Алергија на сперма

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
547
193
25
Ако забележите црвенкасти точки на вашата кожа и околно чешање по сексуалниот однос, можно е да сте алергични на сперма.
Незаштитениот сексуален однос најчесто значи можност за пренесување на сексуално преносливи болести или бременост. Но, научниците пронајдоа дека е можно да се појави и алергиска реакција на протеините кои што се содржат во спермата. Ако порано не сте имале алергиска реакција на сперма, можно е тоа да се должи на различните пропорции во структурата на спермата кај мажите.

Можните симптоми на алергиската рекација се болки во деловите од телото кои што биле во контакт со спермата, чешање, црвенкасти точки, оток и проблеми со дишењето. Повеќето од симптомите се јавуваат по 20-30 минути од контактот со спермата и можат да траат од неколку часови до неколку денови.

Како се лекува?

Наједноставниот начин е да се употребуваат кондоми при сексуалните односи. Ако пак, сакате да ја елиминирате алергиската реакција, вториот метод се инјекции кои што содржат мали количина на сперма од вашиот партнер. Третиот метод е третман кој што трае неколку часови, каде што докторот внесува големи количини од спермата на вашиот партнер во вашата вагина на секои дваесет минути.

Последните два методи кои што претставуваат активен третман на алергијата побаруваат од вас да имате сексуални односи со вашиот партнер најмалку два до три пати во неделата, поради тоа што фреквентното изложување на алергенот допринесува за успешноста на третманот.
 
  • Like
Реакции: m.o.p.

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,012
1,103
Не сваќам, како може да бидат луѓето алергични на протеин.
Ќе ти се смее некој на кажаново. Има милиони алергии на протеини. Прост пример- глутен (се наоѓа во житарките).
Мажот не би требало да може да заболи од ова, затоа што на сопстевениот имун истем му се презентираат сопствените антигени. Доколку реагираат антителата на нив, истите се уништуваат.
Кај жената (или друг маж, небитно;)) каде се создава овој вид реакција, алергените (протеините во спермата), индуцираат продукција на антитела (ИгЕ- одговорни за алергиска реакција) па се создава алергија.