Апатија | Црнобело Форум

Апатија

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Апатијата се дефинира како отсуство на емоции,чувства,незаинтересираност за околината но и за самиот себе.
Отсуство на загриженост,страв,и имање индиферентен поглед кон светот.

Се смета дека оваа појава е во тесна врска со менталните болести.
Разочарувањата,стресовите,проблемите во животот и немоќта да се справат со нештата ја предизвикуваат апатијата.

Дали имате слушнато за оваа појава?
Дали мислите дека е психичка или само привремена состојба?
Дали познавате личност која е во апатија?
Дали апатијата може да се надмине и на кој начин?
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,388
1,133
Yellow submarine
Секако дека е прашање на ментална нестабилност таа појава, не може да бидеш индиферентен кон се што е околу тебе.
Сите повеќе или помалку се замараме со банални работи или прашања што носат вистинска загриженост. За да функционираш нормално, едноставно мора да ги игнорираш некои работи и ни под точка разно да не си ги ставаш при срце, ама не можеш и не смееш да бидеш кип што нема ни воља, ни желба ни интересирање за било што.
Ние сме луѓе од крв, месо и емоции. И точка. Не сме роботи што функционираат по некој механизам и дејствуваат единствено за да преживеат без притоа да користат било што друго освен основни инстинкти.

Не познавам таква личност.
Најверојатно може да се надмине со соодветни третмани, ама ако ти ја зајаде психата и таквото размислување си дозволил да те обземе не верувам дека ќе имаш воља ни да се решиш од тоа и да функционираш нормално.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,440
9,149
1,683
Кушкундалево
Привремена? Не, воопшто. Имам еден познаник кој така се потисна во себе, изгуби интерес за се` и сешто, ич не му беше гајле кај оди и кај се движи, што се случува околу него... Лошо. Еднаш пробав да разговарам околу тоа со него, ама ни за тоа не пројави некој посебен интерес. Познавајќи ја индиректно таа појава, сметам дека е тешко и напорно да се надмине, ама не и невозможно. Потребни се карактерни промени од корен, потребна е добра социјализација (зашто набљудувајќи увидов дека и интересот за дружење го снема) и потребно е некој кој ќе може да разговара отворено.

Дека е психичка состојба се сложувам, ама за болест... не би ја класифицирал таму.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,217
753
Имам еден далечен роднина, обичен дечко од обично семејство, со обичен живот.
Беше.
Никогаш не сфатив зошто се претвори во тоа што е сега, а после мислењава, можно е да пати од апатија, ако воопшто е можно апатијата да се појавила со тек на време.
Покрај здраво семејство дома, пред 5 години избега од дома, за да спие кај ќе стигне и да јаде остатоци од контињери.
Нон стоп го гледав низ град како свири на усна хармоника, вечно рамнодушен и незаинтересиран за ништо околу него.
Кога не свири, шета низ град, сам. Секогаш е сам.
Никој не видел ни најмал знак дека се работи за некое психичко растројство, што знам.
Да биле моменти не се, поминаа 5 години како си живее таков живот.

За трауми некои од неговото детство, ако има врска знам дека беше многу дебело дете и беше ептен навредуван во школо.
Ама беше стварно многу дебел.
Како пишувам се повеќе и повеќе се уверувам дека пати од апатија.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,440
9,149
1,683
Кушкундалево
Ова од тетка вики, чисто колку да се спореди со другите слични состојби.


Дијаграмов јасно покажува дека не е болест туку е состојба. Не е никакво растројство, не е никакво нарушување.