Анкета

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Ми треба мала помош од вас,имам проеткна задача да направам анкета, е сега мојот дел секое прашање треба да го одговараат
по 3женски по 3машки лица освен во една група само 3 женски.
Првата група лица од 25 до 35 години -- (ми требат значи одговори од 3 женски и 3 машки лица)
Втора група лица од 35 до 45 години -- (тука ми требаат само одговори од 3женски лица)
Трета група лица од 55-65/70 години -- (одговори од 3 машки лица и 3женски ,тука прашајте некој родител или баба и дедо ако се расположени)

прашањата се следниве:
1.Дали познавате некој хомосексуалец и каков е вашиот однос со него?
2.Што мислите,дали хомосексуалноста е определба од раѓање или се стекнува?
3.Што мислите за идејата да се одржува геј парада во Скопје?
4.Дали мислислите дека во Скопје хомосексуалците се прифатени?
5.Дали мислислте дека хомосекусалците треба да бидат повеќе прифатени во нашето општество?

Ве замолувам само кога ќе ги одговарате прашањата да пишете во која група спаѓате.
Однапред Ви благодарам на помошта.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Спаѓам во првата група (од 25-35)
1.Дали познавате некој хомосексуалец и каков е вашиот однос со него?
Да, познавам. Односот ми е ист како и со сите останати другари и другарки. Конкретно тој е еден ми беше како брат.

2.Што мислите,дали хомосексуалноста е определба од раѓање или се стекнува?
Мислам дека е помалку од двете. Но пред се’ дека е од раѓање. Гејов што го познавам, а и неколку други, ги познавам од мали и одсекогаш биле исфеминизирани. Секако, постојат и латентни гејови, кои дошле во ситуација да бидат со истополов партнер и одтогаш сфатиле дека тоа е тоа што им недостигало цел живот.

3.Што мислите за идејата да се одржува геј парада во Скопје?
Таква парада не треба да одржува ни во Скопје ни било каде во светов.
Само изигруваат циркузанти и уште повеќе создаваат аверзија и одбивност кај останатите. А и не знам какви права бараат. Во ниеден формулар за вработување не постои графа секусална ориентација, значи е небитно, коа се пријавуваш во агенција за невработени исто не те прашуваат дали си или не геј, кога одиш во фонд за здравство или во банка, на факултет никој не те прашува дали си и или не геј, значи тоа не е предуслов за ништо. Па за кои права парадираат? (извини на долгиов одговор)

4.Дали мислите дека во Скопје хомосексуалците се прифатени?
Мислам дека се.

5.Дали мислите дека хомосекусалците треба да бидат повеќе прифатени во нашето општество?
Треба да бидат зашто и тие се луѓе без разлика на нивната сексуална ориентација.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Прва група

1.Дали познавате некој хомосексуалец и каков е вашиот однос со него?

Двајца бисексуалци, сосема ок се, нивна ствар е сексуалноста иако е безвеза цела ситуација, го кријат тоа и не сакаат да се дознае.

2.Што мислите,дали хомосексуалноста е определба од раѓање или се стекнува?

Кај некои ваљда е вродено а кај некои стекнато.

3.Што мислите за идејата да се одржува геј парада во Скопје?

Тие парадите се врв на дебилноста.

4.Дали мислислите дека во Скопје хомосексуалците се прифатени?

Којзнае, веројатно се повеќе прифатени отколку што се мисли со оглед дека хунзистан е библиски а помалку него шо би биле на запад.

5.Дали мислислте дека хомосекусалците треба да бидат повеќе прифатени во нашето општество?

Треба, не гледам како сексуалноста менува нешто, нивна ствар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Благодарам дечки, во првата група анкетата е завршена.
Сега ми требаат 3женски лица од 35 до 45 години .
и 3М.л ,3Ж.л од 55 до 70 (анкетирајте некоја бабичка или дедо многу ќе ми значат мислењата од нив)
 
Последна промена:

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
А чекај, што ако ти одговорам јас? Таму каде ќе ја дадеш анкетава нема да знаат колкав сум. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi