Александар Сариевски

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Извонредниот пејач и композитор на песни, Александар Сариевски (20 јуни 1922 - 19 декември 2002), e една од најголемите легенди на македонската музика. Роден во Галичник, средното образование го завршил во Скопје, кога и почнал да свири хармоника. Во 1946 во Македонското радио ја снимил песната „А бре невесто око калешо“, со што почнува неговата голема и исклучително богата музичка кариера.
Во своите песни ги опеал родниот Галичник, невозвратената љубов, печалбарството, а познат е и по многуте хумористични песни. Тој беше пејач за кој со право народот вели дека се раѓа еднаш во сто години и чии песни вечно ќе зрачат со својот сјај. Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство.
Сариевски е еден од основачите на ансамблот „Танец“ и постојано патувал низ светот во благородна мисија на ширење на приказната за оригиналниот македонски народен мелоз. Сариевски е еден од најголемите амбасадори на автентичната култура на македонскиот народ.
Македонската култура и македонската музичка сцена му е благодарна на Александар кој беше човекот што ги премости океаните и на сè македонско во светот со децении му носеше врска со родниот крај, а на далечните народи најубедливо им говореше за трајноста на македонското име и богатството на неговата културна ризница.
Телеграма со изрази на искрено сочуство по повод смртта на Сариевски до неговото семејство упатил иминистерот за култура Благој Стефановски во која се вели дека „со смртта на овој доајен замина човекот, кој низ звукот на тапанот во „Тешкото“, низ народната песна, низ целиот свој живот од Галичник до легендата ја опеваше душата и битот на македонскиот народ“.
 

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Песни кои ги има испеано:
  • „Зајди, зајди јасно сонце“
  • „Учи ме мајко, карај ме“
  • „Јовано, Јованке
  • „Море сокол пие“
  • „Дејгиди луди млади години“
  • „Абер дојде Донке“
  • „Зајко кукурајко“
  • „Кандисал Ајрудин паша“ и многу други.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sofija... and melpomena

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Баш уникатен глас има човеков, а Зајко Кукурајко ми е најјака песна од народниве. Секогаш се смеам, кога ја слушам. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini, JaMi and kizzo

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
28
мммммм одличен избор :D
а оваа е мојата која највеке си ја сакам
Вака пената за Џан Софијо е напишана стрикно за баба ми Софија која јас сум на неа крстена ..Баба ми е жива и има 96 години,родена во Галичник :igra Мислам ти кажував за ова?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Некој што треба сите да го почитуваме, но повеќето од нас бијат шега со него и со неговото дејство. Искрено не ги слушам неговите песни ама признавам дека човеков имаше глас шо ќе го паметиме и добра смисла за хумор (можда само според мене). Тука потаму знам некоја песна поради братучед ми кој е окупиран со македонска народна музика (и секоја чест за него) па можда некој пат ќе запеам некој рефрен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo