Да не постоела радозналоста како една од фундаменталните карактеристики на човекот (а и на животните) светов сѐ уште ќе бил во онаа доба на примитивност. Ниту ќе се отркиел огинот, ниту ќе сме дознаеле нешто повеќе за оние светли точки што ја осветлуваат ноќта.
Јас секогаш викам дека сум многу радознал човек. Во прилог на ова мое тврдење оди тоа што ме интересира да ги дознавам и најситните детали од животот на моите блиски - но, тоа не го „истражувам“ за да имам материјал за озборување, туку едноставно таква потреба си чувствувам, мислејќи дека ако ги знам и тие работи полесно ќе можам да им излезам во пресрет во моментите кога ќе им треба помош.
Како што еднаш си запишав на мојот блог (кој патем многу ми недостига) „ Милувам да им ја слушам тишината на моите сакани. “ - а тоа не се постигнува ако претходно не сум бил радознал.
1. Колку сме самите свесни за својата радозналост?
- Колективно, не би знаел да одговорам, но ако прашањето си го насочам само врз мојата личност, тогаш би рекол дека сум прилично свесен. Зошто би го рекол тоа? Па затоа што си се наоѓам себе си во ситуации каде што прашувам работи што не треба да бидат прашани - а кога ми одговараат, сум среќен до небото, кога не ми ја задоволуваат потребата сум тажен и го чувствувам студот на адот.
2. Дали воопшто знаеме да ја распознаеме вистинската љубопитност?
- Вистинската љубопитност? А која е лажната? Некако прашањево ми нема смисла или не успевам да ја пронајдам.
melpomena те молам прецизирај го, не ми функционира мозокот очигледно.
3. Зошто воопшто постои овој феномен кај човекот за знаење за туѓите животи?
- Зошто воопшто постои феноменот за потреба од храна и вода на секое живо суштество?
Ова болдираново е дел од тешко одговорливите прашања. Би рекол затоа што сме така креирани...да не привлекува непознатото, да не интересира што има зад прекривката на црнилото.
4. Каква корист од сето тоа? Паралелна споредба со самите себе си и начинот на кој живееме или чиста разонода?
- И тука не можам да дадам колективен одговор. Свртувајќи се кон себе си, би рекол затоа што сакам да знам како функционира мозокот на мојот ближен, а по некогаш и на оној што ми претставува енигма. Имам некоја чудна потреба на секое
зошто? - да го пронајдам неговото
затоа.
5. Но каква корист од љубопитноста за таканаречени трач муабети?
- Тоа е прашање на персонални потреби. Некои луѓе едноставно се задоволуваат од ширење и примање во себе невистини кои автоматски ги регистрираат како апсолутна вистина. - барем јас така го толкувам тоа.
6. Љубопитноста е знак на ителегенција,но под тоа не се подразбираат трачевите и оговарањата туку едноставното прашање зошто?
- Ако
ipopovski не бил љубопитен за да види како би функционирал форум на црнобело, би го пишувал ли јас сега ова мислење? Ако јас не сум бил љубопитен да видам како изгледа „од внатре“ погледот кон форумов би броел ли за 1000 и некое мислење повеќе овој форум? На крај, дали ако ти не си била радознала за мислењата на луѓето околу радозналоста би ја отворила ли темата? Јас сметам дека љубопитноста радозналоста подразбира живот или поконкретно живост. Секоја жива индивидуа функционира затоа што има степен на радозналост во себе, ако би немала, би седела затворена во една просторија не чувствувајќи ништо околу неа - не би имала потреба од радозналост да дознае како се чувствува кога правиш чекори по земјата.
7. Може ли љубопитноста да биде креативна?
- Креативноста е во основа сета детерминирана врз љубопитноста. Никој творец не би создал ништо, ако не застанал и не погледнал што се крие во неговиот мозокот.