Јавни запросувања | Црнобело Форум

Јавни запросувања

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,353
3,041
1,133
Запросувањето е толку интимна работа за која не треба театар да се прави, па сцени, па стотици сведоци,камери.
Мене не ми се допаѓа, колку и да биде спонтано направено, цел полоштад, или сала Борис Трајковски, или универзална, непознати кои прв пат ги гледам да ми бидат сведоци на нешто толку интимно и убаво....
Не сум јас за тоа, среќа што у мое време не беше модерно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,271
9,113
1,683
Немам прочитано интернетов дека во МК се случило некакво такво запросување. Идиотска работа. Што е толку интересно во тоа? Дека ако ја запроси пред толпа народ таа ќе му речи "да". То требе да се убие. Викни си ја фино лепо некаде на некое местенце и побарај си ја ко чоек.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Црвена

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
33
Карпош - Влае
Зависи има разлика од човек до човек, секој на посебен начин го прави тоа, некој сакаат јавно и весело да го направат и јас го почитувам тоа. Без разлика јас лично би ја повикал на само на некое интимно место :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,388
1,133
Yellow submarine
Е, дека ние нема да спиеме ако не ги видиме колку они тоа се сакаат и се романтични. |-(
Дека ако пред цела Македонија се излигават, ќе се поштедат од нормални, банални проблеми кои го пратат секој брак и ние ќе грицкаме нокти замислувајќи ги како живеат среќно засекогаш.
Претераа. Досадни се, а богами и крајно неинвентивни.
Тоа си е интимен чин бре, кој треба да си го паметат они двајца, а не тетарска претстава за толпата на која и онака не им е гајле и ќе заборават по два дена.
Мене да ми е натокмено се, да имам соодветни услови за да влезам во тој брак, да знам дека тој е тој, човекот што заслужува да биде татко на моите деца доволно ми е. Не ми требаат фанфари, конфети и паѓање у несвест.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Selene

Yvette

Истакнат Член
26 јануари 2014
144
276
73
Го има и тоа. На пример во Америка пред цел стадион му ја врза една и си отиде. Нејќе девојчето :D
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,271
9,113
1,683
Го има и тоа. На пример во Америка пред цел стадион му ја врза една и си отиде. Нејќе девојчето :D
Да, но мислев во Македонија. Никој нема да запроси јавно девојка. Тоа ти е еден западен тренд. Тоа за мене е интимен момент. Каква интима има ако ја запросиш пред сите?
 

Yvette

Истакнат Член
26 јануари 2014
144
276
73
Нема интима. Еден почна и вака ќе тераат. Мене да ми направи некој такво нешто одма не добива.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Y1K991

Boyle

Истакнат Член
23 ноември 2013
25
12
103
Глупости во боја за внимание.Љубовта е помеѓу двајца и тој момент помеѓу нив треба да остане!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Еве кај нас се случило јавно запросување.
Се гледа дека девојката се изненади, а плус пушти и солза.
Немам некое цврсто мислење изградено за јавно запросување ама сметам дека секој има право на избор како ќе побара некоја за жена или некој за маж.
Убаво е да има љубов, е сега некои сакаат да ја поделат со пошироката маса.
http://vistina.mk/2014/03/08/vo-skopje-se-sluchi-najubavoto-zaprosuvan-e/