Што ве изнервира денеска?

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Во последно време се нервирам затоа што веќе не се препознавам. Ваква летаргичност и депресија никогаш не била дел од моето секојдневие. Дури и за важни работи мене ми е сеедно што ќе се случи, за ситници да не зборуваме. Се променив многу во последно време, ама за жал не на подобро. До кога ќе трае ова лудило, којзнае.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не само денеска, туку од 14ти чекам потврда за форматот на едни текстови и нема, а крајниот рок ми е 28-ми.
Ми стига мејл дека уште чекаат проверка за факинг 500 збора.
Ако нешто мразам, тоа е непочит спрема нечие време и мислата дека некој тебе ќе ти е на закачалка и ќе си го батали животот за да ти ги среди тебе работите кога ти е ќеф.