Јужна Америка е еден од седумте континенти на планетата Земја. Се наоѓа на јужната земјина полутопка, односно во јужната хемисфера. Таа е дел од целокупното копно Америка, инаку поделено на три континенти, меѓу кои спаѓа и Јужна Америка (покрајсеверна и средна Америка). Името на овој континент, исто како и на другите две Америки, доаѓа од името на италијанскиотморепловец Америго Веспучи.
Јужна Америка зафаќа површина од околу 17,818,508 км2 и има население од околу 355,070,540 жители. Според овие податоци, Јужна Америка е на четврто место во светот во секоја од овие две категории, по Евроазија, Африка и Северна Америка.Јужна Америка е претежно низински континент. Најголемите планини се наоѓаат на запад, а тоа се Андите. Највисока точка на континентот е врвот Аконкагва (во Аргентина, на Андите), додека најниската се наоѓа во Амазонската низина (Бразил). Најголема (најполноводна) река е Амазон. Најголемо езеро во Јужна Америка е езерото Титикака кое се наоѓа во Перу.