Амбиваленција

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Психички феномен под кој се подразбира истовремено постоење на две различни емоции или намери кон некоја особа или предмет или во некоја ситуација пр.(сакам и несакам,мразам и љубам,се смеам или плачам). Нормален човек во некои прилики ја има оваа состојба на неодлучност. Амбивалентната состојба е просто кажано пола-пола,откако нешто ќе го сторите за да потоа размислувате и се мачите дали би било подобро да сте го направиле поинаку. Во последно време и мене ме прати амбивалентна состојба,но за среќа во блага состојба,поврзано е со работата и ми претставува малку стрес и покачување на тензија.Знам само,кога ќе "прекршам"т.с.одлучам што да одберам,ќе ми олесни(се надевам нема да се покаам). Едноставен пример за амбивалентност е кога седите со нов дечко и сега сакате тој да ве пољуби, типов ке наведне глава да го стори тоа а вие се тргате настрана и го избегнувате бакнежот!???? Колку често ви се случило да бидете амбивалентни и према кого,пријател или партнер,на работа или дома?Сте се запрашале ли од каде таа неодлучност?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Еднаш се правеше муабет за абортус и никако не можев да се одлучам дали сам `за` или `против` бидејќи има аргументи и за двете страни, па скроз ми е амбивалентен ставот кон тоа прашање. Да, се прекинува шанса за еден човечки живот и тоа е грозно. Но и живот во сиротиња 24/7, 365 не е живот ами спора смрт. Од друга страна не сум жена па и не е толку важно...:kafe
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Психички феномен под кој се подразбира истовремено постоење на две различни емоции или намери кон некоја особа или предмет или во некоја ситуација пр.(сакам и несакам,мразам и љубам,се смеам или плачам). Нормален човек во некои прилики ја има оваа состојба на неодлучност. Амбивалентната состојба е просто кажано пола-пола,откако нешто ќе го сторите за да потоа размислувате и се мачите дали би било подобро да сте го направиле поинаку. Во последно време и мене ме прати амбивалентна состојба,но за среќа во блага состојба,поврзано е со работата и ми претставува малку стрес и покачување на тензија.Знам само,кога ќе "прекршам"т.с.одлучам што да одберам,ќе ми олесни(се надевам нема да се покаам). Едноставен пример за амбивалентност е кога седите со нов дечко и сега сакате тој да ве пољуби, типов ке наведне глава да го стори тоа а вие се тргате настрана и го избегнувате бакнежот!???? Колку често ви се случило да бидете амбивалентни и према кого,пријател или партнер,на работа или дома?Сте се запрашале ли од каде таа неодлучност?
Многу често. Понекогаш затоа што не знам што сакам, а понекогаш затоа што знам што сакам, ама не си го дозволувам истото од одредени причини.
Ова второто најчесто се случува затоа што општеството наметнува некои норми, поради страв или предпазливост... Често ми се случува и во љубовта. Знам дека бескрајно го сакам, дека не е само страст, не е поради изглед или карактер... дека е поради се... но во одредени моменти (како периодот наречен ПМС на пример) размислувам за тоа дека полесен ми е животот сама и тогаш му се лутам, го оддалечувам од себе...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka and diva orhideja

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Ха-ха ... гледај ги Рефко и Чомбе и се ќе ти стане јасно за 'Амбиваленцијата'
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јас сум амбивалентна константно и тоа со маж ми.
Има моменти или периоди кога сум во состојба раката да ја пресечам за него...толку силни емоции ми се јавуваат.
А исто така има моменти кога ми доаѓа јас да му ја пресечам раката, чисто онака за да му нанесам болка, да го боли, да пати...
Ете на моменти го сакам ненормално многу, ама на момент го мразам из дубине душе...
А за други работи или кон други личности многу ретко сум амбивалентна...
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Скоро постојано сум амбивалентен, сметам дека преку амбиваленцијата се учам и дека тоа е краткотрајно. Од прилика така ќе биде околу 1 година, додека да почнам да расудувам што е пријатно,а што не во нормала.
Многу често при љубовна разделба, на погреб, на свадба, на нечија несреќа. Мутаво е малку. Некогаш дури и при сексуално "задоволсво" има некој бљак feeling.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and diva orhideja

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ми текна уште една работа кон која сум амбивалентна...Цигарите...
Ем сакам да ги пушам, ем се гадам од самата помисла што ми прават, дури некогаш и грижа на совест имам што ги пушам...
 

bonboonka

Полноправен Член
21 февруари 2015
38
12
8
Амбивалентна хм
често се прашувам дали сум срекна или несрекна просто неможам со себе да се договорам чувството ми е поделено буквално сум збунета од и вака и така и онака