Луѓе, не зезајте, излезе ли душата, оде и астрално и физичко тело. Сум ги имала неколку вакви, обично траеле по неколку секунди, мислам дека имам пишувано во друга тема, чинам имаше слична со оваа, не ме фаќајте за збор.
Знам само дека најчесто ми се случувало кога сум многу уморна. Обично при процесот не сум била свесна, туку веднаш си ја видов собата во некој искривен, налик 3D облик, а боите се многу поразлични, исто и звуците.
Само еднаш ми се случило целиот процес да ми остане врежан во глава, првин на 2-3 секунди се осети тотално опуштање, ко цело тело да е во бестежинска состојба, потоа паметам дека почнаа многу да ми трнат врвовите од прстите и имав јако зуење во ушите, понатака беше лесно, се проврткав малку, ама веројатно ми фуфнало, па се разбудив веднаш, оти секогаш кога одам да спијам, потсвесно имам страв да не западнам во спиечка парализа, е, тоа чувство најмногу го мразам.
И не е играчка што се учи туку-така. Во почетни стази не може да се оди многу далеку, се губи енергијата над која би требало да се има контрола и може бајаги да ве исплаши ако снемате енергија да се вратите во телото. Нешто ко stamina во игрите.
The more experience you get, the more you level up.