АПЕЛ ЗА ПОМОШ

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Ви се обраќаме со искрена молба за помош која што ни е потребна за лекување на нашиот син Боро Стаиќ.
Боро штотуку наполни 18 години,но за жал како последица на повреда на 4/5 пршлен на р'бетниот столб во моментов се соочува со најтешкиот предизвик во својот живот – повторно да го поврати своето здравје и да живее достоинствен и исполнет живот.
Имено, како последица на повредата нему му се потполно парализирани рацете и нозете (tetraplegia). И покрај свесноста за исклучително тешката повреда, кај Боро постои голем оптимизам. Тој е спремен за долготрајна и напорна рехабилитација за да ја оствари својата желба, повторно да ја поврати функционалноста на рацете и нозете. Но, за жал, можностите за негова рехабилитација во нашата земја се исцрпени и поради тоа се препорачува негово понатамошно лекување во странство.


За лекување ни се потребни финансиски средства кои ние не сме во можност да ги обезбедиме во целост. Поради тоа, Ве молиме во рамките на Вашите можности да ни помогнете.

Потребни информации за донирање:

100,00 денари со еден повик на 077 143 775 од мрежата на VIP
100,00 денари со еден повик на 075 143 171 од мрежата на ONE
100,00 денари со еден повик на 070 143 112 од мрежата на Т-MOBILE

Денарска сметка:
Сметка: 210-700000600857
Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро Стајиќ
Банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје

Девизна сметка :
IBAN Code: MK07210501594890345
Name of account owner: Zoran Stajikj
Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje
SWIFT : TUTUNMK22

Ви благодариме за Вашата хуманост,

Семејството на Боро Стајиќ
 

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
На 28ми февруари 2013, четврток, со почеток во 21:30 во Б2 ќе се одржи хуманитарен концерт, а со собраните средства ќе му се излезе во пресрет на Боро Стајиќ кој има целосна телесна парализа. На концертот ќе настапат Бени и Нон Стоп, Визија, Пеперминт, Хепи Енд и Метаверзус. Концертот е организиран од Општинска Организација на Црвен Крст Кисела Вода.

За повеќе инфо на http://www.facebook.com/events/142715725893899/

Плакатот - http://sphotos-f.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc7/295639_162191257268098_1668040493_n.jpg