Човекот — животно или креација на Господ?

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Човекот — животно или креација на Господ?

Овој текст е посветен на една парадоксална опсервација. Но прво, малце научен вовед.

Од когнитивната психологија е познато дека размислувањето се случува во два мисловни мода — Систем 1 (брз) и Систем 2 (бавен). Најголемиот авторитет во оваа област, Даниел Канеман, пред неколку години го објави бестселерот Thinking, Fast and Slow. Во оваа книга, на луциден и прониклив начин низ многубројни примери и експерименти, Канеман објаснува што се случува во нашите глави. За повеќе информации прочитајте овде: Two Brains Running.

Систем 1 е брз, автоматски, инстинктивен, емоционален и претежно несвесен систем за мислење. Овој систем го имаат и животни (референца: “The capabilities of System 1 include innate skills that we share with other animals.”). Се разбира, човековиот е најкомплексен. Една важна карактеристика е дека Систем 1 е кралство на таканаречените когнитивни пристрасности (анг. cognitive biases). По дефиниција, когнитивните пристрасности предизвикуваат систематски грешки во мислењето. Со други зборови, тие ве оддалечуваат од вистината. Глава може да ве заболи од тоа колку многу различни пристрасности постојано ни го попречуваат рационалното размислување и не’ оддалечуваат од вистината (референца: List of cognitive biases). Но, тоа е нашето животинско наследство и тука помоќ нема (се зезам! :) има, ама не е лесно). Инаку, има научна студија која емпириски покажува дека баш когнитивните пристрасности (суштината на Систем 1) се главната причина за верувања во натприродни појави (референца: Cognitive biases explain religious belief, paranormal belief, and belief in life’s purpose).

Од друга страна, Систем 2 е бавен, аналитичен и напорен систем за мислење. Овој систем се должи на оној мал дел од мозокот кој се развил кај луѓето како резултат на еволуцијата и не постои кај другите животни. Се разбира, сите луѓе немаат Систем 2 со ист капацитет. Природно, некои се повеќе, некои помалку интелигентни. Како и да е, најважната работа е дека Систем 2 ни ја дава способноста да мислиме објективно, непристрасно и да дојдеме до вистините за природата вклучително и потеклото на Хомо сапиенс. Систем 2 е заслужен за сите достигнувања во науката и технологијата и за целиот развој на човековата цивилизација.

Дадов долг вовед за кратка поента. На некои можеби нема да им се допадне, али шта је — ту је. :) Значи, еве ја опсервацијата:

Резонирајќи со Систем 1 (референца: овде), којшто не е својствен само за луѓето, креационистите сметаат дека луѓето не се животни и се создадени од Господ.

Резонирајќи со Систем 2, којшто е својствен само за луѓето, еволуционистите сметаат дека луѓето се животни и настанале од други животни по пат на еволуција.

Зар ова не е парадоксално и жално?
1-_pJI7O_YgCOpc2LFn1I8HQ.png
Значи, оние кои се склони да веруваат во натприродни сили, паранормални појави, псеудо наука (псеудо медицина) и други сомнителни тврдења — се склони да го запоставуваат Систем 2 во однос на тие важни прашања. Тоа не значи дека се неинтелигентни (познато е дека големи научници и брилијантни мислители биле/се религиозни). Но, кај нив одредени когнитивни пристрасности се толку доминантни што го блокираат Систем 2 во однос на религиските прашања. А, токму способноста за логичко и аналитичко мислење им овозможила на нашите предци континуирано да ја зголемуваат кумулативната разлика во однос на останатиот животински свет во последните 2–3 милиони години.

Уште нешто важно во овој контекст. Прекумерното користење на Систем 1 и запоставувањето на Систем 2 при носење на важни одлуки ги прави луѓето лесни жртви за лошите политичари. Целта на политичарите е — преку пропагандистичките медиуми и корумпираните креатори на јавно мислење — систематски да ги конфигурираат нашите предрасуди, асоцијации, рефлекси, емоции како што ним им одговара (т.е. да извршат конфигурирање на Систем 1 на што повеќе луѓе). Какви се последиците? — Трагични! Еве текстови што нудат објаснување за овие процеси:
Запомнете — луѓето се предвидливо ирационални иако мислат дека се рационални. Ако не сте убедени, погледајте го TED говорот на Dan Ariely (уште еден водечки психолог):

 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Има многу што да се напише на темава ама ќе морам друг ден пошто деновиве сум за никаде.

Интересни теми и дилеми, во секој случај добродојдени на форумот, некои дури задираат и во ситуации кои се можеби најбитни за човек како поединец и како група.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: massimaux

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Аллах го створил човекот од ребро на марсовец. Водата на Земјата ја пренел директно од Марс, доказ за тоа се и рибите Марсовки:
2295_53643266559_1397_n.jpg
 

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Аллах го створил човекот од ребро на марсовец. Водата на Земјата ја пренел директно од Марс, доказ за тоа се и рибите Марсовки:
2295_53643266559_1397_n.jpg
Не си во некоја голема заблуда, продолжи си така. Можи ќе се искачиш на врвот па ќе станиш Научник...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не си во некоја голема заблуда, продолжи си така. Можи ќе се искачиш на врвот па ќе станиш Научник...
Има уште докази. Прример сите знаеме дека Земјата првин била само вжештена топка. Сама од себе да не се изладила? Не. Туку Аллах ја донел водата од Марс и ја изладил Земјата подарувајќи и` живот.
 

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Има уште докази. Прример сите знаеме дека Земјата првин била само вжештена топка. Сама од себе да не се изладила? Не. Туку Аллах ја донел водата од Марс и ја изладил Земјата подарувајќи и` живот.
Tоа е само една твоја теорија, шознам... Не мора да значи дека е и така. :D
 

Брида

Полноправен Член
9 февруари 2016
40
31
8
Доколку човекот е создаден од Бог и први луѓе се Адам и Ева значи дека ние сме сите плод на инцест... Бидејќи Адам и Ева имале мноооогу деца и после децата шо? Меѓусебе се оплодувале за да достигниме до денешната популација на Земјата... И како можи да има бела, црна и жолта раса!?
Затоа пологично (ЗА МЕНЕ) е дека ние сме настанале од ВИД мајмуни кои еволуирале, најпрво се развил `рбетот, па нозете, рацете, мозокот и на на крај е говорот (говорот луѓето го имаат од пред 200.000 години)... А како досега ниеден мајмун не станал човек, е исто како да се запрашаме како досега ниедно Шимпанзо не станало Горила ... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak and massimaux