Антица 1.0

Nep0znat Pr0ekt

Нов член
21 март 2013
1
0
1
Поттикнат од неодамнешниот Global Game Jam Macedonia, започнав со собирање материјали од сајбер светов и ја создадов Антица, македонска авантуристичка 3D игра, која би се категоризирала како TPS (Third-person shooter). Играта содржи само едно ниво и сеуште се наоѓа во фаза на развивање кое ќе продолжи врз база на укажаниот фидбек. Според вашите коментари ќе одлучам до која развојна точка да ја ширам приказната со играва, додавање нови нивоа, објекти, карактери... Многу луѓе со своите совети директно или индиректно помогнаа во финализирањето на конечниот 1.0 продукт.


Опис:
Вие ја контролирате Антица, главниот карактер во играта. Вашата цел е движејќи се низ теренот да ги пронајдете десетте кутии со шеснаесеткрако сонце кои ви носат по 10 поени. Стандардните контроли за движење се W,S,A,D или стрелките соодветно, Space (за скок) и Shift+Z (за миграција од run во walk mode). Притоа внимавајте на:

непријател|негов квантитет|штета што ви ја нанесува врз здравјето (поени)
отскокнувачка топка|110|30
оган|6|50
вода (мало езеро)|2|во зависност од поминатото време при интеракција

За помош е вклучена и т.н. воздушна камера која ќе го прикажува воздушниот простор над ликот во определен момент. На секој агол од теренот има и по еден портал (всушност античка македонска кованица) кој инстантно ќе ве одведе кон некој од останатите портали во теренот.

Галерија (16 слики)


Од технички аспект:




http://www65.zippyshare.com/v/24231595/file.html


Ако поради било која причина не можете да го искористите примарниот линк, повелете алтернативни линкови:

https://mega.co.nz/#!hpYCHCKR!RHIkWFif3wwkLoF4iGtaTy-8oEt_IssfG8Wx8qTH0No

http://www.mediafire.com/?e9sw3h7b43u385g

http://www.sendspace.com/file/9dklno

Архивата "тежи" околу 22mb. По симнувањето екстрахирајте ја користејќи дополнителен софтвер како WinRAR, WinZip или бесплатниот 7-Zip. При отворањето имате можност да ја промените резолуцијата или деталите според вашите хардверски можности. Тестирана е и успешно работи на повеќе компјутери со различни хардварски перформанси (дури и на доста слаби графички) и на различни оперативни системи (XP, 7, 8) [32/64 bit].

Како автор не нарушувам никакви закони за спречување на пиратеријата. Секако имате моја дозвола да копирате било кој сегмент од овој текст на вашиот портал/блог. Не заборавајте да ја препорачате и споделите со вашите пријатели.

Официјален блог: http://www.nep0znatpr0ekt.com/

За понатамошен контакт со авторот, критика, пофалба, совет, пишувајте на следниов мејл: