Имам еден проблем и после подолго време решив да го споделам со вас и да побарам совет.
Незнаев во која тема да го ставам но мислам дека овде највеке одговара.
На кратко ке ја објаснам ситуацијата во која се наоѓам.
Имам 18 год, имав долга врска од година и 3 месеци, и пред еден месец раскинавме. Имавме некои проблеми, најголем проблем е тоа што многу ретко излегувавме, имавме многу малку пријатели, тој беше многу љубоморен и ми беше забранил да се гледам со една другарка. Тоа не е се, ме имаше изневерено, јас му простив, но пред еден месец и јас го изневерив за да му вратам. Раскинавме поради сите тиа причини, тој ми се молеше но јас не се вратив. Ова е воведот сега следи главниот дел.
Пред 2-3 недели дознав дека сум бремена. Со сигурност, на гинеколог бев. Прво бев сигурна дека сакам да абортирам но сега не сум баш. Бившиот ми вели да се смириме, да се земеме, дека тој ме сака мене а и детето и дека тој ке се промени ке излегуваме, ке бидеме срекни итн.
Сега незнам што да правам дали да абортирам или да се омажам!?
Ова е од некој друг форум,а во случајов со девојкава би абортирала.Иако сум против абортусот,во овој случај би абортирала.