Шовинизмот на балканските простори

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Океј, имаме шовинизам и имаме шовинизам т.е. мизогинија на балканскиве простори, што е нијанси пред било кој друг (ок, освен Блиски Исток, слава им). Се чини ко нашево општество да се стреми да оди назад во „златните денови“ на глорифицирање сиромаштија каде само стопанот носи леб дома, а жената служи ко машина за алишта и расплод.
Денес е актуелен господинов Сашо (наводно некаков глумец со несјајна кариера) со неговата изјава, па тоа ми е воедно и инспирацијата за темава. А што има подобро од ваков менталитет во 21-ви век на жешково, м?
E6P3yrnWUAEKZzg.jpg

Фино на оние на кои (а гледам имаше госпоџи што се сложија) целта им е да пуштаат машина и да раџаат синове дур се вари гравот, но еве некој нека ми помогне како учењето на бидување свој човек автоматски значи дека си безвредна?

Дали ликовите ко господинов актер се плашат дека некоја ќе им го преземе лебот пошто е поквалификувана и поталентирана од него?
Во друг пост имаше наведено дека жена му не работи и му беа пишале да ги заменат улогите - тој да чува деца, а таа да работи, но не му одговара т.е. вели немало кој да ѝ даде работа. :zelen

И што со постов? Кучето лае, караванот си врви, а жените јадат цезар салата наместо грав.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Некаде го имам видено ликов по телевизии ама не можам да се сетам каде.
Ух, пишувањето барем помага да се тргнат мисли од сите настани кои се десија последно време...

Не знам што запнале со децата, како ќе им се објасни на девојче од 7 години што е тоа лидер и како да биде лидер? Колку лидерски места ќе има за кога тие девојчиња ќе одраснат? Каде ќе лидерствуваат не е јасно. Дали ќе има посебни часови за лидерствување и што ќе се предава на нив?!
Што ако многу девојки не сакаат да лидеруваат нит да се лидерувани?

Дали министарката нешто посетува конфекции каде 40К+ претежно жени се третирани ко wage slaves?
Дали нешто преземаат за девојки кои се буквално заробени од шкитпари по извесни села во јавни куќи, со одмезени пасоши, со дневна норма? Не, тоа не е кул.

Наместо да учат основи на финансиска писменост, практични ствари кои ќе им требаат во секојдневен живот, овие само воведуваат нови и нови фејлови. Образовниот систем е максимално дно и зло.
Средношколци треба да учат за тоа како да препознаат ред флегс кај особа со која ќе бидат заедно пример, превенција пред се. Ама и тоа не е хип.

Јас кога бев на пат да се женам имавме договор према реалноста на нашите работни места, 11 месеци јас ќе бев stay-at-home dad а 1 месец таа stay-at-home mum, па слушав дека ќе сум постанел папучар од лица со кои на несреќа се отворив за муабет. :banghead
И онака немаше да оди 24 часа на работа него 7 така да и таа ќе даваше придонес, пример ручек во работен ден правам јас, за викенди и празници таа и крај приче.
Многу работи се ствар на договор и поштовање на истиот така да не гледам во 21.век потреба од муабети со стереотипи. Нормално, имаше работи кои поради својот физикус таа не би можела да ги направи па ќе ги направев јас, нит очекував таа да отнува заглавена цевка на лавабо кога се деси тоа во станот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не ми беше целта за министерката и лидерството, се сложувам дека е дебилно.
Моментот ми е што за господинов испаѓа дека најјакото нешто што може една жена да научи е да свари грав (а, секоја што е малку нормална ќе научи) и да пушти/запере алишта.
Впрочем, да се изразам џоа политичар - варењето грав е лидерство! Ебате лидерот што не знае грав да си свари и ќе чека од друг или ќе купува, ама синчето на мама да треба се научи само да пушти машина? Леле, тешкото...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не ми беше целта за министерката и лидерството, се сложувам дека е дебилно.
Моментот ми е што за господинов испаѓа дека најјакото нешто што може една жена да научи е да свари грав (а, секоја што е малку нормална ќе научи) и да пушти/запере алишта.
Впрочем, да се изразам џоа политичар - варењето грав е лидерство! Ебате лидерот што не знае грав да си свари и ќе чека од друг или ќе купува, ама синчето на мама да треба се научи само да пушти машина? Леле, тешкото...

Чудно ама таа мојата не знаеше да свари грав и општо гравот е некако дно од јадење, тоа запршки, лебови гнетење со него, ужас од храна.
Што беше одлично пошто двајцата мразевме грав :D

Не знам од каде ми е познат ликов, од македонски приказни ли беше, не знам дали во неговиот брак жена му е како анама па гледа во земји коа оди по улица и му мие нозе во леген или е сосема обратно па овој фрустрациите дека жена му не е анама ги намифестира по телевизии и соц.медиуми.
Има по светот сега некоја нео-конзервативна мода а во неа секакви сподоби, нешто видов видео со men go their own way со машки особи кои не планирале да имаат никакви врски или бракови со жени, исклучиво факбади или уан најт стенд или проститутки.

И тоа милиони раја по запад па и нешто на исток се идентификувале со нив, нешто како комбо од инселство и плејер/играч/коуч му доаѓало.

Да немав доживеано феноменално, искрено и прекрасно манифестирање на нејзина наклоност кон мене, она што го нарекуваме љубов ајде некако, ама пошто знам дека ненадминливо чувство е да се биде сакан од една таква жена со тие квалитети и све по ред.........не знам, ме нервираат овие нео-конзервативци, има нешто забегано кај нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сево ова што го гледате од „влијателниве“ ликови е само израз на револт поради лични интереси. Но темава не е за анализирање на тоа КОЈ е иницијатор него за проблемиве што се случуваат во моментот.
Да речам делумно ама само делумно се слагам со одредена премиса на погорниот пост. А тоа е безидејноста и хаосот што денешниве медиуми кај нас пробуваат да провлечат низ одредени квази статистики. Поедноставно е - ако сакаш да се бориш за сопствените права ќе застанеш зад ставовоите кои ги имаш веќе изградено како единка. Исто колку што ме нервира шовинизмот кој се повеќе ги навраќа нашите итака сиромашни општества на балканот, ме нервира и квази феминизмот донесен од Америка кој во денешни услови на европски вредности е демоде и крајно декадентен. Герила тактиката (удри-мавај) можеби беше популарна на крајот на 70тите и до крајот на 90тите но веќе ги покажува своите големи недостатоци. Не е само да имаш тактика да го собориш „супресорот“ (јаооо изразов) него да направиш темел за здраво идно општество кое нема да создава расна, родова или каква друга било дискриминација. Ова сега што се случува на глобален план со ултра десничарски контра ултра левичарски движења е само показател колку нашето општество се има исполаризирано. А поради тоа што ние живееме на самата граница меѓу истокот и западот сме највеќе на удар и тука и двете фракции одлично си ја с(о)работуваат работата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
On point сте и двајцата. Мислам ко да имаше и една тема за феминизам што преминува во наци-феминизам и е еднакво (пошто си треба еднаквост, нели) ужасен и кринџ ко и овие инсел-плејас (лелелеле, најдобри) што таа некоја токсична машкост толку им забранува било каква емоција, што мислам радо би силувале отколку да покажат било што помалце од тестостерон.
Баш вчера со другарка ни се стави познаник, ќор пијан секако, и ни објаснуваше колку тестостерон има во него, како би му ја зашибал главата во ѕид на детето што не му даде цигара, како ние жените (ова беше за мене, пошто не знаев што да правам освен да вртам на шега од што беше непријатно) сме си играле к*р со нив, па после жената била жртва ако ја истепал. Ај што ме поједе туџа срамота, ама и малце страв ме фати за накај дома.
Нездраво е колку млади ликови се затруени со доделување улоги и епитети, па се чудат после зошто се несфатени и сами. Мм, да, пошто сон ми е да си искажам мислење за да не посакаш да ме акнеш од ѕид.

И па ко да жена не смее да изгледа ко белосветска препичка и да вари опасен грав со далекослухни мелоси бе?
dokogavaka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider