- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,018
- 1,683
Џони Кеш е роден на 26 фебруари 1932 година во Кингленд, Арканзас. Неговите родители Реј и Кери, не можеле да се одлучат кое има да му го дадат, па решиле да му ги дадат иницијалите J. R. (Џеј Ар). Кога се пријавил за воздухопловните сили на САД, војската не прифаќала иницијали за име, па самиот си го дал името Џон. Кога потпишал за продуцентската куќа Sun Records во 1955 година, го земал Џони Кеш како уметничко име.
Џони пораснал на фарма во малото место Дајс, каде што со родителите, браќата и сестрите работел на поле и собирал памук. Токму таму за прв пат се запознал со музиката. Во 1954-тата година, заедно со својата девојка Вивијан (која подоцна ќе му биде и жена) се преселиле во Мемфис, Тенеси, каде што свирел со уште двајца пријатели, (биле наречени Tennessee Two) и пеел најчесто црковни песни.
На 4-ти декември, 1956 година, Елвис Пресли дошол во студиото на Сем Филипс (продуцент на рок енд рол музиката во 50-тите), каде што присуствувале и Џони Кеш и Џери Ли Луис, и четворицата започнале ненадејна музикчка сеанса, од која произлегле многу касети кои се слушаат до ден денес.
Тогаш се дружел со Елвис Пресли и сфатил дека никогаш нема да го достигне неговиот еротичен рок енд рол настап, па одлучил да остане во кантри водите. Со тек на времето започнале караниците со Сем кој ја ограничувал неговата креативност, па набрзо го раскинале договорот, а Џони преминал во дискографската куќа Columbia Records. Кон крајот на 50-тите тој одржувал и по 200 концерти годишно, кои обично ги започнувал со зборовите "Hello, my name is Johnny Cash", со кои станал препознатлив. Во тоа време станал зависен од амфетамини и алкохол. Бил агресив, знаел да крши и шутира во предмети околу себе. Иако никогаш физички не ја повредил, неговата сопруга Вивијан повеќе не можела да го трпи, па нивниот брак се распаднал кон крајот на 1966 година.
Иако во многу моменти бил надвор од контрола, френетичната креативност на Кеш продолжила да носи хитови. Неговиот препев на „Ring of Fire“ била хит број 1, на листите и влегла во топ 20 на поп листите. Песната била напишана од Џун Картер и Мерла Килгор. Песната е оригинално пеена од сестрата на Џун, но маријачи звукот бил изведен од Кеш, кој вели дека му дошол на сон.
Џун Картер. Тие двајца се запознале уште во 1961 година кога таа му станала придружен вокал на неговите концерти.
Иако Кеш негувал одметнички имиџ никогаш не служел затворска казна. Иако бил во притвор неколку пати за помали прекршоци, секој престој му бил долг една ноќ. Најпознатиот прекршок на законот му се случил за време на турнеја во 1965, кога бил уапсен од страна на одделот за наркотици во Ел Пасо, Тексас. Полицајците се сомневале дека шверцувал хероин од Мексико, но биле препишани наркотици и амфетамини кои пејачот ги скрил во футролата од гитарата. Бидејќи биле препишани наркотици од доктор а не илегални наркотици, добил само суспензиона казна.
Кеш сочувствал со сите затвореници. Почнал да свири по различни затвори почнувајќи од доцните 60-ти. Овие настапи водеа до многу успешни албуми во живо, Johnny Cash at Folsom Prison(1968) и Johnny Cash at San Quentin (1969).
До раните 70-ти, неговиот имиџ станал „Човекот во црно“. Секогаш настапувал облечен во црно, со долго црно палто до колениците. Овој изглед бил спротивен за многуте кантри пејачи во тоа време кои носеле светли костуми и каубојски чизми.
Во средината на 80-ите, тој снимал и бил на турнеја соВејлон Џенингс, Вили Нелсон и Крис Кристоферсон како The Highwaymen, и направиле два хит албума.
Во овој период, Кеш се појавил во неколку ТВ филмови. Кеш станал зависен од аналгетици за сериозна абдоменална повреда во 1983 предизвикана на необичен начин, бил клоцнат од ној што го чувал на неговата фарма. Кариерата на Кеш и неговото пријателство со естаблишментот на Нешвил биле многу слаби во 80-ите. Во 1986, КЕш се вратил во Студијата на Sun во Мемфис се здружил со Рој Орбисон, Џери Ли Луис и Карл Перкинс да го создадат албумот Class of '55.
Откако го раскинал договорот со Колумбија Рекордс, имал краток обид со Меркјури Рекордс од 1987 до 1991. Во 1997, Кеш бил дијагностициран со неуродегенеративна болест Шај-Дрејгер синдром. Дијагнозата подцна била сменета со автономна неуропатија придружена од дијабетес. Бил хоспитализиран во 1998 сосериозна пнеумонија, што му ги оштетила белите дробови. Кеш умре по неполни четири месеца по смртта на неговата сопруга, на 12-ти септември, 2003, додека бил хоспитализиран во баптистичката Болница во Нешвил. Бил погребан до жена му во Hendersonville Memory Gardens близу неговиот дом во Хендерсонвил, Тенеси.
За мене, овој пејач е легенда во историјата на американската музика. Неговиот длабок глас е навистина уникатен и неговата бунтовност претставува препознатлива карактеристика на овој изведувач.
Што мислите за Џони Кеш?
Имате ли омилена песна?

Последна промена: