1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Аспекти на дискриминација во општеството

Дискусија во форумот 'Социологија' започната од The_Mayor, 2 септември 2012.

  1. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,838
    Допаѓања:
    6,527
    За дискриминација на работа нема да зборувам... ќе зборувам од еден друг апсект, малку поинтересен.:zelen

    Понекогаш и ние мажите сами се дискриминираме во општеството, забораваме на половата еднаквост.
    Фактички дискриминацијата резултира како произвот на кавалерството .
    Зошто никогаш на другар не сте му отвориле врата од кола? - Во никој случај, педерски е ептен.:zelen
    Или кога влегувате некаде постои изреката- лејдис фрст? - Зошто не биде џентлменс фрст.
    Не постои ден на другарот па да си подарите ти него 1 гајба пиво тој тебе 1 цвеќе канабис....ама затоа постои денот на жената, каде во дамнешни времиња се купуваше цвеќе... а сега цвеќе + бижутерија/чоколадцина/парфеми/танги/чорапи со чипка итн. (суперлативот е крив, не се мажите)...валда во иднина (за 200 години) ќе се поклонуваат - цвеќе + соба од спратот/ бандажите од колата/резервната гума од камионот/бришачи за хиликоптер/авионско крило/локомотива од воз итн... а овие побогатите цвеќе +дел од месечината, железницата во Прага, метрото во Париз, 2000 квадрати со 7 маркици и одобрение за градба на Јупитер, тестаментот од дедоти....абе вака би изгледало : Срце среќен 8ми Март, повели мала пажња (цело Бајро од Битола ѓупците за доживотни слуги) те сакам најмногу и ова е најмалку што можев да направам за тебе.:sram
    Иначе ваквата дискриминација јас ја оправдувам а и ми годи да ме дискриминираат преку кавалерство... само да не ме дискриминира тој на шалтерот за пасоши - зошто ако рече лејдис фрст ќе се почувствувам тажно + агресивно.
     
    На ~ Скарлетка ~, Марија, Foxboro и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    издвоено во нова тема :biggrin
     
  3. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Епа ајде, подари ми гајба пиво, јас ќе ти пуштам една двојка по шоферот од Галеб. Да ја разбиеме малце дискриминацијава.

    :pusi
     
    На ~ Скарлетка ~, Марија, parvati и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Види вака... Ние немаме свој ден од причина што во историјата не се памети датум во кој ние сме се избориле за право на глас.
    Јест дека пред на настапи Патријахатот постоело време Матријахат, кога дамата си имала право да води многу убав живот(кажано во иронична смисла). Имала колку сака мажи, правела што сакала. И таткото на децата никогаш не бил познат.
    Но толку години жената била угнетувана, понижувана, толку долго и било одземано правото за образование слободен избор што време е во денешно време да им вратиме малку. Во име на многуте години понижување.
    Далеку од тоа дека треба да одиш по неа и да се лигавиш.
    Ама еден цвет за 8ми март ништо нема да не чини. И нема да не дискриминира во никаква смисла.
    Лошото е кај нас што скоро секогаш чекаме некој значаен датум за да подариме нешто па излегува како да ни е „обврска“ а обврските секогаш лошо се толкуваат - во случајов дискриминирачки.
     
  5. Teddy Picker

    Teddy Picker Староседелец

    Зачленет на:
    15 јуни 2012
    Мислења:
    155
    Допаѓања:
    162
    Само ќе напоменам за 8ми Март. Премногу глупо е тој ден да го одбележувате со поклон, цвеќе итн. Жената ќе биде посреќна ако некогаш изненадно и подарите цвеќе без причина отколку она вообичаеното „Среќен 8ми Март душо, ти купив цвеќе“ (или како и да и’ кажете). Така ќе знае дека сте се сетиле на неа кога сте поминале откај цвеќарата и сакате да и го разубавите денот, а не 8ми Март е и по тој повод ќе очекува поклон од вас.
    а он топик: и јас донекаде ја одобрувам ваквата дискриминација, зошто да не. Секогаш треба повеќе да и угодуваме на жената. Барем јас така се чуствувам посреќен, кога таа е среќна и ја сум причината за тоа
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,838
    Допаѓања:
    6,527
    Не си ја сватил поентата.
    Не го успорувам јас славењето на 8ми март....само го исмејувам и негирам суперлативот- изразувањето на љубов низ годините на овој ден. Иначе дискриминација постои, итоа на човештвото (не на половите) од милион аспекти гледано.

    А денот на таткото секако дека постои....и тоа беше вчера, само што никој не е информиран за овој ден- барем не овде во Македонија, или грешам.:unsure
    Јас барам официјален празник на другарот/другарката...каде постои еуфорија низ цел свет и разменување подароци со пријателот што го сметаш за близок....кога има празник за дрвата, зошто па да нема за другарите....не мислам дека дрвата се побитни од пријателите.
     
    На ~ Скарлетка ~ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ~ Скарлетка ~

    ~ Скарлетка ~ Активен Член

    Зачленет на:
    25 октомври 2012
    Мислења:
    348
    Допаѓања:
    204
    тукушто ќе напоменував за денот на таткото што може да се договориме во македонија да ви го славиме како ден на другарот дур не сте татко ;) се' се може ако се сака... а тотално си во право дека се дискриминирани мажите пошто толку години жените се бореле за права што кога ги добиле се плашеле да не им ги одземат и толку многу им придавале важност што се заборавило на вас по малце... ај ќе ни простите :zelen
     
    На The_Mayor му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: