Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
zanasAEK.jpg
Агенцијата за електронски комуникации е основана со Законот за електронски комуникации („Службен весник на РМ“ бр. 13/2005, 14/2007 и бр. 55/2007 и бр.98/2008 и бр. 83/2010), во 2005 година, како независно регулаторно тело на пазарите за електронски комуникации.
Со цел пазарот на електронски комуникации да се регулира на систематски начин, Агенцијата има цврсто дефинирани цели коишто треба да се постигнат. Агенцијата има насоки за да се постигнат целите за конкурентен пазар во кој ќе се создадат услови за крајните корисници да ги користат електронските комуникациски услуги со најдобар квалитет и по најповолни цени.

За да се утврдат стратешки насоки за развој на пазарот за електронски комуникации во Република Македонија, Агенцијата прво направи проценка на регулаторниот напредок којшто е постигнат во изминатиов период. Потребите од ваков документ се заради добивање јасна стратегија за развојот на пазарот која моменталната пазарна ситуација во Македонија првенствено ќе ја отслика од: техничка, финансиска, оперативна и конкурентна гледна точка. Проценка од овој тип е потребна и претставува основа за Агенцијата да добие систематска и чиста стратегија и акционен план за понатамошните активности.Секако, за да се следат ваквите практики, Агенцијата има јасна стратегија за развојот на пазарот којашто треба да се постигне, како и дефиниран пат којшто треба да се следи во еден краткорочен и среднорочен временски период.
Седиштето на Агенцијата за електронски комуникации е на ул. “Димитрие Чуповски” бр. 13 Скопје, со центри за контрола и мерење лоцирани во Скопје, Битола и Штип.
Нашата мисија е да создадеме поволни услови за ефективна и одржлива конкуренција на пазарот на електронските комуникации за да им служи на интересите на корисниците, стопанството и индустријата за комнуникации, преку ефективна, транспарентна, соодветна и проактивна примена на регулаторните алатки.
WEB страна: http://www.aek.mk

Незадоволен сум од интернетов цело време паѓа, ако пријавам ќе има ли некој ефект или веќе се жалел во АЕК па знае како иде се?
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
тие се грижат само за парите кои ги добиваат од операторите. така да, не очекувај ништо да сторат. Ќе ти најдат рачки од типот не плаќаш ова она....
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
тие се грижат само за парите кои ги добиваат од операторите. така да, не очекувај ништо да сторат. Ќе ти најдат рачки од типот не плаќаш ова она....
Имам сметки дека е платено се, само што почна месецов, а кога е при крај тогаш смрт ми е.. :S