Архитектура (општо)

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,017
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Тука може да постирате слики од било каква архитектура од било кое време и место. Слики и информации за објекти кои ви се допаѓаат, објекти кои ви се грди и сметате дека не требало никогаш да бидат изградени, архитекти кои ги почитувате и слично.

Мене еден од поомилените архитекти ми е Frank Gehry. Најмногу е познат по музејот Гугенхајм, во Билбао, Шпанија.

800px-Guggenheim-bilbao-jan05.jpg

Исто така, и по стата центарот Ray & Maria, во Кембриџ, Масачусетс.

Wfm_stata_center.jpg

Концертната сала на Walt Disney.

800px-Walt_Disney_Concert_Hall,_LA,_CA,_jjron_22.03.2012.jpg

Неговиот стил е деконструктивизам. Употребува чисти геометриски форми на коцка, пирамида, цилиндар и сл.

Dancing House во Прага.

399px-Case_danzanti.jpg

The Gehry Tower во Хановер.

450px-Hannover_Gehry-Tower.jpg
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,655
3,333
1,153
Не сум упатен во Архитектура ама за око куќава ми се допадна
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor and DarkPassenger

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Ова ми е омилена област за разговарање.Да селектирам дизајни од колекцијата што ја имам и ќе поставам слики од објекти и некои македонски :)
па започни и некоја тема за разговарањетогаш :)
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
па започни и некоја тема за разговарањетогаш :)

Со време слабо стојам :) Еве за 30-тина минути треба да одам.Од понеделник ќе отвараме дискусии, а сега набрзинка ако успеам да споделам нешто ќе биде супер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,017
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Вчера на 104 години, почина еден од најпознатите и најдобрите архитекти кои некогаш постоеле, Оскар Нимаер. Тој е еден од најзначајните претставници на модерната архитектура. Во 1956 година, заедно со тогашниот бразилски претседател Кубитчек, посетиле една огромна сува савана, среде ништо. Кубитчек му рекол на Оскар дека тука сака да изгради нов главен град на Бразил и дека сака токму тој да му помогне. Напочетокот овој проект изгледал како утопистички експеримент, но имал еколошка и социјалистичка димензија: сите станови биле сопственост на владата која евтино ги издавала на вработените, без квартови за богати, и со многу слободен простор. Нимаер конструирал голем број административни и комерцијални згради: палатата на претседателот, катедралата Бразилија во форма на огромна орхидеја, Националниот музеј, библиотеката. Сите овие негови дела се сметаат за антологиски, ремек дела на модерната уметност. Иако толкувањата на формите на неговите градби главно се поврзани со природата, тој има изјавено дека сите тие облини и кривини се инспирирани од бразилските жени. "Кога имате толку голем простор за освојување, кривата линија е природно решение. Еднаш напишав песна за кривата линија. Ја има во планините на мојата земја, во свиоците на реките, во брановите на океаните, и во телото на саканата жена".

Катедралата во Бразилија



Палатата на зората



Министерството за надворешни работи



Националниот конгрес



Казиното во Фунчал



Музејот на современа уметност



Националниот музеј



Музејот Оскар Нимаер во Куритиба

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MajkaMuNaMacko

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203


Ова многу ми се допадна интересен склоп со природата , минимализам изведен на мал простор без некакво драстично отскокнување ос самото место.