Славењето на новата година дефинитивно се има променето со текот на годините. Можеби порано еуфоријата била поголема и задолжително се одело на луди забави, а сега гледаме да избегаме некаде надвор со друштво или да се собереме во поинтимна атмосфера. Но, тоа што штиклите можеме лесно да ги замениме со влечки доколку не болат нозете или доколку претераме со коктелите веднаш можеме да си легнеме, не значи дека не треба да се дотераме за новогодишната ноќ и да уживаме во секој миг од славењето на годината што ни доаѓа.
Па, прашањето е што да се носи за Нова Година? Дали да сошиете нешто или да купите тренди фустан? Годинава можете да поминете и доколку се одлучите за нешто елегантно, нешто опуштено или, пак, нешто светкаво.
Домашните забави секогаш се најпогодни за оние што не сакаат многу гужви и бучава, а и ви овозможуваат да се покажете како совршени домаќини. За домашна атмосфера најдобро е да облечете нешто во што се чувствувате комотни, а што ќе ја долови празничната атмосфера.
Па драги мои, што мислите вие? Подобро е дома или надвор? Имате ли решено каде ќе ја дочекате 2013 година? Што ќе носите?