство или статус во општеството, па затоа таа попрво би избрала да акумулира што е можно повеќе пари, отколку да живее од денес за утре. Водолијата пак, со доминантно влијание од Уран, го прави токму спротивното – не се грижи за тоа што ќе дојде утре.
Овенот и стрелецот се прилично слични кога станува збор за пари. Живеат среќно и задоволно сé додека нивните основни потреби се задоволени, бидејќи тие се цврсто уверени дека заштитната мрежа ќе се појави во моментот кога евентуално би „паднале“ на финансиски план. Благодарение на влијанието на Јупитер, стрелецот е непоправлив оптимист, кој едноставно знае дека одвреме-навреме може да си дозволи мала пауза од работата, а притоа да има доволно пари за да ги преживее наредните неколку недели.
Рибите, кои го делат влијанието на Јупитер со стрелецот, исто така ја имаат таа среќна жичка и коцкарски инстинкт, дека со помош од универзумот, сé ќе стане подобро еден ден.
Лавот е огнен знак, но има недостаток од таа моќна самодоверба која ја имаат останатите знаци од неговата категорија, овен и стрелец. Тој верува дека заслужува да биде богат и дека парите се негово право стекнато со раѓање, а така најчесто и излегува.
Близнаците имаат тенденција да бидат и оптимисти и песимисти, како резултат на нивната двојна природа. Еден ден се во добро расположение, нареден се депресивни. Но, тие имаат интуиција за пари и генерално го претчувствуваат правецот кон кој треба да се упатат за да стигнат до богатство.
Ракот и скорпијата ја делат несигурноста околу парите со бикот. Како резултат на тоа, тие сакаат да чуваат парични резерви, со цел да се чувствуваат стабилно. Тие во ниту еден момент не би си дозволиле себеси да останат куси со пари, бидејќи им е од голема важност никогаш да не останат сиромашни.
Вагата го цени она што парите можат да го купат и верува дека небото ќе ѝ помогне да ги има, мислејќи дека го заслужува тоа задоволство. Таа секогаш ќе најде начин да ги плати сметките на време. Едниот начин да ѝ бидат сметките чисти, е ако има доволно пари во банка, а другиот е ако има финансиски стабилен партнер.....
извор:Каfepauza.mk
 
  • Like
Реакции: Martin_MKD

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Лавот е огнен знак, но има недостаток од таа моќна самодоверба која ја имаат останатите знаци од неговата категорија, овен и стрелец. Тој верува дека заслужува да биде богатаШ и дека парите се негово право стекнато со раѓање, а така најчесто и излегува.


Абе се’ ми е точно. Од А до Ш:patos
 
  • Like
Реакции: ●Untouchable°

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Лавот е огнен знак, но има недостаток од таа моќна самодоверба која ја имаат останатите знаци од неговата категорија, овен и стрелец. Тој верува дека заслужува да биде богат и дека парите се негово право стекнато со раѓање, а така најчесто и излегува.


Абе се’ ми е точно. Од А до Ш:patos
Само што нема Ш во речениците :biggrin
 
  • Like
Реакции: Arkantos

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,105
971
733
Јарецот почнува да ја пресметува својата пензија уште од денот кога ќе заврши факултет. Тој постојано живее во страв дека нема да има доволно пари за наредната календарска година...

Хахахахахахахаах да да Јарчето и парите. Материјалисти сме, сакаме пари сакаме многу да трошиме и секогаш не фаќа паника кога сме при крај со пари :)
 
  • Like
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,446
3,794
1,153
24
Битола
Јарецот почнува да ја пресметува својата пензија уште од денот кога ќе заврши факултет. Тој постојано живее во страв дека нема да има доволно пари за наредната календарска година...

Хахахахахахахаах да да Јарчето и парите. Материјалисти сме, сакаме пари сакаме многу да трошиме и секогаш не фаќа паника кога сме при крај со пари :)
Брат ми е Јарец хахаха неможам да ве смислам колку не одговараме карактерно, јас сум Овен иначе и во се имаме различно мислење со брат ми и стварно е материјалист и паничи многу со парите. LOL :D
 
  • Like
Реакции: Ѕвездичка