Јас, каучот и омилениот ми телефон

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Таква, никаква како што сум во моментов, здробена и скршена ко прегазена од камион( не од еден, туку од конвој од камиони- шлепери)си лежам на каучот во дневна.
На ќебето што ми го поклони мајка ми за Божиќ, а во рака си го држам омилениот ми телефон( на сите мили и драги што ги знам им реков дека ќе се омажам за омилениот ми телефон).
И така си лежам на кауч со омилениот ми телефон опуштено, chillosana, без воља и мисла да станам од него.
А тој, каучот е бел, ооооогромен и имитација на кожа( добра имитација на кожа-(ова го кажувам зашто си го ценам каучот). И така тој каучот ме прегрнал во своите прегратки, ме заробил во себе, и ми вика:
Лено, Лено, Ленче убаво зелено девојченце, немој да си ме напуштила денеска, ни да помислиш на тоа.
Го оставам на страна саканиот ми телефон( тој што ќе се омажам за него )и чувствувам во себе:
Јас и каучот сме едно, една целина. Се стопив во каучот.
Залепена т. е заварена сум со него и нема шанса да станам.
Сфаќам колку уствари ми фалеше каучот и колку го обожавам( ако не и сакам)
сите овие денови.
Каучот, тој ооооогромен бел кауч имитација на кожа( добра имитација на кожа) е мојата денешна голема незаборавна љубов...
Ќе поминам прекрасен ден со него и омилениот ми телефон и уште по прекрасни моменти.
Ќе се препуштам на лудите ми мисли во главава и уште полудите ми идеи и ќе се опуштам во прегратките на каучот, а до мене омилениот ми телефон и ќе фантазирам...
...... си беше еднаш ...

префрлете во друга тема ако е несооведно за колумна пошто е онака нешто баш така онака:)јас не најдов нешто кај би можела да го напишам..
 
Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето

Добро перцепираш, но не би сакале да не оставиш во неизвесност - што понатаму? И не ми се допаѓа повторување на одреден поим повеќе од два пати. Ептен ако е интересен и занимлив ;) Се’ на се’ - Great job
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Хм, не ми се допаѓа кога прескокам одредени делови од текст затоа што сум ги прочитал милион пати.
Добра е замислата со повторувањето - само што мене не ми се допадна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хм, не ми се допаѓа кога прескокам одредени делови од текст затоа што сум ги прочитал милион пати.
Добра е замислата со повторувањето - само што мене не ми се допадна.
@Аrkantos,како викаш дека е добра идејата со прескокнувањето, но тебе не ти се допадна?
Ако веќе викаш дека е добра значи ти се допаднала,
а ако не ти се допаднала, значи неможе да биде добра;)
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Филмот со пајакот

Сакам да се туширам,
и гледам мало светло пајаче во када.
Го гледам јас, ме гледа и тоа( мислам дека ме гледа, не сум сигурна).
И во глава, ми доаѓа мисла која сум ја прочитала некаде:
Светли мали пајаци носат среќа, не ги убивајте..
Хммм..
Што да правам?
Да го убијам немилосрдно или да му го спасам животот?
Се одлучувам да му го спасам животот, може ќе ми донесе среќа.
Додека се трудам да го спасам т. е фатам,
размислувам за среќата..
Доволна ми е една мисла да направам цела тема на размислување во глава.
Среќата...
сите очекуваат некој или нешто да им донесе
среќа.
Сите очекуваат да најдат партнер кој ќе ги усреќи,
сите или повеќемина од нас, чекаат да добијат на лото и најпосле да бидат среќни..
Кога ќе видиме, животов ни поминува во
чекање ( на каса, во гужва, на следниот одмор, на телефонски повик, на платата, на автобусот, на некој кој ќе не усреќи ) па и на среќата..
И така,доаѓам до некој заклучок
дека среќата не е зависна од никој друг,
па ни од светлото пајаче кое се мачи да излезе од кадата, ама не му успева.
Среќата зависи од нас самите.
Се будиме наутро и сами одлучуваме дали ќе имаме среќен или никаков ден.
Мислите го прават своето, па и среќата.
Ако се, што се случува околу нас гледаме со негативни очекувања,
самите си ја ствараме несреќата со нашите мисли.
Гледајќи се позитивно
допринесуваме за нашата среќа..
Сето тоа би го нарекла игра на мислите,
среќа или несреќа.
Некои вечно чекаат на партнерот кој ќе ги направи среќни..
хмммм...
Никој не може на долг период да не прави среќни, ако самите не сме среќни.
Можеби ќе функционира едно време,
но потоа ќе бараме уште повеќе докази од негова страна,
кои ќе не направат среќни,..
неможејќи да ни ја даде или пружи нашата среќа,
ќе се жалиме како тој парнер не прави несреќни, со тоа што неможе да не направи среќни ...
Хе? Конфузија на мислите...
Зар не е среќа, кога додека врне се појавува сонцето и позади нас се појавува прекрасна слика на природата, виножитото?
Зар не е среќа што се будиме здрави
и се спремаме за на работа?
Зар не е среќа што имаме вода дома,
и не мораме да носиме кофи со вода донесени од изворот?
Зар не е среќа што сме ние, ние?
Би можела до утре да филозофирам за нештата кои би можеле да не направат среќни,но
најпосле успевам да го фатам пајачето
во дланките, и се прашувам како ме доживува во моментов?
Се плаши ли?
Или е среќно што му го спасив животот?

Го отварам ширум прозоророт од кујна,
ги отварам дланките,ги затварам очите
и посакувам желба( може стварно ќе ми донесе среќа пајачето)...
и го гледам како се губи од мојот видик..
Му го спасив животот, тоа е среќа:)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
@Аrkantos,како викаш дека е добра идејата со прескокнувањето, но тебе не ти се допадна?
Ако веќе викаш дека е добра значи ти се допаднала,
а ако не ти се допаднала, значи неможе да биде добра;)
Реков дека нема да пишувам веќе на форумов, ама грдо е некој да ме праша јас да не вратам.
Има разлика од Идеа - до реализација.
Идеата е одлична, можам да ти набројам илјадници писатели што пишуваат на ваков начин - и ми се допаѓаат речниците што ги читам.
Ама кај тебе не ми се допадна, изгледа многу нападно и многу невкусно - извини ако те навредив, ама критиката треба да ја прифатиш како таква :)
Еве и јас добивам критика дека многу фразирам додека пишувам - и не се вреѓам пробувам да се вратам, ама не ми оди... :)
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Arkantos,
ја прифаќам твојата критика,
и знаеш што?
Ценам луѓе кои знаат да го кажат своето мислење како ти во овој случај, и сосема е во ред.
Според мене, текстот горе
требаше да биде само виц,
онака изваден од задниот џеб без порака,
и слично.
Искрено, и мене не ми се допаѓа:) иако е мој
( барав тема за најглупи раскази и сакав таму да го сместам но немаше)
и затоа ОК си е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Lena сакам да ти кажам две работи.
Прво имаш многу убаво име, ник како сакаш кажи го, мене уште пред неколку години ми е замислено како име за мојата ќерка ( ако ја имам ) :sreken

Второ, никогаш да не се колебаш и да изразуваш изгубена самодоверба за она што е твое, што си сакала да го споделиш, при првата упатена критика.
Јас не мислам дека ова свое дело го доживуваш како најглуп расказ, напротив, сметам дека ти се допаѓа и си сакала да го споделиш со нас.
Не мора сите писанија да имаат своја порака, некоја суштинска еурека...
Спонтаноста, нафрлањето, обичноста и нефорсирањето ги прават всушност посебни и убави на свој начин.
Јас еве не ја сфатив поентата на ова твое искажување, ова твое дело, за на крај, кога завршив со читање да сфатам дека всушност и не ми е потребна поента, доволна ми е играта со зборови, да ја укапирам неговата и фактички твојата лежерност.
Затоа, ми се допаѓа. :)
А, би требало и тебе, т.е. да ти се допаѓа фактот дека немаш потреба од страв да го кажеш тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Немам страв да кажам дали ми се допаднало или не.
Навистина ми беше целта да го ставам во најглупи раскази, го пишував со цел да биде глуп, онака расказ кој е едноставно глуп
и тоа ми беше интересното.
Моменталната благодарност кон тоа што го имам, материјалното.
Без посебна поента,
онака од ракав извлечен. Без смисла. Баш глуп
и да,единствено ми се допаѓаше затоа што е глуп,
и воопшто не очекував позитивни или било какви коментари.
Очекував да заврши во рисајкл.
Но Lady B. реши да го остави.
Така и остана.
Сепак благодарам:)