Јужна Америка

TheFrisb

Староседелец
3 март 2012
97
161
1,043
Во друга галаксија :)
Јужна Америка е еден од седумте континенти на планетата Земја. Се наоѓа на јужната земјина полутопка, односно во јужната хемисфера. Таа е дел од целокупното копно Америка, инаку поделено на три континенти, меѓу кои спаѓа и Јужна Америка (покрајсеверна и средна Америка). Името на овој континент, исто како и на другите две Америки, доаѓа од името на италијанскиотморепловец Америго Веспучи.
Јужна Америка зафаќа површина од околу 17,818,508 км2 и има население од околу 355,070,540 жители. Според овие податоци, Јужна Америка е на четврто место во светот во секоја од овие две категории, по Евроазија, Африка и Северна Америка.Јужна Америка е претежно низински континент. Најголемите планини се наоѓаат на запад, а тоа се Андите. Највисока точка на континентот е врвот Аконкагва (во Аргентина, на Андите), додека најниската се наоѓа во Амазонската низина (Бразил). Најголема (најполноводна) река е Амазон. Најголемо езеро во Јужна Америка е езерото Титикака кое се наоѓа во Перу.
 
  • Like
Реакции: Gemini

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Многу интересен и примамлив континент...Многу би сакала да живеам во Јужна Америка....Може во Бразил или Перу :)
Моја омилена дестинација која сакам да ја посетам (само сакам, ама нема) Мачу Пикчу...
На почетокот на овој век е откриен високо во Андите на територијата на денешен Перу, големиот град- тврдина Мачу Пикчу. Него го подигнале Инките во 15 век, меѓутоа уште пред тоа на оваа територија живеело население...Изграден е на тешко пристапен врв со висина од 2700 метри надморска височина. Кога изумреле инките шумата го покрила мртвиот град. Сега тој претставува туристичка атракција, национален парк и заштитено природно и културно богатство...
 
  • Like
Реакции: cakar_ulav

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Рио де Жанеиро..нај убавиот град според мене...

ја има најголемата плажа Копа Кабана

и се разбира нај големиот и најпознатиот светски Карневал...

сакам тамуууууууууууууу:frantic
 
  • Like
Реакции: Aaliyah and Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Лорд Вилијам Перси поминал децении патувајќи низ светот обидувајќи се да го разбере и документира природниот свет. Така, колонизаторите на почетокот на 20-тиот век му овозможиле фин пречек во „дивата“ Америка. И тоа нејзиниот јужен дел.
Фотографиите што ќе ги видите подолу датираат од 1914 до 1954 година и на нив е прикажана комплетната човекова и животинска „природа“ во Јужна Америка.
Перси бил полковник и се пензионирал во 1919 година и голем дел од неговата колекција завршила во Американскиот Музеј за природна историја во Њујорк. Подоцна, делата им биле вратени на семејството и неговите потомци, па сега тие ги продаваат историски важните дела. Инаку, Перси бил познат и по своите патувања и во Африка, но сепак, фотографииве се од неговата посета во Јужна Америка.
 
  • Like
Реакции: Kitty

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Откриени 50 нови животински видови во Јужна Америка

Пекмен-жаба, каубој-жаба и сом-пирана се само некои од големиот број нови животински видови што научниците ги пронашле во џунглите во Суринам


Пекмен-жабата името го добила според популарната видеоигра
Експедицијата составена од повеќе научници и студенти, која три недели истражувала во џунглите во најмалата јужноамериканска држава Суринам, се вратија со големо откритие, објавувајќи дека пронашле педесетина нови животински видови.

Тринеделниот проектот го водела организацијата „Конзервејшн интернешнл“, а научниците и студентите имале помош и од домородците, кои ги шетале низ најгустите шуми во Суринам.

Тимот биолози составен да потврди дали навистина станува збор за нови видови велат дека од 1.300 примероци што се донесени, само 50 од нив би можеле да се стават во листата на досега непознати животински видови.

Меѓу необичните животински примероци најинтересна е таканаречената пекмен-жаба, која името го добила според популарната видеоигра. Станува збор за жаба што има многу голема уста и може да проголта плен голем колку неа, вклучувајќи помали птици или глодачи. Од новите водоземци, тука е и каубој-жабата, која на нозете има израстоци во вид на мамузи. Кожата на оваа жаба не е како кај другите водоземци, туку е прекриена со еден вид природен сомот и коскени боцки што ја штитат од нападите на опасните пирани што живеат во реките.

Покрај жабите, експедицијата откри и риба што е слична на пираните, затоа што има остри заби. Еден од членовите бил нападнат од оваа риба, а кога експедицијата успеала да ја совлада, сфатила дека станува збор за нов вид. Но, за разлика од пираната, оваа е малку поголема, затоа што е од семејството сомови. Експедицијата била толку многу фасцинирана од сомот-пирана што фатила еден примерок и го препарирала за својата колекција.

- Летајќи над тој дел со стотици километри не можете да видите ниту една улица, туку само густа шума. Тоа е едно од последните места на светот во кое може да се пронајде таква дивина, која „плаче“ за истражување. Но сега траба да и посветиме големо внимание, затоа што и таа може брзо да исчезне - вели водачот на проектот Тронд Ларсен.

Членовите на експедицијата, покрај новите животни, откриле и предисториски хиероглифи. Анализите на хиероглифите покажале дека оваа територија била населена најмалку пред 5.000 години. Инаку, во рамките на експедицијата од 2007 година во Суринам, биле откриени 24 нови животински видови.
Активистите на „Конзервејшн интернешнл“ се надеваат дека во тој дел од Суринам ќе се направи природен резерват за да се заштитат ретките животни, но и домородците што живеат таму. Исто така, тој би можело да стане и интересен за екотуризам.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Најдолг планински масив во Јужна Америка се Андите.
Тие составуваат долг планински венец покрај западниот брег на Јужна америка. Должината на планинскиот венец изнесува околу 7.000 километри и широк е од 200 до 700 километри. Просечната висина на планинскиот венец е околу 4.000 метри надморска височина. Највисок врв на Андите е Аконкагвасо 6.962 метри надморска височина.

колку убаво...

 
  • Like
Реакции: Marick14

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Во државата Чиле во Јужна Америка се наоѓа најдолгиот базен во светот

Се наоѓа во одморалиштето Сан Алфонсо Дел Мар на брегот на Тихиот океан, 100 км западно од градот Сантијаго.
Целта за изградба на базенот била загаденоста на океанот и големиот број на ајкули во близина на брегот.
Тој чини околу една милијарда долари, а неговата големина дозволува во него да е возите со кану, едреник и слично.

 
  • Like
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Чан Чан е археолошки локалитет во Перу кој се наоѓа во регионот Ла Либертад на околу 5 километри западно од Трухило. Чан Чан зафаќа површина од околу 20 km² и имал доста густо населен урбан центар со околу 6 km². Градот бил изграден од Кралството Чимор од народот Чиму во околу 850 година и функционирал сè до освојувањето на кралството од страна на Тавантинсују во 1470 година. Чан Чан бил главен град на Чимор додека кралството опстојувало и се проценува дека имал околу 30.000 жители.
Во 1986 година Чан Чан бил ставен на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО. Градот подлежал на торнада од Ел Нињо, при што имало силно дождови и поплави во регионот. Чан Чан се наоѓа во плоден регион богат со вода. Покрај поплавите, рушевините претрпеле оштетувања и од земјотреси.

Chanchan_fishnet_ruins.JPG

Типон е археолошки локалитет во склоп на Куско. За локалитетот се верува дека тој комплекс бил голем парк за кралското раководство на Тавантинсују. Како дел од паркот има и канали за вода низ кои и денес тече истата. Покрај каналите значителни се и терасите, кои дел се ископани а дел се под почвата.

799px-20090903_Tipon_Terrassen.JPG
 
  • Like
Реакции: Kitty

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,566
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
Многу интересен и примамлив континент...Многу би сакала да живеам во Јужна Америка....Може во Бразил или Перу :)
Моја омилена дестинација која сакам да ја посетам (само сакам, ама нема) Мачу Пикчу...
На почетокот на овој век е откриен високо во Андите на територијата на денешен Перу, големиот град- тврдина Мачу Пикчу. Него го подигнале Инките во 15 век, меѓутоа уште пред тоа на оваа територија живеело население...Изграден е на тешко пристапен врв со висина од 2700 метри надморска височина. Кога изумреле инките шумата го покрила мртвиот град. Сега тој претставува туристичка атракција, национален парк и заштитено природно и културно богатство...
да ама за време на војните помегу американците
само инките останале како племе кое не било рушено од нив
таму имало уште многу племиња како ИНКИТЕ....кое се една од најголемите мистерии во светот
што е стварно многу јака ствар да се посети местово :)
 
  • Like
Реакции: Kitty