Аниме

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Се регистрирав на овој форум посебно заради ова.Од истата таа причина бидејќи не видов тема за аниме сериите се одлучив да отворам. (се надевам нема да замерите дека тазе-член одма отвора тема :p ).
Темава би му послужила и на оние кои им се потребни предлози и препораки на аниме серии.Најпрвин јас ќе го "скршам мразот" ќе ви препорачам 2-3 серии, па понатаму можеби и вие. :p

Death Note

Изработено е ремек дело кое што се состои од 37 епизоди. Се работи за едно момче Лајто (мој омилен лик во серијата затоа што и јас да сум на местото негово би го сторил истото :p ) кое што е премногу интелигентно и сосема случајно ја пронајде книгата Death Note. Книгата DeathNote служи за убивање т.е. го пишуваш името и презимето во книгата иии се знае што следува.
Ви го кажав воведот, мислам дека не би било потребно повеќе да кажувам бидејќи веќе преминуваме во спојлери (односно да кажувам работи кои што со тек на време ќе ги откриете доколку ја гледате серијата). Ви препорачувам да ја изгледате!

Elfen Lied

Се работи за серија којашто е драма со примеси на мали елементи на хорор и кратки моменти на хентаи :) не се плашете ништо страшно. :)
Се работи за едни луѓе мутирани наречени Diclonius кои што имаат способност да користат невидливи раце.Од страна на организацијата (најверојатно од владата) вршат експерименти врз нив, ама едно од нив ќе избега.
Потоа таа се начекува со едно момче и девојче кое што ќе го земат мутираното девојче и има интересни случки.
Во серијата ќе видите колку е битно во животот љубовта и пријателството. Осаменоста боли, и на секој човек му е потребна грижа,љубова и другар/ка да има до него.

Засега толку од мене ПОЗДРАВ!
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Death Note ми е омилена, затоа и отворив посебна тема, сметав дека заслужува од што толку е добра серијата. :D Го обожавам делот Final Fantasy VII Advent Children. Прејака приказна и прејако е направен аниме цртанот. Сега на листа за гледање ми е Black Butler, ми изгледа интересно. Ако некој ја има гледано, може да каже мислење. Иначе, не сакам Покемон, Дигимон и слични, предетски ми се. Сакам нешто слично на Death Note, со интересна приказна и квалитетен изглед (ако така можам да се изразам).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: beautifull liar

Сум бил во потрага по слично аниме како и Death Note ама разочарувачки било затоа што нема такво. Death Note е ремек дело! :)
Не сум ја гледал серијата Black Butler ,но имам наидувано на позитивни критики , што значи во иднина би ја гледал.Моментално гледам Berserk којашто се состои од 25 епизоди. Но, со оглед на тоа што мангата трае повеќе од еден век, има околу 1000 чаптери не ни пробувам да ја читам.
Не сум љубител на читање манги.
Последната серија што сум ја гледал онака интересна драма со квалитетен анимиран дел е Elfen Lied....
Следни серии на листата ми се:1) Vampire Hunter D
2)Ergo Proxy
3)Deadman wonderland

Да се сложувам со тоа.. и јас не ги сакам тие серии затоа барам нешто посериозно како што е Death Note, Elfen lied па и оваа Ergo Proxy според трејлериве на јутубе.
 
Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Не сум ги сретнала овие досега наведените, но ќе ги погледнам, изгледат интересно. :)

Досега го имам комплетирано само Avatar: The Last Airbender, и неговoто недовршено продолжение The Legend Of Korra. Хумористични авантути во кои се работи за свет во кој владеат четири нации: Water, Earth, Fire и Air во кое некои луѓе тн. бендери владеат со некој од четирите елементи. Само Аватарот ја има моќта на сите четири. Избива војна од страна на Огнените со цел да завладеат со сите територии и единствен кој може да се запре е малиот и недоволно искусен сегашен аватар Aang. Серијалот е за неговото едногодишно патешествие со цел да се истренира и усоврши за да го победи огнениот лорд.

Ги започнав и серијалите Fullmetal Alchemist. Драма во која приказната е за браќата Елрик, Едвард и Алфонс - алхемисти, одамна напуштени од нивниот татко, по смртта на мајка им паѓаат во искушение да ја вратат во живот со помош на алхемија. Нецелосно сфаќајќи го главниот закон на алхемијата за еквивалентна размена, обидот ќе биде неуспешен и едниот од нив ќе ги загуби раката и ногата, а другиот телото и душата му е закачена на метален оклоп. Со зацртана цел да ги повратат своите тела, Едвард од корист станува член на државните алхемичари, и придружуван од брат му, кренуваат во потрага на каменот на мудроста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Struggler

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Samurai Champloo(моето all-time favorite аниме)
Cowboy Bebop
One Piece
Black Blood Brothers
Hellsing
Rurouni Kenshin
Code Geass
Првото ви е задолжително,кратко е(има само 26 епизоди), ама ќе ви прирасне за срце заради приказната. Второто е слично на првото,на љубителите на џез/блуз би им се допаднало заради саундтракот,третото е едно од најгледаните анимеа,останатите ви се по избор :)
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Ги започнав и серијалите Fullmetal Alchemist. Драма во која приказната е за браќата Елрик, Едвард и Алфонс - алхемисти, одамна напуштени од нивниот татко, по смртта на мајка им паѓаат во искушение да ја вратат во живот со помош на алхемија. Нецелосно сфаќајќи го главниот закон на алхемијата за еквивалентна размена, обидот ќе биде неуспешен и едниот од нив ќе ги загуби раката и ногата, а другиот телото и душата му е закачена на метален оклоп. Со зацртана цел да ги повратат своите тела, Едвард од корист станува член на државните алхемичари, и придружуван од брат му, кренуваат во потрага на каменот на мудроста.

Во врска со оваа аниме серија многу луѓе што ја имаат гледано ми препорачуваат да не го гледам првиот дел,односно да ја гледам Fullmetal Alchemist: Brotherhood.
Била поквалитетна и со поинтересна приказна.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Solstice

Не сум ја гледал таа првата, можеби во иднина ќе ја погледнам.Но сакав да ти реплицирам за Hellsing...штом си пишал Hellsing, најверојатно ја немаш гледано поновата Hellsing: Ultimate OVA?
Се работи за истата серија само што има далеку поквалитетна анимација и приказната во првите епизоди е истата како што е во Hellsing.Потоа си добива свој правец на случувања, знаеш акција е ... :)
Значи од Hellsing: Ultimate OVA се вкупно 10 епизоди од коишто една епизода трае 40-50 минути.Доколку сакаш да ја симнеш оваа серија ќе ти дадам линк во ПП ( најверојатно забрането е јавно на форум да се доставуваат линкови, така да... ) ги имам 8те епизоди, а 9тата ќе ја изгледаш на јутубе ја има синхронизирано на јапонски, а превод англиски и 10тата ја има на посебна страница/група којашто доколку ги изгледаш овие 9, ќе ти ја дадам и таа страница. ;)
 
Гледано е Ultimate OVA,анимацијата е стварно одлична :)
Инаку,забораив да го додадам и Ninja Scroll у листава.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Здраво еве ме повторно! :)
Би сакал да Ви рецензирам уште 1-2 аниме серии што сум ги гледал во последно време. ;)

Claymore

Околу 25-26 епизоди е и не е завршена.Крајот на 26тата епизода ни малку не ми се допадна затоа што не се совпаѓа со мангата и не планираат најверојатно да продолжуваат со анимето воопшто.На почеток е интересна серијата, но потоа преминува во клише, што значи дека не ја допрочитав мангата затоа што веќе ми здосади.
Да се вратиме на анимето да кажам некоја реченица, па можеби ќе ја изгледате... Но! Не ви ја препорачувам затоа што нема крај и не е интересна понатаму.

Се работи за фантастична-акциона-драма во којашто на негативната страна се Јомите, а како спасители ги гледаме жените воини кои се создадени од страна на Организацијата.Жените-воини се пола јоми, пола луѓе тие ги убиваат Јомите по барање на помош од селата каде што се нападнати од страна на Јоми.По убивањето на Јомите од селото си плаќаат одреден дел пари за извршената услуга.
Но, луѓето исто така се плашат од овие жени и ги нарекуваат вештерките со сиви очи поточно ги нарекуваат Клејмори...Главниот лик во серијата е Клеер којашто при посета на едно села за да ги убие Јомите начекува едно момче кое што не се плашеше од неа и одлучи да ја следи неа.Таа најпрвин го одбиваше на секаков начин т.е. го тераше да престани да ја следи, но најпосле "попушти"...
Мислам дека ова е доста да Ви го кажам како вовед,затоа што вистинската причина на Клааре за да стани Клејмор би било поинтересно сами да ја откриете додека ја гледате серијата затоа што навистина вреди тој момент! :)

Highschool of the dead

Оваа серија луѓе е меч со две острици! :)))
Ај тоа што нема никаква содржина,барем да се потруделе ама за тепање на време е добра,доколку не знаете што да правите во моментот.
Најпрвин ќе кажам дека е потценувачки за машките, затоа што девојките се премногу супериорни за разлика од машките како надворешно така внатрешно.
Друга работа е тоа што женските премногу ги покажуваат своите делови како што се: задникот,градите, па дури ќе начекате и каде што се делумно голи со некои проѕирни блузи итн.. Што значи на некој начин може да го сметате ова за акција и хентаи!
Воведот е мислам дека е доста да кажам во една реченица, па вие оценете колку е "јака" приказната.
Настаната е зомби апокалипса и луѓево т.е. ученициве во школово треба да се спасат!

Solstice

Може да ми дадеш една кратка рецензија за Code Geass за што се работи,колку епизоди/сезони има и дали е завршена?
Многупати ми ја предложувале ама според трејлер на јутубе некако не ме влечи затоа што ми изгледа премногу детско со роботите или грешка сум?
 
Code Geass има околу 50тина епизоди ако не се лажам,се работи за војна помеѓу 3 нации,Britannia,The Chinese Federation и European Union. Како главен лик во серијата се издвојува прогонетиот британскиот принц Лилауч Ламперуж,кој понатака добива моќ да контролира кого сака,да прават што тој сака,само со тоа што ќе ги погледне во очи,моќта е наречена Geass. Понатака не ти откривам. Специфично аниме е,не е вообичаено,ама се надевам дека ќе ти се допадне,ако планираш да го гледаш :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto