За жал, имаме веќе неколку теми на слична тематика, односно каде приватноста на поединци е нарушена, но сметам дека ова е можеби и најголемиот скандал од јавен карактер, нешто што се случува на обичниот народ и секој може да биде следен таргет, па треба засебна тема, пак ќе речам, за жал...
Телеграм е една од апликациите за комуникација (како Вибер и Ватсап), но поради својата end-to-end encryption (значи никој од страна не може да ви влезе т.е. да ги чита пораките освен вие и дописникот) се користи и за матни работи од типот на договори за дилање, па еве, дури и да се прават јавни групи каде се споделуваат слики од жени, некои голи, пратени некому во доверба, други пак само симнати од Фејсбук или Инста профилот на личноста, а можеби и најтажниот дел од приказната е дека голем дел од сликите се од малолетнички.
Под сликите може да најдете секакви гадости од типот на „Се е** за 500/за една вечера/за викенд во Охрид“, итн. значи главната цел е омаловажување на личноста на сликата (а нели, што е поинтересно за наша раја од зборот „к***а“?), а ко што реков, сликите може да ги објави било кој и со било која намера.
Тука доаѓаме до уште потажниот дел, а тоа е дека нашиот оддел за сајбер-криминал е тотално немоќен и незаинтересиран да преземе нешто, посебно кога се работи за лица што не се малолетници, бидејќи ние НЕМАМЕ закон што ни ја штити приватноста на интернет, што значи не може да преземеме ништо, дури и ако знаеме со име и презиме кој објавил наша слика.
Да не должам јас, девојката на линков поубаво ја објаснува ситуацијата, што во секој случај е поразителна.
Ах, да. Собава не е нова, туку е од лани т.е. под „лани“ мислам на 2019та, брои над 7000 членови и оттогаш ништо не е преземено.
Гледам дека после притисокот сега, се дава некаква надеж дека ќе се разгледаат (леле, фала за разгледот) некои предлози да се смени законот, но разгледување не е доволно, треба итна акција и остри казни.
Да се најдам на тоа место, веројатно би изреагирала ко девојката погоре, но дете да најдам дека ми споделиле таму, посебно ако украле рандом, невина слика од ФБ/Инста профил, не знам што сум во можност да направам, но радо ќе го одлежам ако треба.
За жртвите, некои психолози ја нудат својата помош бесплатно, повеќе инфо тука.
Има и петиција предметот да стигне до ЈО, секој што сака, може да ја потпише тука.