Абортус: за или против?

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Штом го дала на посвојување свесно се одрекува од секакво право врз тоа дете, затоа и добро се размислува пред да се одлучи на тој чекор.
Најважно е што тоа дете добива право на живот, ќе има избор, можеби ќе го посвојат луѓе кои каде што ќе ги има сите удобности, во домовите не е ни најмалку идеално но пак ќе има можност да направи нешто со својот живот, и тие деца се образуваат и напредуваат, мислам дека и според Законот за згрижување деца од 18 до 26 години, децата без родители откако ќе ги напуштат домовите примаат социјална помош од 50 евра, сместување, факултетско образование и платени сметки.Не знам сега колку тоа се реализира но пак ќе речам, тоа дете има шанса за живот.
Исто тука постои и можноста да се предомисли мајката и да се откаже од тоа да го даде детето на посвојување кога ќе го види после раѓањето.
Мајчинската љубов е нешто најсилно, и колку и да мислиш дека не си спремен и дека не можеш на крајот за се наоѓаш решение кога се работи за твоето најмило.
 
violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Големата шанса да останеш самохрана мајка е дебела причина, а неспремноста да се биде родител е уште подебела!
И во случај на развод можеш да останеш самохрана мајка или не дај боже почине сопружникот, што треба тогаш ако веќе си го родила да го убиеш ли?
Тоа воопшто не е причина за абортус.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Пак ќе се навратам на постот на Биг Берта. Никогаш нема да си 100% заштитен, се случуваат „дар-марови“. Ако гледаме така тогаш да водиме љубов само кога имаме во план да зачнеме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene and Electra

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Cudna e coveckata psiha, polesno ke se odluci zdrav plod da abortira odkolku da go pokloni nekomu koj ke se raduva.Znaete li kolku parovi ili single posakuvaat dete a prirodata ne im ja dala taa moznost?Zosto da ne mu se dade moznost za zivot? Ako nekoj e spremen za sexualen odnos toj i taa treba da se spremni na site posledici . Sozrevanjeto ke bide pobrzo so dete vo zivotot. Odgleduvanjeto na dete e posebna odgovornost i nikogas ne si dovolno spremen.

Да го поклони? Значи зборуваме за дете, а не за џемпер. Објаснив погоре зошто мислам дека "поклонувањето" на дете е погрешно.

Најважно е што тоа дете добива право на живот, ќе има избор, можеби ќе го посвојат луѓе кои каде што ќе ги има сите удобности, во домовите не е ни најмалку идеално но пак ќе има можност да направи нешто со својот живот, и тие деца се образуваат и напредуваат, мислам дека и според Законот за згрижување деца од 18 до 26 години, децата без родители откако ќе ги напуштат домовите примаат социјална помош од 50 евра, сместување, факултетско образование и платени сметки.Не знам сега колку тоа се реализира но пак ќе речам, тоа дете има шанса за живот.

Најмалку идеално е. Според мене многу посебично е да го осудиш детето на таков живот. Не сум слушнала за платени сметки, а 50 евра за еден месец пресметајте дали се приближно доволно. А сум видела деца кои заминале од домови и станале жртви на наркоманија, проституција и многу други хорор сценарија. Затоа што немале добра мајчинска фигура. Со ова го завршувам дебатирањето тука, си кажав мој став, себична или не, сепак така мислам. Според мене многу посебично е да го осакатиш дете на лош живот, отколку да прекинеш бременост уште пред да се случи органогенезата.

За крај, една моја блиска роднина останала трудна кога била на почеток на факултет и одлучила да ја прекине бременоста бидејќи ниту тоа ниту тогашното момче (денес сопруг) немале завршено факултет, а камоли работа. Завршиле факултет, се вработиле, се венчале, денес си имаат две деца кои се успешни и среќни. Да го заджела тогаш детето, ќе морале да преживуваат, кој знае дали ќе се одлучеле за уште едно дете, и ќе морале леб и сол да јадат само за да не умрат од глад. Убаво рече @Electra , разграничете што е pro life, а што pro birth. Абортусот треба да е право на избор.
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
И во случај на развод можеш да останеш самохрана мајка или не дај боже почине сопружникот, што треба тогаш ако веќе си го родила да го убиеш ли?
Тоа воопшто не е причина за абортус.

Не беше тоа поентата на муабетот, прочитај ми ги постовите.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Оваа паралела абортус vs. неплодност ми е иста со споредбана „вие фрлате храна, а гладните во Африка немаат леб и вода“.
И што сме ние виновни? Кој колку среќа имал. Не може ние да јадеме земја или да немаме секс пошто таму некаде, некому фалело нешто.
Тоа е исто ко да бараме да се сечат и екстремитети во знак солидарност за оние што ги изгубиле во војни, несреќни случаи или биле родени без истите.
Муабетот е - многу пократкотрајно ќе патиш по нешто што си го немал, не си го видел и не си го допрел, отколку ради мајка Богородица статус да го родиш и да го фрлиш на милост и немилост на институции, па цел живот да не знаеш како израснало и во што прераснало.
Затоа имаме мрсули од родители со невоспитани дечишта. Е, пардон, ама таквите се погубни за општеството, не оној што бил доволно свесен дека не може да одгледа права и здрава индивидуа.
Дури мислиме на невино цицалче, може да играме на емоции, ама замислете го ко човек, одгледан неправилно пошто морал да се роди ради општество, комшии и лажни морали, а може ќе стане психопат, политичар, насилник што ќе ги крши домашните, пијан лекар, Хитлер одбиен од ликовна академија...или па некоја угнетена, потчинета, плашлива индивидуа без желба за живот.
Погреота се години минати во агонија и незадоволство.
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Никој не абортира од што му е убаво. Оваквата одлука најчесто е тешка, а понекогаш остава и доживотни последици врз психата на жената. Верувам дека никој од нас што е про абортус не го поддржува затоа што сака да убива фетуси, туку затоа што сметаме дека мора да се има избор и да постои оваа опција. Никој не смее да влијае врз одлуката за абортус, а најмалку државата!
Ја почитувам одлуката за абортус затоа што обожавам деца, колку и да звучи контрадикторно! Подобро фетус без развиени чувства, отколку дете кое ќе биде свесно за околностите и ќе страда.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5, Electra and Selene

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Moze li nekoj da spodeli iskustvo da opise kakvo e cuvstvoto na zenata posle abortus? Taa nikogas ne e istata kako prethodno.Vo nekoja vijuga ostanuva griza na sovest...duri i vo slucai koga imalo medicinska pricina da morala da go abortira fetusot...İ ne e tolku ednostavno da sme za ili protiv abortusot.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Никој не абортира од што му е убаво. Оваквата одлука најчесто е тешка, а понекогаш остава и доживотни последици врз психата на жената. Верувам дека никој од нас што е про абортус не го поддржува затоа што сака да убива фетуси, туку затоа што сметаме дека мора да се има избор и да постои оваа опција. Никој не смее да влијае врз одлуката за абортус, а најмалку државата!
Ја почитувам одлуката за абортус затоа што обожавам деца, колку и да звучи контрадикторно! Подобро фетус без развиени чувства, отколку дете кое ќе биде свесно за околностите и ќе страда.
Да забремени жена поради силување и слични ствари - ќе сфатам абортус.
Да е загрозен нејзиниот живот поради лоша поставеност на плодот(значи медицинска причина) - ќе сфатам абротус.
Ама во ера кога добро знаеме и мажите и жените како се забременува, и како се спречува бременост - е не сфаќам абортус.
Да, жената треба да има право што да прави со своето тело, ама за тоа постојат бре таблети, постои кондом, и ред други начини за спречување.
Јас сум за неодговорните да си ги сносат последиците за своите постапки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and MoonFairy

А во случај на несакана бременост, дури и кога била користена некаква заштита и се случила грешка?
Одговорните си ги сносуваат последиците, верувам дека абортусот не е пријатно искуство. Работава е ради таква грешка да не страда и трета, невина личност.