Чип тјунинг

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
1. Што е чиптунинг?

Кај секој автомобил опремен со систем за електронска контрола на моторот постои уред (најчесто нарекува како "компјутер"), што управува со сите процеси koj се вклучени за време на работа на моторот. Компјутерот чита податоци на голем број сензори, како што се: брзина, сигнал од Ламбда сондата количество воздух кој доаѓа во моторот , моментална состојба(позиција) на брегастата, притисок на турбо компресорот температури и други. Постојат различни имиња на овој уред: Електронски блок на управување, Motorsteuergerat, ECU, Centralina, компјутер ... итн

За компјутерот да ја извршува работата како што треба и да управува со моторот на оптимален начин тој (компјутерот) има потреба од точно oпределен алгоритам на работа или со други зборови има потреба од Логика со која да си ја врши работата. Алгоритмот на работа всушност е една програма која можеме грубо кажано да се споредува со BIOS-програмата за персоналните компјутери.

Во секое од овие уреди (ECU) се наоѓа чип на кој е запишана соодветната контролна програма. Класичниот чиптунинг претставува замена на овој чип со друг чип кој носи друга''оптимизиран / променета''програма. Редоследот на работа на ECU-то накратко е следниов:

1. Палење колата и моторот почнува да работи, првично по специјална програма, во која се стартува моторот. Моторот се командува од ECU-то во кое има чип картичка (нешто како шема по која работи моторот).

2. Различни сензори поднесуваат сигнали на ECU-то за состојбата на моторот.

3. Врз основа на поднесените сигнали, ECU-то реагира контролирајки го моторот на друг начин и со тоа се обезбедува максимално ефикасно работење на моторот.

Начинот на кој реагира ECU-то на променливите услови, се определува од софтверот снимен на чипот, кој се наоѓа во ECU-то (овој чип се менува при тунинг).

Да ја земеме на пример Ламбда сондата.

Тоа е сензор кој ја чита состојбата на издувните гасови. Во нив секогаш има мала количина неотработени гасови (дали во нив има неизгорено гориво), која количина ја чита Ламбда сондата. Ако има премногу неизгорели гасови ECU-то ги менува сигналите така што во моторот почнува да се вбризгува помала количина на гориво кое согорува по целосно (така се намалува потрошувачката и се подобрува околината на моторот) и обратно при други вредности на Ламбда коефициентот може да се додаде повеќе гориво.

Во чипот има одредени табели со кои се смета при кои вредности на ламбдасондата колку гориво да се вбризга. Ако се промени софтверот (табелите) може да се постигне поголема моќност ако се вбризгува повеќе гориво (но не премногу, затоа што доаѓа момент во кој не доаѓа воздух за целосно согорување), односно под истите сигнали на сензорите ECU-то реагира на друг оптимизиран начин.

2.Какви видови чиптунинг има?

Постојат различни начини на чиптунинг:

1. Промена на EPROM чип (Класичниот начин соодветен за повеќето автомобили прозиведени пред 2000 година).

2. ОБД-тунинг OBD-Tuning (погоден за поновите модели на автомобили, кои наместо да се менува чипот, се менува само програмата која е запишана во ECU-то со друга - оптимирана. Се заменува само програмата, а чипот си останува ист.

3. BDM - тунинг. Се користи кај повеќето компјутери на моделите од 2003 година (EDC16, ME9, SID803 итн) Во овие компјутери управувачката програма се заменува со нова но не со промена на чипот или во дијагностичкиот приклучок туку преку тканареченият BDM-Interface.Тоа е уред што прави контакт директно со картичката на компјутерот и преку овој контакт се заменува софтверот.Водечки производители на БДМ се германската EVC-elektronik како и CMD и Dimsport.

Постојат и ефтини "кинесчиња" на пазарот но со повеќето од нив се уништува компјутерот на колата а и речиси секогаш со нив се разлива калај на самиот компјутер.

Дали сте имале искуство со чипување на кола?

Каде е најефтино чипувањето?

На што кола сте чипувале до сега и колку сте ја чипувале?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
БМВ автомобили со електроника од типот EDC16 може да се чипва САМО преку БДМ методот. Станува збор за повеќето модели од 2003 година.

4. Resistortuning - најчесто е штетен за моторот. Се вика уште POWERBOX.При овој вид на тунинг се поставува аналоген преубразувач или постојана комбинација на отпор. Можни се две шеми на поврзување:

4.1. Овој уред се поставува помеѓу моторот и одредени сензори, при што ECU-то добива лажни податоци и командува со моторот на друг начин.

4.2. Уредот се поставува помеѓу компјутерот и моторот при што дадените од компјутерот сигнали и команди се трансформирани и моторот добива лажни команди, што од своја страна води до одредено, но не секогаш контролирано зголемување на снагата.


Промената на управувачката програма е многу подобара варијанта, бидејќи ја менуваш целата логика на ECU-то. Така е поефикасен моторот, бидејќи работи одредени (табели). Разликата меѓу нов софтвер и еден Powerbox е огромна и по правило речиси сите Powerboxови се дооста штетни за моторот.

3. Кај кои возила е можно чиптунинг?

Чиптунинг е можен кај сите автомобили на кои моторот се управува со електроника:



Дизел автомобили со електронска пумпа за гориво.Повечето се произведени по 1992ра година и речиси сите се со директно вбризгување на горивото. (Кај различни марки автомобили се со ралични ознаки TDI, DCI, JTD, CDI, DTI)


Бензински автомобили кои исто така располагаат со компјутер главно од 1990 година. Тоа се речиси сите инјекциски мотори и моноинжекциони. Со исклучок на некои мотори кај кои инјектирањето е целосно механичко и во кои исто така моментот на палење на искрата не со определува од компјутер.

Чиптунинг е невозможен кај сите автомобили кои моторот НЕ се управува електронски:



4.Каков ефект да очекувам кај мојата кола?

Ефектот кај атмосферски мотори (односно на дизел без турбо) е околу 7-12% над сериската моќност на возилото. Со други зборови ако автомобилот ви е со моќност од 100 књски сили а зголемувањето е 9% тоа по чипвање е 109 коњски сили.

Погрешно е да се мисли дека кај секој мотор се можни 12% зголемување.
Можностите на чиптунингot зависат од самиот мотор кој сакаме да го тунинговаме.

Ако уште од фабриката моторот излегува со многу конструктивни резерви тогаш моќноста може да се зголеми многу. Обратно важи за мотори кај кои скоро ништо не може да се направи (зашто фабрички немаат фонд на моќност кој чипот би го "отклучи") и тогаш покачувањето едвај се чувствува или воопшто не се чувствува. :

Ефектот кај мотори со принудно полнење е многу поголем во споредба со атмосферски мотор. Мотор со принудно полнење се нарекува мотор со турбо полнење или механички компресор .

Кај турбомотори ефектот е 15-35% од ОЕМ моќ на автомобилот. Колку точно е максимално дозволеното зголемување си зависи од самиот мотор.

Како пример може да се даде еден дизелски мотор на VW .... да речеме најчестиот 1,9 ТДИ 90 коњски сили. Со чип тој може да стане 120 коњски сили што е околу 33% зголемување. Кај турбо бензински мотори работите се слични дури и кај нив се можни зголемувања над 35%

5.Какви се ризиците за автомобилот ?

Ризиците се, преоптоварен спојка(ламела), скршена турбина, прегревање на моторот, скршени клипови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Секој компјутер има свој број. Кај Бош апаратите броевите започнуваат со 0261 ...или 0281

А кај Сименс со 5WP4 .... Кај DELCO броеви најчесто се состојат одбукви и итн Секој производител на компјутери си има начин на ознаки



Другото, што треба да се знае е дека самите чипови (оригиналните) имаат број.Најчесто кај Бош- на секој чип има лента со број. Тоа е Софтверскиот број или со други зборови броевите ни покажува каков фајл е ставен во чипот.

За тоа кога некој сака да прашува за чип прво треба да знае кој е бројот на неговиот компанија и кој е бројот на оригиналниот чип. Кај ТДИ моторите на ВАГ и ТДС на БМВ меѓу 92ра и 2000 нај често се 2 чипа. Ако некој ви нуди чип, без да ве праша дури каков ви е бројот на автомобилот - тоа значи дека нема поим што нуди!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks

Maks

Староседелец
Лошо чипување или лош ремап... Кои се последиците? Конкретно прашувам за мојата кола не знам дали е чипувана или ремапирана ама сумљам дека е. Се еден исти проблем ми се дешава често пати. За тоа прашувам дали некој ке го спомне тој проблем. :) Голф 4 2002 130кс